1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    можеш мед ама наутро, со чајче или така само. ама гледај да не е многу, и барем јади го ако од доручекот до ручекот имаш повеке часови.

    инаку со лесно нека ти е диетата :D
     
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641

    Да, така планирав, наутро, бидејки одам само прва смена на училиште па додека да дојдам дома за ручек да ме држи сита! :)
    Бтв фала... :*
     
  3. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255

    Бидејки одиш на училиште, јас би ти препорачала да не се ограничуваш само на тие 2 овошки за доручек. До ручек изеди уште неколку, т.е. да не дозволуваш да бидеш прегладнета, а и ти треба концентрација за часовите. нема да ти штети воопшто на диетата, напротив, ке имаш исто толкави резултати како да си јадела според пишаното. ;)
     
  4. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Дали смее да се јаде овошје меѓу оброци? Еве на пр. јас сум прва смена на училиште и после накај 2 часот ручам и накај 6-7 вечера. Е сега мене ми се пријадува после вечерата а и меѓу ручекот и вечерата исто. Дали смее нешто да се јаде и што? Инаку денес ми е втор ден од диетата и не е воопшто тешка, освен малечките кризи за благо. :)
     
  5. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    не е препорачливо да се јаде мегу оброци, посебно не помегу ручекот и вечерата...а поготово после вечера.
    од ручекот до вечерата треба да има 4 часа разлика во протеинскиот ден, а 3 часа во останатите2 дена.
    во овошниот ден мозе на секој 2 часа да јадес по некоја овошка.
    И вечерата треба да е најдоцна до 8 часот.
    Доколку ти се пријаде после вечерата, дозволено е да се напиеш чаша лимонада, ништо повеке.

    Нели држиме диета да симнеме некое килце и да се откажеме од некои нездрави навики, а со грицкањето помеѓу оброци се губи цела поента :)

    И мене ми беше тешко првите 2-3 недели без грицкање помеѓу оброци, а сега не ми фали воопшто....Сватив дека не сум била гладна туку била само навика...
     
  6. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    33
    Грицкање мммм.. :D :D
    Мене малце ми е глупаво затоа што јас во 7 саат сабајле доручкувам и после кога се враќам од училиште сум гладна (се враќам накај 1 ипол 2 зависи), тогаш еве нека ми биде ручек и после ако јадам накај 5 6 односно вечерам, после тоа ќе бидам мноогуу гладна навечер, па затоа и прашав дали може по некоја овошка или салата, но ај ќе се потрудам да издржам некако.
    И уште нешто, пица (вегетаријанска) смее да се јаде во 3 ден, јаглехидратниот, читав нешто дека смее пица ама не сфатив баш? :)
     
  7. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255

    пааа....од 7 до ручек изеди повеке овошки....па вечерај околу 7. мислам дека е баш доволна разлика од ручекот до вечерата за да не ти се јаде покасно.
    Искрено јас многу ретко вечерам зашто не ми се ни јаде околу 6-7. и бидејки немам вечерано, ако ми се пријаде подоцна, пијам вода на екс или лимонада, и ако така не иде, јадам пола краставица така, само излупена.
    пробај ако ти се пријаде со краставици....тие и така се составени само од вода ...ете грицки :D
    уффффф како ми се грицка едни смоки сега (или чипс)
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    И јас сум нафрлила некое килце вишок, не е лошо да почнам да ја држам диетава, ми се гледа неригорозна и има што да се јаде!
     
  9. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Јас планирам од утре да почнам со диетата, но 2ра смена на школо сум, така да нз како да го изведам тоа со ручекот. Некој предлог со што да ги замена јајцата и месото?
     
  10. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255

    сирење, јогурт, тофу......а што викаш за шопска... :)

    иначе прочепкај ја темава малку имаш идеи еден куп :)
     
  11. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Ме мрзи да читам 100 страни + немам време, затоа прашав.
     
  12. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Еве и јас да ви ги кажам моите впечатоци од диетава. Денеска ми е 25 ден, се придужувам до диетава 95% и да ви кажам искрено немам ослабено ни едно кило ниту пак сум изгубила некој см во обем. Страшно се нервирам :@ поради тоа затоа што очекував барем после две недели да почнам постепено да слабеам. Второ вежбам 3-4 пати во неделата на Орбитрек по 20км :sweat: и башка уште неколку вежби што ги имам извадено од нет. Почнувам да се разочарувам тотално. ;( Секоја чест на сите што прочитав дека слабееле од диетава меѓутоа кај мене нема ама баш никаков ефект. Иначе еве колку за информација имам 68кг, а висока сум 166см, очекував барем 10- 14кг да намалам, да се вратам на старата килажа од пред неколку години, ама.... :(
     
  13. xoxoxo

    xoxoxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6


    еее ама не сум избарала добро....онака површно :D ај стави линк ако можеш :)
     
  14. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255

    ни едно килце а толку мака ;( ;(

    издржи уште 2 недели барем. јас искрено нагло почнав да слабеам после првиот месец, а првиот само малку.
    а што јадеш уствари??? пиши ни, можеби правиш некоја грешка. пиеш ли мин. 1.5 вода???
    ајде и така си стигнала до 25 дена, па ако има грешка некоја да ја поправиме...
    најважно...не размислувај дека не слабееш, само позитивно гледај на цела ситуација.
     
  15. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Не се откажувам од инает, па што сака нека биде :!: Инаку за доручек јадам една банана, кафе без шекер и млеко и 0,5л вода. За ручек зависно од денот што треба да јадам тоа јадам со многу салата и тоа од зелка затоа што најмногу ја сакам. Во денот ми се фаќа да испијам 2л вода не вклучувајќи ја водата што ја внесувам со кафето или храната, а кога вежбам пијам повеќе.
    Тоа е тоа, овошје јадам колку што можам да си дозволам зашто се е многу скапо и едвај чекам да дојдат праските и кајсиите и дињите :D .Ке видиме што ке се случува за 2-3 недели или џабе се мачам.
    Ај ќе видиме ќе ве известувам :)
     
  16. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    хммм....а да пробаш да ги смениш бананите од доручек, замени ги со јаготки...купи си пола кило и таман за 3 дена доручек, а бананите остави ги за овошен ден.
    уфф појма немам зашто не идеш надоле ;( иако тежината не е мерило зашто вежбаш..сега набиваш мускулчиња а тие повеке тежат од салцето.
    претпоставувам дека не ја јадеш онаа кришка леб за ручек
    ајде ке биде
    а да не ти е вагата расипана хахахах
     
  17. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Јас вежбам добри 3 години, мускулчиња одамна се направија само што не се познаваат од сацето :D без некој посебен режим на исхрана можам да кажам нормално дека се исхранувам. Не сум некој посебен фан на благото посебно на чоколадо, верувај ми можам без него дури и во ЈХ ден заборавам да каснам еден ред црно чоколадо :D, можам и без леб зашто летно време избегнувам да јадам леб, еве освен во ЈХ ден си каснувам некоја кифлица или пица вегетеријанска или тестенини во кои со сласт уживам :D , признавам без јогурт неможам да живеам, го пијам секој ден зашто многу ми бара организмот, а пак млеко воопшто несакам :D . Оваа килажа сега што ја имам е со години, не е од сега скоро, не се дебелеам стално сум на оваа килажа (+/- 1 до 2 кила) меѓутоа воопшто не ни слабеам. Воопшто не ми е тешка диетава, напротив режимов на исхрана ваков ми се допаѓа...само уште да имаше фајде од него :D
    А иначе вагата не ми е репер за килажата, а можда и не ја бива :D , јас гледам по гардеробата, само таа со сигурност ми покажува дали се топи нешто или не :D
     
  18. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    офффф како да се слушам сама себе...благо не, месо не, без јогурт исто, неможам да живеам, ама некако се привикнувам со диетава...(иако скоро секоја вечер пијам еспресо со мааааалку млекце)....до сега единствен порок (во врска со храна :D )ми беа смоките...со денови можев да не јадам ништо, ама смокиии хммм...можам со тони да ги изедам
    до сега не јадев овошје воопшто а салати ретко...се набрзинка...колку да не сум гладна, а за манџички да не зборам....со години немав јадено. ете мене диетава ми помогна, почнав нормално да се хранам.
    незнам каков ти бил претходниот начин на исхрана....ама ако не е од храната, оди на лекар, направи еден тест на тироидата и хормоните.....еден систематски.
    а ако и до тоа не е... :^) тогаш пробај само со воздух да се храниш може тоа е лекот :D (се шалам)
     
  19. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Па тоа со хормоните ми е многу сумљива работа. Сите хормони ги испитав пред 2 месеци. Пиев 6 месеци контрацептиви, направив пауза од 3 месеци и сега повторно ги пијам, ми останаа уште 4 месеци и веќе не треба да пијам. Во текот на тие 6 месеци стагнирав со тежината, не се поправив воопшто. Тироксинот и инсулинот ми се одлични, ме мачеа андрогените хормони малце повеќе, ама почнаа да се средуваат.Ни сега не сум поправена, само што неможам со години да се мрднам од оваа тежина. Ајде ќе видиме, мислам дека организмов ми е заспан, му треба време да се разбуди и да почне да троши
     
  20. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    zdravo devojki,

    prv pat na forumov :) tret pat ja drzam dietava (tret pat seriozno )...imam 24 godini i mislam deka ne postoi dieta koja ne sum ja probala... dieti drzam od 14 godini ... i cel zivot sum buckasta :) visoka sum 178cm i najveke sum imala 96kg (pred 4 godini)... togas ja pocnav dietava po prv pat, za posle 2godini (so pauzi i seriozni prekrsuvanja na dietata) da imam 68kg! :) posle edna godina ( hedonisticko hranenje :) ) vrativ 5kg i povtorno probav so dietava...togas nemav uspeh kako prviot pat (pomala disciplina, a i kratok period)...denes imam 78kg :worried: i sum cvrsto resena da se vratam na tie 68! (poradi garderobata, ako ne za drugo)

    malku ubrzana verzija na ovaa dieta zapocnav (1 den, pa 2den, pa ovosen, 1den, pa 3den, pa ovosen...), bidejki kasno se setiv deka doaga letovo...denes mi e 6ti den- ovosen i se cuvstvuvam superski!
    posle 19h ne veceram, jadam i przenko :) i ne pijam dovolno voda( ne znam zosto, ama ne mozam!)

    bidejki se smetam za master vo vrska so dietava, povelete, prasajte bilo sto...
    no sekako poddrska mi e dobredojdena :)

    so sreka na site :) dietava e cudo! krvnata slika posle dietava mi bese cista 10ka :)