здраво девојки, денес ми е 9ти ден...одлично се осеќам и диетата ја издржувам доста добро ..за денес на менито имам ...2 портокали за доручек, 3 јајца со салата краставичка, и јогурт за ручек , а за вечера само салата...сега за сега добро ми иде но јас сум на почеток, има време за резултатите ...поздрав
бони ти честитам за успехот и да знаеш дека ми беше мотивација да се занимавам со диетиве , едноставно ми ја врати вребата дека можам да ослабнам ке ми недостасуваш и секако мојот ден денес 2/90 скробен изедов 1 портокал за доручек, за ручек ќе јадам варн грав(без запршки) и вечера ќе видиме
девојки ви се има случено во текот на диетата да ви се лоши? мене од вчера ми се лоши незнам што ми е дали е од диетата или нешто друго
46/90 -Протеински! (1 од турбо Ун) за појадок - 1 јаболка ручек - шопска со сиренце и 1 парче кашкавал вечера - таратур.
Каде сте ми диеталки гледам си терате работа, полека полека се топите браво! Јас после априлилили ништо веќе не внимавав.....имав мнооогу работа со децава, и психички и физички замор и еве конечно од утре се ставам во колосек и почнувам со протеински - значи скоро до јули планирам да се држам на режимов, а по мои рачуници треба да сум некој триесетти ден, па се одлучив да не бројам денови (пошто водени и турбо не држам) туку да одам регулар 1234. Од декември до сега вк. 15тина кг и пресреќна сум. Ама имам и мисија да симнам уште 7-8 до јули Мама1 внимавај на млекото, и не се разочарувај, реално по еден кг неделно е супер. Дури мислам дека тоа е најдобро зашто така организмот полека се навикнува и топи баш масти. И мене на почетокот полека ми одеше, ама па еве сега последнава недела, што не ставив во уста и за чудо кг. си стојат, а искрено страв ме фаќаше да се качам на вага. значи јо јо ефектот е намален. Јас сум за тоа да ако треба и подолго да држам режим само да знам дека нема опасност од еден ден јадење да ми се враќа по кило назад. и еве да дадаам отчет: протеински п овошје (2 јаболки) а може и киви по некој саат р пилешки прсти со шопска (без сирење) и супа од зарзавати (морков, брокула, пашканат, и зачини) в најверојатно јогурт или павлака поздрав диеталки!
Денеска протеински, 2 јаболка за поручек, за ручек топено сирење, за вечера 1 јајце и таратур. + 2 кафиња турски без шеќер уште 21 ден до крајот имам
Драги диеталки!!! Да ви се пофалам денес се мерев, поминаа 24 дена од диетата и сум со - 4 кг!! Не се разочарувајте ако подолго време не ослабете, после некое време ке намалите повеке кг. Можеби толку се зошто вчера ми беше овошен ден, но сепак си се радувам Поздрав до сите и не се откажувајте :up:
Вчера ја прекршив диетата изедов едно мало чоколадно бонбонче ми беше малку лошо паралелно постам ама денес се мерам -4 кг. сум за 10 дена.Задоволна сум.Со нови сили во нови победи. Денес за ручек јуфки со салата,за вечера посни колачи со мармалад.Диетава е супер требаше порано да ја почнам да не се исмачувам со нутриционисти и разни други диети.По совет на маж ми ја држам,ми вика да ја држеше порано до сега барби ќе беше.Никогаш не е доцна лето иде.Поздрав до сите феминки.
3 ден, Јаглехидрати доручек: 3 помали јаболки Ручек: Штрудла со џем од сливи Вечера: размислувам сеуште и ред црно чоколадо Пиев едно кафе без шеќер тие јаболките ги јадев у 9 саат, почнав да осеќам глад, да видиме што ќе биде до вечер. добро иде сега -засега, со ваги не се замарам уште од почеток и уште да ве прашам, дали некој си ги делел оброците ? да речеме ручекот на двапати (пр. во 13 часот и во 15 часот)
мислам дека нема врска ако ручекот на 2 пати го поделиш,баш и може поубаво да е бидејќи ќе јадеш 2 пати од истото по малце,а така и всушност се забрзува метаболизмот и најправилно се слабее.
Да не пишувам и во темата за морална поддршка ќе пишам се овде. Од денес почнав со УН диетата, ќе ја користам Анабел-а за инспирација . Имам доста за симнување а конечна одлука падна кога вчера видов дека фармерките кои ги купив кога пододлабев после породувањето пак почнуваат да ме стегаат. Нема веќе лабаво, 90 дена се во прашање не 90 години. Ќе гледам да не правам пропусти и да пишувам што почесто што сум јадела и ако некоја мисли дека грешам или многу количински јадам ќе ја замлам да ме искара. 1ден-протеински Доручек банана и киви а подоцна уште една банана. Ручек марула, краставица и роквица со 2 варени јајца. Вечера се мислам дали е ок да јадам малку варено пилешко или не е со оглед дека на ручек јадев јајца а не месо? Заборавив да пишам дека пред доручекот пијам ѓумбир со лимон веќе 2-3 недели.
Здраво диеталки, јас диетава ја држам 20 дена, денес ми е протеински, уште немам ручано ама кај и да е ќе биде Ве читам од време на време и морам да напишам дека пилешки прсти и не се баш најдобар избор за протеискиот ден, претпоставувам дека се похувани, да знам дека се похуваат во јајце и презло и тие се дозволени во овој ден ама сметам дека е подобро да не се похуваат или барем да не се прави ова секој протеински ден (секако пишувам како совет за сите да имаме подобри резултати) ИИИИ уште нешто ТОПЕНО СИРЕЊЕ има милион калории, според мене никако, што е многу многу е, знам дека е превкусно ама многу е калорично! инаку до сега немам многу ослабено иако си внимавам и на ситници. се надевам дека вагата ми е точна и ако е тогаш сум -3 кила за ова време. реално не сум дебела, имав 65 кила а висока сум 175 само сакав 5 кила да ослабам зошто така поубаво се осеќам и мислам баш тие што помалку треба да ослабат како мене на пример побавно им оди извинете на рефератов
Јас топено сирење имам каснато 2 пати мислам откако ја почнав диетата, знам дека е мноогу калорично, ама тоа е денес скроб, јаболчина сабајле, за ручек салата компир, после малку цвекло и морков салата, кафе и сега да вечерам пак компир само помала количина. а 2 банани + кива за појадок мислам дека не е дозволено барем да биди 1 банана само
Неколку дена ја држам диетата и за појадок јадам по една банана. Сега прочитав на првата страна каде што е објаснета диетата дека за појадок треба 2 парчиња од исто овошје. Две банани се многу, но и ако јадам друго овошје дали ќе биде грешка да изедам пр. едно јаболко и еден портокал. Исто така секој ден пијам по едно кафе - нескафе со соино млеко без шеќер. Дали ова е голема грешка?
devojki jas si kupiv natren, zasladuvas za kafe , caj itn...dali e vo red toa da go stavam vo kafe bidejki kafeto nemozam bez seker da go pijam ...i site li se pridrzuvate bukvalno do toa sto pisuva..?
Имам слушано дека не е баш најздрав за користење.Ако ти е до толку проблем кафе или чај без шеќер,пиј со кафеав шеќер,колку толку поздрав е од белиот
Девојки една мала консултација не можам да најдам каде спаѓа пченката(онаа од конзерва),дали во скроб или во јаглехидрат.Денес ми беше скробен ден и баш мислев да јадам цел ден пченка ама не бев сигурна каков вид на храна е,па си здрвив 2 мали конзерви грашок Знае некој?