55/90 (10од Турбо Ун) - Протеински! појадок 2 јаболка ручек - шопска со многу сиренце и јогурт вечера - исто млечни протеини Најдобро е да не јадеш леб, побрзо ќе слабееш, ама ако јадеш црн. Во протеински ден, зошто има млеко. Во овошен ден не јади пржена храна.
Mоже да ми ја прати некој Турбо ун диетата.. Планирам да ја почнам .. и може ли кафе од автоматите или несскафе место овошје наутро?
Кога падот на киограми ке стагнира, околу втори или трети месец од обичната ун Јас сум исклучок овде што ја држам по една недела оична ун
Здраво на сите ! Денес е последиот 90ти ден од мојата диета со 15 килограми помалку , не беше ни најмалку тешко да се биде на оваа диета. Сега ме интересира како понатаму, да продолжам за секој ден едновидна храна или ? Бидејки мора да се направи пауза од 90 дена пред да се започни со диетата пак, а до тогаш на кој начин да продолжам со јадење ?
Браво за остигнатиот успех, јас имам уште 10тина дена Колку што знам, задолжително е овошјето за појадок барем уште 90 дена, ако си во можност, а останатите оброци како сакаш си ги комбинираш. позз
Moze li da se smenat denovite na pr denes sum ovosen ama namesto toa da sum na proteinski bidekli majkami pravi gomlezec i jas nemozam da mu odoleam i dali moze namesto meso i supa da se jade dve parcinja gomleze....znsm deka vi e glupavo ama navistina sum vo tesno:'(
на еден српски портал има ехсел филе во кој ако си ставиш дата тоа само прави распоред кој ден за што следи да е .. Спојлер http://www.dijeta.net/phpBB/viewtopic.php?t=335 Линк од каде може да и го симнете филот и да си играте после на тема принтање за сите да знаат кој ден на Што Сте hope y'll like it
Браво!!! Честитам! За понатаму можеш да прочиташ во темата УН диета - одржување, или да продолжиш со режимот на Ирена (со тоа што за појадок наредните 90 дена ќе јадеш само овошје). Да ти бидам искрена, јас и не знам што точно содржи ѓомлезето? Какво точно е тоа јадење? Ме асоцира на нешто со тесто . Сепак подобро е да си тераш овошен, а ако е тоа јадење соодветно за протеински ден - може да ти зачуваат дел за утре. И кажи и‘ на мајка ти, друг пат да не ти прави вакви проблеми . Е сега да си кажам за себе. По поминати 4 циклуси (16 дена) јас сум -3 кг . Јас сум задоволна.
Вчера започнав со оваа диета Се надевам дека ке биде се во ред. Сакам да ја држам се додека не ослабам 3-5 кила. Вчера протеински ден. Еден стек и шопска салата Денес копмири варени и многу зелен чај Сакав да ве прашам за кафе. Може ли да се пие капучино, ама со вода, без шеќер? И овошје може да се јаде во текот на целиот ден, или само на сабајле?
дозволено ли е да јадам 2 јајца наместо 3 јајца или да не јадам леб со тоа,оти осеќам дека ми е многу и дека се прејадувам дури ... ?? Инаку 7ми ден ми е и немам изгубено ни еден килограм ама се надевам со текот на времето ќе ослабнам наеднаш
секако е дозволено, значи диетава ја држат и луѓе од 100 кила и девојки од 50 кои секако имаат разлини потреби за јадење, мислам дека тоа е максимумот на јајце не минимумот -мое толкување, сепак нека кажат поискусните
Здраво! 56/90 -Јх! појадок- 2 киви ручек - пица вечера - црно чоколадо и сникерс. Не се обесхрабрувај, наеднаш ќе изгубиш неколку килограми. 3 јајца се максимум, а леб не е морално дури и подобро е без леб.
ЈХ 82 ден 2 јаболки за поручек, сега си спремам кори а вечер на слатко едвај чекам хаха во протеински, јас јадам 2 јајца + зденка + јогурт + двопек и пак слабеам
Девојки дали е во ред во јх ден да се јадат оние лепчињата што се како за гиро само со растителен кашкавал?
Знам дека досадувам ама јас да си прашам дали да ја продолжувам диетата или да си ја почнам одново .... Вчера ми беше 6ти ден - скробен и за појадок нормално 1 јаболко изедов за ручек 3 варени компири ама за вечера изедов компири и ориз оти кога си дојдов од школо мајка ми тоа го направила и немаше уште компири за варење па изедов пола чинија ориз ( бел ) и компири. Покасното вечерта пиев капучино со пола лажичка шеќер .... Денес ми е јаглегидратен појадок изедов јаболко потоа сварив кори и кога си дојдов од школо изедов 3 рибанки еурокрем ...... Не се држев баш добро овие 2 дена и затоа мислам од почеток да ја почнам.... Вие што мислите ?