Немој ,ако сакаш да продолжиш да го доиш детето.Диетава е супер и јас после завршувањето планирам да продолжам со сличен режим на исхрана , ама дури доиш ,немој оти преовладува зеленчук,а за млеко ти треба да внесуваш млечни производи и благо.Стрпи се уште некој месец па после цел живот пред тебе за слабеење Најверојатно си слабичка и организмот побавно реагира.Која ти е тежината/висината?
Тоа е затоа што не ги внесуваш сите хранливи материи во еден оброк и ослонување на зборот диета без активност е апсурдност. Плус сигурно гладуваш и нивото на кортизол ти е високо и телото прави се за да се врати во нормала. Голем калориски дефицит и не адекватна исхрана како што е УН диетата е одговор на тоа. Внесувај во секој оброк протеини и биди активна оди вежбај и ќе се вратиш на прогресот.
Здраво на сите еве и јас да пишам дека почнав со диетава денес ми е втор ден се надевам ќе има резултати и ќе се мотивираме сите заедно... мене ми требаат едно 8 кила да ослабам .. па да се надевам дека ќе успеам Поздраво до сите
Ако за ручек не сте јаделе млечни производи може ли на вечера да се преполови количината на месото и да се јаде и сирење ?
4/90 Oвошен Млака вода,лимон и ѓумбир Д. 2 киви и пола банана Р. Печено јаболко со цимет и малку(буквално две половинки) исецкани ореви В. Имам уште едно печено јаболко Во меѓувреме 2 чаши зелен чај и многу вода.
сирење и месо не одат заедно, сирењето само со јајца можеш да го комбинираш, односно кога ќе јадеш јајца, можеш да јадеш и сирење, а да ја намалиш количината на јајцата, а месо и сирење заедно никако
5/90 Протеински Млака вода, лимон и ѓумбир Д. Два портокали Р. Две јајца, салата и малку сирење В. 1 јајце и шопска (мала) Е сега мене ми е нешто збунка со диетава. Јас колку што ја разбирам финтата и е поделба на деновите по врста на јадење. Протеински-протеини, Скробен-скроб и сл. Маката ми е зошто во протеински ден има леб? Или јаглехидратен торта, па во тортата нема што нема...млеко, јајца..Може ја тупам малце а?
Zenski.. denes 4 den mi e od dietata ovosen se nadevam ke izdrzam samo so ovosje....i sakam da be prasam koga pocnuvaat da se zabelezuvaat promeni pozz do site