ме интересира колку намали за овај период ... а за водниот ден доколку не можеш да издржиш касни си едно две јаболка
91 ден, последен овошен, ама пошто последен малку се опуштив 2 јаболки, 2 банани, и каснав смоки и 2-3 колачиња утре воден последен, ама и него нз дали ќе го издржам, мн. бавно ми поминуваат овие 3-4 дена, дека последни
УН Диета - Ефекти здр. девојки ја отворив темата бидејки по велигденските празници сакам да започнам со УН диетата...па ако некој ја држел нека каже дали има ефекти, колку кила се слабее за 90 дена ?
УН Диета - Ефекти Па се слабее од 18-25 килограми зависи од организммот и килограмите што ги имаш за симнување.Јас ја немам издржено до крај но има навистина добри ефекти и за неколку недели
УН Диета - Ефекти Jас лани ја држев и ослабев 13 кг и сега пак ја држам и после 6 недели имам ослабено 6 кг, Кај мене некако делува 1 кг неделно
11 кила ама денеска ја прекинав не ми одговара сега никако со празнициве па ќе продолжам да јадам тоа дома што е гптвено без леб и многу салати од девет до седумнаесет часот.
Здраво девојчици ајде и јас да ја споделам мојата успешна приказна од нашава УН диетка Почнав на 1ви април со точно 85 кила .Диетава ја почнав како што е напишана само воопшто не се придржував до тоа да имам само 2 оброка дневно.Се случуваше да јадам и по 3 пати во денот од предвиденото јадење меѓутоа секогаш беше истото.За овошниот ден гледам имаше една девојка пишано дека треба до 8 парчиња суво овошје и до 25гр. бадеми или сл. ,а јас брате по 100гр.си ги здрвував кога ми беше овошниот ден .Си подвежбнував малку и на Орбитрек ама не секој ден и не по многу,по 20 мин максимум.Денеска сабајле се измерив и моментално имам 76кг. Не е само бројката,се гледам и по мене.Полесна сум си,фустанчиња што можев да сонувам да ги носам пред месец ипол сега ми се супер,не се стегам кога ќе излезам надвор да не ми пркнало салцето од негде многу сум задоволна.Од утре малце ќе ја прекршам бидејќи сум 4 дена на гости кај дечкото ама ќе јадам од се по малку,па од 6ти,здравје,по старо.Не се откажувајте,бидете трпеливи зошто јас првите 2недели ипол ништо не можев да забележам и се мислев да ја прекинам ама ете,се си испадна како што и сакав. Ве поздравувам феминки и напред со УН диетава
Резултатите од Ун диетата беа најголеми. Со асални обиди за слабеење почнав од ноември 2012. Започнав со медицинска диета, па со компир, за на крајот од февруари да започнам со Ун. Ниту една од диетите не ги почитував престрого, а првите две не ги држев до крајот. Плус еден месец одев на зумба-аеробик (декември) и уште еден месец одев на фитнес. Сега да ослабнам уште пет кила, да го подигнам г'зето и да ги зацврстам цицињатa. Немам зацртано време ама сакам да е што е можно побргу.
Здраво јас диетава ја запоцнав пред неколку месеци и до ден денес имам симнато 13 кг. Прилично сум задоволна но ке ја држам до 1 јули за да симнам уште 5 кг. за да дојдам на 70 а почнав од 88.И баш така убо ми се погоди со празнициве утре 1 Мај а мене протеински ден шо значит ке си јадам 2 стека а за пиење ке пијам вода
Успешно симнати 13 кг. за 93 дена без ограничување на оброците и со мали прекршоци поздрав и успех за новите диеталки, сега продолжувам со поздрав начин на исхрана и ќе се трудам да не ги мешам оброците за поручек секако овошје
Браво за тебе,11кг за 28 дена , но кога читам вакви коментари се разочарувам колку мали ефекти има кај мене Денес ми е 24 ден и ослабена сум само 2кг..... се придржувам строго на диетата, но резултатите се слаби, почнав со 70кг, а сега сум 68... На почеток си ветив дека без разлика на резултатите ќе ја држам диетата, но ако не почнат забрзано да се намалуваат килограмиве, ќе прекинам......
мислам дека ми треба помош и совет пред неколку дена ми беше овошниот ден,ама тој ден бев преоптеретена физички,и неможев да издржам толкав напор само со овошје па каснав леб и кашкавал..... во моментот не се осеќав прејадена,ама одтогаш следниве денови ме боли желудникот......... диетава ја држам месец дена,не премногу строго ама добро ми оди... се плашам да не го оштетив желудникот???? ме боли обично когасум во движење,а кога мирувам ок е.... имала некоја од вас вакво искуство во диетава или пак можеби е нешто сосем трето во прашање?
Се е во психата маца ,премногу се сожалуваме кога сме гладни ,ич не му се секирај диетава е потполно ок не е до неа . Поздрав и срекно.
УН- диеталки Што правиме денес за 1 мај Мене за среќа ми е протеински, ама знам дека денес ќе изедам повеќе од вообичаено + ко ќе се измеша стекче, ќебапче леле мајко тоа се викат тандем снова туку што ме советувате вие дали само стек да јадам или да си се частам со 2-3 ќебапчина. А алкохол секако нема да пијам, јас ќе возам па мора да има и трезни
Девојки како поминавте денес? Јас искрено се измешав јадев и месо и леб и благо па дури и сок густи пиев ама и многу пешачев а денес ми беше овошен ама утре ке го дрЖам пак
Јас супер поминав доручек- 2 малечки јаболчина ручек -увијач и 3 ќебапчина, салата и малце лепче вечера- 4 ќебапчина и салата На благото одолеав, не каснав ништо И цел ден пиев кисела вода денес доручек- 2 малечки јаболчина ручек- бел ориз, кришка леб и марула вечера- 1/2 од ручекот со повеќе салата
Девојки каде стигнавте со диетата, колку кг симнавте? ме интересира, оние поискусните да кажат како се го поминале водениот ден, бидејќи и јас се ближам до него па ме фаќа малку страв, чекам одговор, поздрав!
Јас ја држам диетата 5 недели со што 3 недели без прекршоци а две недели со многу прекршоци последнава недела постам без зејтин имам симнато 5-6 кила.Здравје нека поминат празниците сакам да ја почнам да ја држам по дисциплинарано,диетата е многу добра.Среќни празници!Христос Воскресе!
Мене ми помина првиот од водените денови но не го држев Директно преминав на протеински. И кога е овошен ден јадам и салата дека некогаш се чувствувам многу гладна, но ефект има! За 40тина дена -7кг. Иако многу не се придржувам до диетата.