иако не ми е првпат сепак почеток како почеток нормално малку ми е тежок, мислам дека секој момент ќе го отворам фрижидерот иако туку што јадев досега: 1/90 од турбо ун- протеински доручек ништо- заборавив да понесам на школо ручек 1 јајце, 1 краставица и 2 домати вечера ќе видиме планирам да ми биде исто што и ручекот но без јајце
И пак ништоо-ПРЕКРШИВ јадев погодете што: СОНЧОГЛЕД да јадев нешто да не ми е криво јас паднав на сончоглед
Денес ми беше 3 ден и вчера многу ми се јадеше па јадев семки не можев да издржам се тресев а дека беше по касно не можев да јадам зеленчук ... и дене јх ден си каснав малку повеќе благо но како што знам не е битно колку ќе изедеш битно е да не се меша храната така да не се откажувај првите денови ќе се тешки но после 1 до 2 недели ќе се навикнеш инаку ако уште прв ден грешиме па се откажуваме ништо од диетава...
Подобро ќе било да си земала зеленчук, на пр. краставица ќе те засити повеќе од семки , и вода пиј многу помага. Јас стигнав до 77 ден - Скробен! појадок - 2 киви ручек - ориз и салата вечера - половина доза од ручекот.
Конечно денеска почнав 1/90 Протеински ден Доручек пола: шака ореви Ручек: стек на скара, краставица, малку сиренце, една кришка црн леб Вечера: стек со шопска Искрено да ви кажам некои ме предомислија со Аткинсовата диета дека побрзо се слабее...?! Што мислите вие????
Веќе 3 ден на диетава До сеа сум прауд на себе морам да признаам Да не гњавам секој ден, чат пат ќе ве информирам како иде Е сеа пошо стигнав до овошниот, па ме интересира дали тоа мора да е исклучиво овошје или може и зеленчук?? И друго шо ме интересира е... дали може корнфлекс да се вметне во некој од деновите? иии... пуканки?? Се извињавам и среќно на сите шо ја држат
24/90- овошен доручек: 3 јаболки ручек: 1 портокал, 1 грст суви банани, 1 грст суво грозје вечера: најверојатно ќе биде 1 банана и 1 јаболка.. инаку да, има резултати од диетата, незнам колку сум ослабната бидејќи немам вага моментално, после првиот месец па планирам да се мерам, да го видам постигнатиот труд
Само кај мене ли нема резултати? Денес ми е 44 ден а јас сум само 3 килограми ослабната почнав да се разочарувам инаку висока сум 1.68 а почнав со 59 кг а сакам да стигнам до 50и конечно да се изгуби стомачево и задников
И мене ми е 41ви ден и сум ослабена само 4кг а се водам точно по диетата тоа зависи од метаболизмот кај некој е побрзо слабеењето кај некој поспоро..
Јас минатата година ја пробав и супер беше. За помалку од месец дена симнав 8кг. Ама се откажав поради некои проблеми. И што е најбитно не ги вратив скроз. Вратив 4кг ама поради не пазење на исхраната. Сепак пак ја почнав. Па се надевам на подобри резултати, и поцврст карактер.
Здраво!Ќе може ли да ми дадете една ефикасна диета сто ќе мозам да ослабам 5-6 кила за 1 месец!Ви благодарам однапред!!!!!
комбинирај здрава исхрана со физички вежби.....ништо едното без другото....а диети имаш еден куп на форумот, изборот е твој...еве УН е одлична...позз