36/90 јаглерохидратен доручек:2 јаболки ручек:макарони со кечап (само што јадев, превкусно беше ) вечера: планирам 2 палачинки да јадам и 1 ред чоголадо за готвење (мислам дека нема да направам грешка со палачинките..)
90 -јх ден! појадок - 2 јаболка ручек - макарони вечера - 4 колачиња Уште 2 дена и завршувам! Јесс. Денес си дозволив малку повеќе благичко ама се тешам собирам сила за водениот ден. Страв ме фаќа што ќе биде кога ќе завршам, ама одлучив продолжувам со овошје за појадок и не мешање на протеин со скроб и јх. И за вечера салата. Поздрав
Ја почнувам и јас пак диетата , достигнав некој максимум, а летото дојде Почнувам со 62 кг. инаку денес ми е четвртти ден, овошен малку тешко ми е ама што се мора мора се.Првиот циклус јадев од се по малку повеќе да не се откажам, па од сега планирам да намалувам и построго да се придржувам.Позз 1 ден протеински за доручек кафе ручек варен стек околу 50 гр и парче сирење вечера 50 гр бадеми 2 ден скробен доручек кафе ручек боранија со 2 парчиња двопек вечера боранија 3 ден јх ден доручек кроасана и кафе ручек кроасана вечера 1 од малите милка чоколада и еден чокобисквит 4 ден овошен 2 банани,1 јаболка и планирам уште 3-4 до после и некоја салата од краставици
Печурките нели е подобро во протеински ден да се јадат отколку во скробен? Имаат многу протеини колку што знам јас.Што препорачувате?
срам да ми е денес сум скробен за појадок изедов две јаболка за ручек ориз со зеленчук за вечера компир варен со зеленчук е добро ке беше ако потоа не изедев кашкавал додека правев пица некако ми се смееше а јас не му одолеав и цел ден ојде во корпа
11/90 појадок цреши ручек резанци со кечап и маслинки вечера 1 ред чоколадо за готвење и планирам подинг
Четврити ден ми е денеска. Овошен. Тешкичок ми е малце особено кога ке поминам покрај масичката у дневна.. штрудлички ми се смејат ама издржувам. Ја држев диетава до сега еднаш. Издржив околу 2 недели. Не ја држев баш правилно. Мене најтежок ми е јаглехидратен ден со тоа благото. Луѓе некако тешко ми е да се исконтролирам. Последниве 2-3 години излегов од контрола со јадење и многу ми е проширен желудникот па некако баш мали количини не ме најадуваат. Незнам како да не претерувам во јаглехидратниот ден. Вчера на пример изедов еден кроасан ама па и чоколадо малку... добро де малку повеќе од малку . Сите други денови не ми се проблем. Инаку како што гледам сите некако мерите колку сте изеле. Јас на пример некни имав месо и не мерам. Колку му се јаде јадам. Едно парче, две, три... Лошо е тоа? Исто и кога јадам тестенини. Си јадам колку што ми се јаде, не мерам 200 грама и слично... Сакам да ве прашам. Во овошниот ден смее ли банана?
Вчера ми беше овошен ден, па помина без некои големи прекршоци ( освен една мала коцка чоколадо ) Денес требаше да ми биде протеински, ама ко за беља мајка ми направила пита со спанаќ на која не можев да и одолеам, па си го претворив денот во јаглехидратен. Утре планирам да ми биде протеинскиот, не можам овошен пак дека полагам во понеделник па ми треба енергија. Дали направив голема грешка? Инаку ми се приметува бааги дека сум ослабната иако не се придржувам ептен строго на режимот. - 8 кг за некои 40тина дена, ама веќе не ги ни бројам деновите, кога ќе бидам задоволна ќе прекинам Имам уште 2-3 кг за симнување. Со среќа на сите УН диеталки
5 ден протеински доручек шака јагоди плус индиско оревче ептен малку стрв да ми мине ручек пилешко стекче со малку краставици салата вечера пилешко стекче пак со краставици салата
39/90 скробен доручек: 7-8 јагодки ручек: полнети пиперки со ориз (без месо се разбира) + салата вечера: исто како ручекот само половина Во последно време се осеќам како да не слабеам воопшто ослабнав 6 кг и таму застанав.. Но.. не се откажувам ќе ја продолжам и ќе чекам подобри резултати..
Хмм, јас мислам дека за 1 месец највеќе може да се ослабне 6-7 кг, повеќе не верувам, но пробај па ќе видеш, се зависи од тоа каков ти е организамот
Гледај, јас не реков дека не е возможно но, и јас секојден имам тренинг саат ипол, + 30 стомачни па ослабев 6-7 кг за 40 дена.. штознам, кај секој различно, пробај па ќе видиш.. со среќа!