Девојќи мене ме интересира нешто па сакам да прашам Мене утре ми е 46ти ден, па сега незнам кога да ја почнам турбо-ун, а имам слушнато дека се почнува 12 дена пред 2риот воден.. Па би сакала малку да ме информирате околу тоа и да ми кажете дали е задолжителна турбо ун или не?
Здраво, сакам да прашам дали за време на овошниот ден има ограничување на бројот на банани? Исто така, утре ми е протеински ден, колку месо смее количински да се изеде? Имам проблем со количините, затоа не слабеам изгледа.
19/91 појадок 2 портокала ручек погача домашна празна вечера 1 ред црно чоколадо и најверојатно сладолет или витанова
Jas za vreme na ovosnite denovi jadam banani mozebi po dve vo tekot na denit a i koga dorucekot i rucekot mi de poodaleceni jadam za dorucek po edna banana. Pozz
Mihaela 13 - турбо ун не е задолжителна, но доколку имаш стагнација во тежината ќе ти го размрда метаболизмот па пожелно е да ја држиш Ако може да ми пратиш во пп некои од вежбите што сметаш дека ти помогнале. missmatch- да секако дека количините се ограничени една до две банани може во текот на овошниот ден во другите денови за доручек бананата и грозјето се забранети, а јас практикувам доколку во овошниот ден конзумирам 100гр бадеми или индиски орев да не конзумирам банани или најмногу една.Мислам во протеински ден до 250 гр месо беше во текот на денот.А слабеењето не е исто кај сите можеш после одредено време нагло да почнеш да губиш килограми. 13 ден протеински : доручек две праски ручек риба и салата вечера риба и салата
Вчера 1/90 - Протеински ден * 2 портокали * стек и салата ( без супа и парче леб ) * исто како ручекот Денес 2/90 - Скробен ден * 2 портокали * гравче и салата * исто како ручекот ќе биде. Сеуште не сум вечерала. Од денес ќе ве дружам на темава по којзнае кој пат. Со среќа на сите
46/90 (1/12турбо ун) доручек: 2 праски ручек:2 парчиња печен пилешки стек+ салата+ супа+ 2 мали парчина сирење вечера: 2 парчиња печен пилешки стек+ салата+ малку сирење..
Спојлер вчера 5/90 п:малку цреши р:варени компири со кечап в:пола од ручекот 6/90 ЈХ појадок малку цреши ручек макарони со кечап вечера 1 и пол кроасан и неколку колачиња Од утре построго,доста беше вака.Не дека правам огромни грешки ама ќе има многу подобри резултати ако јадам помалку отколку сега. Утре овошен.Мене првиот овошен добро ми помина , мислам дека ќе немам проблем за утре.
Драги Феминки , Јас сум нова на форумов ,ве поздравувам сите што ја држите диетава и што сте упорни за да го подобрите вашето здравје и тело .Пред една година ја држев диетава и за мене се покажа многу ефикасна,висока сум 160,ја започнав со 61кг а завршив со 47кг. По завршувањето на диетата продолжив да конзумирам редовно овошје за доручек и салати за вечера и така ја одржував линијата,но во последниов период качив 4кг како резултат на константно прејадување.Од утре ви се придружувам и повторно започнувам со диетава со цел да ги намалам килограмите и да се вратам на избалансираната исхрана,па посакајте ми среќа.
3/90 - Јаглехидратен ден * неколку урми * пола ѓеврек со кечап * тука забегав, 2 чинии макарони со кечап и оригано Утре ми е овошен ден, си купив банани и кајсии. Мислам дека нема тема посебна за турбо ун но еве ти објаснување од феминка
Почнав со УН диетава пред два дена и за сега добро ми оди, башка и идам во теретана вежбам по еден саат, бидејќи сум почетник со оваа диета, па ме интересира какви резултати можам да очекувам? Инаку почнав со 82 кг......
Јаглехидратен Појадок - две зелени јаболка Ручек - порција макарони со кечап Вечера - чоколада од 15 г Не знам кој ден ми е ,ама мислам дека наскоро ке треба да ја држам турбо УН ,веќе 10 дена стагнирам.
За една недела ќе одам за Австрија и ќе бидам цел ден во автобус, а тогаш ми се паѓа протеински ден и ништо не ми доаѓа на памет што можам да јадам, ве молам мислење што би можела да јадам инаку денес 48/90 овошенн (3/90 турбо ун) Имам изедено 2 круши за доручек, и до сега уште 1 банана,1 праска и 3 јаболки
Па ако земеш туна или јајца ќе замириса цел автобус,тоа сигурно не би сакала Можеш да си испечеш стек и во пластично да си ставеш неколку парчиња и да ги исечеш на парчиња.Нема да мириса толку многу како туната и јајцата. Добро сега,ако не те срам.Јас на пример немам проблем со такви работи каде и да сум ако тоа ми е храна - тоа ќе го јадам не ме срам да си носам јадење со себе. Нескафе во термос ако ти се пие и друго не ти треба.
За туната и јајцата се сложувам. Можеш во некој пластичен сад да си ставиш свежа краставица или некоја салата, и некој сендвич со кашкавал со 2 кришки леб на пример, или само кашкавал со салата да јадеш. Сепак треба да внимаваш дека ќе бидеш во автобус, и какво ќе биде времето за да не се расипе храната.
Диетата ја држам без леб, така да сендвич не бидува ќе си испечам стек и ќе го исецкам на парчиња и некое парче кашкавал и краставица.. ќе мора да се издржи тој ден, сепак ви благодарам за мислењата
55-90 протеински доручек- јаболку праска и неколку цреши ручек- 3полнети пиперки со сирење супа парче леб с намачкано со сирење со пипер и малку лебче со ајвар ама надокнадив со вежбање и салата вечера- сардина и салата ви се случило на некого наместо да спуштите со кг да крените или е само до мене проблемот зошто сите дена ги држам без прекршоци ама пусти јх секогаш мешам на пр ако ручам макарони обавезно потоа јадам и благо и си имам навика за тој ден секогаш да правам нешто колачи и сл и додека ги правам јадам од сместа и кога кее готово пак јадам се мислам да почнам со турбо ун се надевам ке спуштам тогаш или па да нее затоа што почнав да вежбам и никогаш не сум пиела многу вода но сега пијам и по 2 литри на ден се извинувам за долгиов пост
Ми иди да си се отепам! Вчера ,како јаглехидратен ден ,ги прекршив сите можни правила за умерена исхрана.Се прејадов со се јаглехидратно што ми се фати при рака ,не знам што ми стана! Од денес ќе оди многу построго ,ако сакам да ослабам не смеам да си дозволувам повеќе такви испади. Денес е овошен ден ,досега имам изедено две јаболка и една банана ,до вечер ќе скубнам уште две-три парчиња овошје и доста е ,да си ги искупам гревовите од вчера
4/90 - Oвошен ден * 3 банани и неколку урми и смокви 5/90 - Протеински ден * една банана * патлиџан со сирење и две јајца ( без леб и супа ) * најверојатно ќе биде истата салата со едно јајце Дали јас се филмам незнам али некако стомачето и спојлерите ми ги нема до толку Секогаш кога слабеам прво тие делови ослабнуваат. Од денес почнувам со вежбање - Brazillian Butt Lift i Jillian Michaels 30 Days Shred. Две програми од еднаш, зошто една is to mainstream