во една статија за ун диетава читав дека може да се јаде секаков вид на зеленчук освен домати, со сега не јадев , ама сакам да почнам и домати да јадам, исто така во водениот ден можело и сокови без секер да се пијат , што мислите вие колку е точно ова?
20/90 овошен 5 портокала и цреши 21/90 појадок 1 рака цреши ручек 3 јајца и салата краставици вечера 1 јајце и јогурт 22/90 појадок 1 банана знам дека не треба ама немав ништо друго ручек компири потпечени со многу малце масло и салата вечера исто од ручек само на пола и за овиее 22 дена денес се мерев -7
Јас мислам дека смееш пошто и тоаа е зеленчук , јас јадам во протеинскиот шопска со сирење а во скробниот си јадам мешано салата и краставица и пиперка мислам дека не правам грешка??
Ден 1/90 Протеински Д-цитрон Р-две варени јајца +салата+чаша супа В-салата Ден 2/90 Скробен Д-цитрон Р-чинија грав +салата В-половина чинија грав+салата Ден 3/90 Јх Д-цитрон Р-палента со ќечап + салата И за вечера планирам ред чоколадо за готвење+три мали слатки Драги феминки би сакала да ве прашам дали некоја од вас си дозволува пуканки за време на диетава?
Јас кога ја држев јадев и домати и пак ослабнав. А зошто да не се јадат ? За водениот ден сметам дека не треба сокови, зошто во секој друг ден се сметаат ко оброци, дозволено е само вода и незасладени чаеви да се пие.
23/90 појадок 2 праски ручек макарони со сос вечера 1 ред црно чоколадо и бисквитна торта 2 парчиња помали
6/90 - Скробен ден Денес се испомешав ама оправдано ми е поради здравствени причини. Исто и со вежбањето. Утре со нови сили, без глупирања
50/90јаглехнохидратен (5/12 турбо ун) доручек: 2 јаболки ручек: макарони со кечап вечера: 1 мафин + неколку колачиња + 1 ред чоколадо за готвење Морав да почнам со турбо ун, бидејќи стагнирав -6, -7 ми нонстоп покажува вагата..
Е вака, сакам да соопштам нешто.Диетата ја држев до вчера значи се на се 10 дена и морам да кажам дека ќе ја прекинам.Не сакам зошто добро ми оде симнав 3 килограми и покрај неколкуте грешки. Ќе ја прекинам поради тоа што ме чека многу напорна недела.Ќе поминам неколку различни градови и знам дека нема да можам да останам доследна но тоа не значи дека ќе почнам се да јадам. И си викам , подобро сега да ја прекинам додека не сум навлегла многу и откога ќе се ослободам да ја почнам одново.Значи ова не го сметам како откажување туку пролонгирање. Поздрав до сите и среќно! Се враќам јас по две недели!
Ја почнувам диетата по незнам кој пат многу е долга ама постам во среда и петок и ништо друго не ми одговара.Вчера се сликавме со ќерка ми полуматурантка се разочарав на сликите како балонче сум.Дај Боже овој пат да биде успешно.Стартувам со помалку килограми (89-90) од претходните пати изгубените 3-4 килограми не се вратени за среќа. 1/90 за појадок 2 портокали за ручек риба со салата 1 кришка леб и супа за вечера пола од ручекот.
Женски а оризот каде спаѓа во скроб или во јагленохидрати? Бидејќи барав, некаде пишува е богат со скроб, а на друго место прочитав дека има речиси 70% јагленохидрати. И сега?
Од денес и јас ви се приклучувам морам да ги симнам овие 7 кг моето мени за денес беше следно ; 1/90 д. 1 јаболка р 2 јајца шопска салата и супа чаша в 1 јајце и патлиџан а насабајле ѓумбирот со лимон и вода
Не ми е јасно за водениот ден. Во него треба само вода да се пие и ништо да не се јаде од вода да се живее цел ден, или...?????? Од денеска ја почнувам диетава, држете ми среќа!
25/90 појадок 2 праски ручек си правев стек ама сум ја зафркнала работата сум го направила отров солено и малце каснав ама не одесе и салата сопска вечера изгледа ке биде само слата сопска