Се надевам од утре ќе ја почнам и јас оваа диета, ама сега сериозно. Во неколку наврати овие два месеци почнував, па се откажував. Имам доста за симнување, можеби 20 кг. Една моја другарка ја држеше два месеци и ослабна 15 кг. Јас ја имам држено многу одамна, мислам 2005 година и тогаш за месец дена ослабев 6 килограми, од 68 на 62 и одлично изгледав. Не вечерав пола од ручекот, туку секоја вечер пиев шоља млеко, нес кафе со млеко и шеќер или цедевита. Во скробниот ден најчесто јадев по цела тава печени компири со салата, а во јаглехидратниот ден знаев да изедам цела пица (тенко беше тестото) со кашкавал, шунка и печурки и пак ослбнав. Не го кажувам ова за да ве наведам да правите прекршоци, туку да кажам дека и покрај прекршувањата, сепак се слабее. Се надевам дека овој пат ќе ми оди добро како и кога ја држев диетава првпат. Си купив чај Кирколина (за слабеење и за целулит, па ќе ги комбинирам), на мајка ми колешка е многу задоволна од чајот против целулит. Среќно и со лесно на сите и многу изгубени килограми, па ќе се читаме тука
Иии еве ме мене пак, вратио се леси кучи Пред некој месец симнав 10 кг благодарение баш на диетава,но ја паузирав, досега така не вратив ни едно кило но сега сакам да симнам уште 10, висока сум 166 а имам 66 кг( на зимскиот распуст бев дури 80) Од утре почнувам со мојата најсакана турбо ун(бидејки обичната ме прејадува),се надевам пак ќе успеам
И јас денес започнувам со оваа диета. Па, со среќа нека ми е Инаку, феминки, сакав да ви укажам да не го започнувате денот со цреши,вишни,кајсии и праски... Односно со сезонскиве овошја, зошто ќе добиете дијареа. Пробајте нешто пред тоа да каснете, да не испадне на гладно срце, сезонско овошје да јадете.
Браво за сите девојки кои ја почнуваат диетава. Ви посакувам да успеете во вашата замисла. Бидете истрајни. Кога ја држев јас моето омилено мени (покрај многуте салати) ми беше: Протеински ден - обожавав да јадам туна, за вечера јогурт Скробен ден - леќа Јагле. ден - макарони Овошен ден - цитрони, банани, марула, цвекло и зелка
Со среќа на сите нови диеталки. Еве ги рецептите што ги имам постирано страници и страници наназад, со цел да ја избегнете монотонијата од едноличната храна. -Варено бело месо исецкано на коцки+свежа краставица на ситни коцки+диетален јогурт- излегува како салата, и е многу вкусно (можете во протеински ден); -изрендано јаболко со цимет+ малку суво грозје( за овошен ден); -соја шницли сварени, па запечени на фолија, во комбинација со домат и павлака нискокалорична(протеински ден); -варен компир со вегета и кечап,или може и исецкан на помали коцкички и на фолија да се пече без масло(скробен ден); -ориз со зеленчук и печурки запечен(скробен ден) ; -батачиња, кокошка, риба, се печено, без масло, а многу протеини; - сарми само со ориз (скробен ден), само со месо( протеински ). Салати: - зелка+морков+цвекло+ лимон - домат+краставица+сирење рендадно+оригано+маслинка( одлична замена за вечера во протеински) - зелена салата+ варена пченка + кубети (одлична замена за скробен) - свежа краставица изрендана со диетален јогурт+ сол/бибер/лукче во прав за таратор( протеински ) - цвекло
Еве ме мене пак , утре ќе одам на пат, и ми се паѓа протеински ден и одлучив да си направам сендвичиња со црн леб, парче кашкавал и некое патлиџанче внатре, што мислите? не ми доаѓа ништо на памет инаку диетата ја држам без леб, но морам нешто да каснам.. Инаку денес воден , до сега ми оди добро, пиев само вода, и мастика си земав, пишува sugarfree..
31 појадок цреши ручек пица со домат, маслинки, кромит, печурки оригано и сусам вечера 1 ред црно чоколадо и некое чоколадце
еве девојки денес дојдов да се збогувам со вас и да ви посакам среќа јас ја држев 65 дена ама ослабнав едвај 4-5 кила можеби затоа што немав многѕ килограми за спуштање а оваа диета е за луге со повеќе колограми и затоа решив од утре да почнам со миј режим за појадок трици со јогурт,ручек дома што има со парче интегрален леб и вечера салата исто така и многу зелен чај и ке продолжам да го пијам и кирколина чајот....епа срцки со среќа да вие и бидете упорни(иначе за да не речите ве демотивирам дечко ми за месец дена ослабна 6-7 кг ама има бајаги килца )
60/90 скробен доручек: 2 круши ручек: печени компири со малку сенф и салата вечера: половина од ручекот
Devojki Samo upornost i ke imate odlicni rezultati.Samo sakam da se nadopolnam okolu Ovosniot den, ne znam zosto kaj poveketo procitav deka mesate ovosje i zelencuk NIKAKO Nemojte Pisuva ovosje i samo ovosje se konsumira.Jas ja imam drzeno dietava poveke pati i veruvajte imav odlicni rezultati ....Vi posakuvam uspeh
Да посна е, ама сум слушнала дека не се јаде ни риба за време на пост ( барем кога овие пократките се во прашање) ... варената сојата спаѓа во протеини?
их незнам нула сум со сојата дека не јадам и незнам што како е а за ова постењево кои постови се? колку траат??
61/91 јагленохидратен (уште 1 месец :geek: ) доручек: 2 круши ручек: шпагети со кечап вечера: сега планирам да јадам варен пудинг од ванила + 1 ред чоколадо за готвење Сабајле се мерев 61,4 а започнав со 69.. барем да дојдам до 58 ќе бидам задоволна мислам..
Девојки од 20ти ќе почнам да постам, па да ве прашам во протеинскиот ден некоја идеја што да јадам?[/quote] па можеш варена риба(јас ослич јадам) мислам дека рибата беше посна нели??[/quote] их незнам нула сум со сојата дека не јадам и незнам што како е а за ова постењево кои постови се? колку траат??[/quote] Петровденски пости се, од 20ти јуни до 12 ти јули, 3 недели му доаѓа ...