Ова е на мени за денес 2/35 доручек-3 кајсии, помали ручек-тавче гравче+салата вечера-половина од ручекот П.С. Е сега не знам дали е во ред ама јас не можам да вечерам. Како што споменав во претходниот пост доцна ми е ручекот и немам простор за вечера. Ќе си го повторам прашањето, па ако може некој да ми даде одговор, значи, дали помеѓу доручекот и ручекот е дозволено пример да изедам една слива,или праска или некое друго овошје, бидејќи од 10 наутро до 17,30 јас не ставам ништо во уста, а ми треба(на работа сум). однапред фала за одговорот
49 појадок лубеница ручек риба на скара и шопска и малце леб вечера риба и салата и веќе почувам да се нервирам не мрдам некое време од 80кг
успешно поминат ден 2 денес Д- две сливи Р- шпагети со сос од домати В- парче торта и 1 ред црно чоколадо Зарем толку е неактивна темата или пак никој нема одговор на прашањата кои погоре ги поставив
Мој совет ти е јади два пати овошје одсабајле или носиси ручек на работа најдобро.Ќе ти биде комплицирано само првите два дена другите два не.Поздрав 18/90 праски гравче со салата и црно лебче пола од ручекот
ЛЕЛЕЕЕЕЕ докаде сте стигнале.Ова е нешто Breaking! Дали има некој од постарите членови со кои се дружев од 100 докај 500 страница ??? ) Girls,Im open for questions.Имам двоструко искуство со диетава.И сега,не оти ми треба многу слабеење,всушност едно 5 килограми,но,ќе ја држам УН ТУРБО цело лето како режим )
Фала ти за одвоеното време и одговорот. Значи почнав наутро со овошјето, па околу 15 часот со уште две овошки и потоа ручекот(кој ми е како вечера) во 17,30 и натаму немам потреба од внес на храна. Денес ми е овошен ден па ќе видиме како ќе го протуркаме, се надевам на успех. П.С. вчера наместо парче торта и 1 ред црно чоколадо, изедов две топки сладолед (само сакав да си кажам )
51 појадок 1 рака вишни ручек погача домашна вечера 1 ред црно чоколадо и едно парче роденденска торта
Ај да си се пожалам овде На 17 јуни почнав со диета, стартував веднаш со турбо режимот. Според мене нема врска кога ќе го стартуваш, бидејќи самото тоа што намалуваш со исхрана и секој трет ден ти е овошје треба да доведе до слабеење. Јас сум висока 170 цм, не знам колку кг имам, не сум се мерела, се плашам од тоа што ќе го видам, ама според пропорциите околу 90 кг. Се мерев во обем петтиот ден и си запишав и еве денес пак и само кај бутовите сум намалила 2 сантиметри. Друго ништо не се мрднало Не знам колку килограми имам симнато (и дали имам симнато), решив да не се мерам на вага туку во обем. Метаболизмот значително ми се успори (иако секој трет ден јадам овошје), па со извинување по голема нужда одам секој трет ден, катастрофа Почнав да го пијам кирколина чајот за слабеење и не ми помага за регулирање на столицата. Единствено што се забележува е што целулитот почна да ми се намалува бидејќи се масирам наутро и навечер, јест да имам уште многу, ама барем се забележува некоја разлика. Не знам зошто сега тешко оди слабеењево, не сум ја прекршила дитетат ниту еднаш, дури и помалку јадам од она што го пишува и пак ништо. Пред неколку години со нормалната УН за еден месец симнав 7 килограми. Имал ли некој ваков сличен проблем, да ми даде некој совет или да ме поучи каде грешам затоа што многу е демотивирачки да знаеш дека се придржуваш до режимот, а не слабееш. Има ли врска застојот со тоа што денес ми е последен ден од циклусот, бидејќи денес се мерев? Секој совет е добредојден
78/91-протеински (4/12- турбо ун) доручек: 2 праски ручек: 2 парчиња пилешко печено+ салата+ 2 парчиња сирење вечера: шопска салата Значи највеќе се слабее од овошните денови, пред 2 дена се мерев и бев 62,5- 63 кг, го држев овошниот и одма 61,5.. само сум разочарана малку бидејќи ослабнав само 8 кг за овие 78 дена.. а би сакала уште 3 кг да симнам.. ќе видам како ќе биде до крајот на диетата..поздрав и не се откажувајте
јас ја имам држено диетава пред 2-3 години, многу е добра и мене ми се случи еден период откако јас држев, мислам дека беше после 1 месец држење јас не успеав да ослабам ни грам, па поради тоа ја прекинав ама не се фрлив на јадење јадев нормално, мислам умерено и по недела0две пак ја почнав. не знам како е кај тебе ама јас многу брзо слабеам само во првиот месец ослабев ми се чини 12 кг, па поради тоа после стагнирав не можев ништо да симнам. така да мала пауза бидејќи организмот ти се навикнал, со многу пазење на тоа што јадеш и по недела-две пак на диета и со среќа, поздрав
Denes mi e jaglehidraten den pocnav pred 2 dena i bidejki sum pocetnik sakam da prasam dali e dobro za vecera 4 tutku i 2 kocki cokolado za gotvenje posto pisi kolacinja i 1 red cokolado za gotvenje?!
Чувствувам грижа на совест, вчера овошниот ден па и не помина баш добро. Се беше ок до 20 часот, ама не им оддолеав на пржените компирчиња. Не изедов еден тон, ама 10-15 сигурно Инаку цел ден ми се тресеа рацете, па како ми се погоди цел ден трчање навака натака, а енергија 0. Тоа ти е тоа. Денес продолжувам со 5-от протеински ден, па што ќе биде нека биде
21/90 кајсии риба со салата и модри патлиџани,црно лебче и супа риба со салата уште сум -4 стојам ама во обем повеќе покажува.Ќе видиме како ќе оди само упорност.