Незна по кој пат ја почнувам диетава и секогаш само што ќе почне да дава резултати се откажувам последно ослабев 8 килограми за триесетина дена ... Денес ми е трет ден јагленохидратен Сега почнувам со 72 кила... ќе се мерам на десет дена, да не се демотивирам позз до сите
2 ден Скробен д две сливи Р златната мешавина( грашок морков пченка +ориз) и салата од домати + две парчиња двопек В 1/2 од ручекот без салата +физичка активност (трчање)
Направив 3-4 дена пауза.За 3 недели ослабев 4 кила.Со нови сили продолжувам понатаму. На етапи полесно ми е да ја држам диетата. денес за појадок 2 праски ручек шарска со шопска и лебче црно вечера пола од ручекот
58 појадок лубеница ручек гравче тавче едно крајшниче леб и малце зелка салата вечера салата домати и краставица и пола кришка леб и послем тоаа сончоглед
Денес ми е овошен ден ама не знам дали ќе успејам да додржам. Досега во секој овошен ден поткаснував и зеленчук. Знам дека е овошен и не треба ама сега тоа е , не можам да ја поднесам дупката во стомак
Сабајле се качувам на вага и гледам 59,5 кг си се зачудив мислев нема да мрдне вагата под 62 бидејќи 1 месец не мрднуваше од 62, помислив расипана ми е . Почнав со 70 и сум презадоволна. Денес и утре ми е слава па знам дека 1000% ќе прекршам со јадењето ќе испомешам, па предвреме да си се оправдам
Јас ја применив целосно оваа диета тоцно онака како сто е прописана и ослабев 10кг(не бев нешто многу дебела) ама по завршувањето на диетата,продолзив со нормална исхрана,како сто и треба според диетата нормално се внимава на исхраната но за кратко време се ми се врати дури и повеке,сто знаци дека и тука постои тој тн.јо-јо ефект
59 појадок 4 сливи ручек макарони со печурки и зеленчук вечера 1 парче бисквитна торта 1 ред црно чоколадо и 2 цоколадни бонбончиња
60 овошен лубеница неколколку сливи и сега една чинија домати салата и планирам до вечер уште една салата Од утре почнувам со турбо УН до крај само без водните
Се е добра диетава,АМА најголем проблем ми е доручекот зашто тој е најважен оброк од сите , а се заснова само на две овошја што е многу малку и ке сум изгладнета цело време после .. Има ли резултат со поголема количина на овошје и колку би било нормално ? Фала !!
Јас ја држев оваа диета и тоа се придржував точно според дадената исхрана и точно 3 месеци и точно е сето тоа дек има одлични резултати но откако ке се вратиш на нормална исхрана(велам нормална значи,знаеме што значи мормална исхрана,не да се јаде колку сто треба и нетреба) килограмите се вракаат дури и повеке значи и тука се јавува тој тн.јо-јо ефект,тоа го искусив и веке не сум ја применила таа диета
9-ти ден протеински помина, без прекршоци , веќе ми е се полесно и полесно,вечерва дури и бев во ресторан сите каде што јадеа а јас само се напив "браво за мене", вчера овошниот ден него ни сетив супер ми беше, убивав глад со некој бадем...
Смеат ли да се јадат банани, круши, грозје во диетава (за појадок)? Обично тие се забранети во диетите. Јас во петок завршувам со 20 дневната диета, па ќе преминам на оваа, затоа што сватив дека ми е потребен појадок, а во претходната нема појадок, само ручек и вечера и нема овошје, освен во овошниот ден, а тоа е еднаш во 20 дена.
Јас ја завршив диетава пред некои 6 месеци и за тој период ослабев уште 3 килограми и тоа со нормална исхрана. Си задржав многу здрави навики, благо јадам скоро секој ден, ама со „усул“ а за вежбање не ми паѓа на памет- мразам да вежбам.
63 овошен лубеница, динња и една салатаа 64 појадок лубеница ручек салата 2 јајца ,1 чаша јогурт и 1 кришка ржен леб вечера салата 1 јајце ,1 чаша јогурт