Втор ден: појадок: 2 круши ручек: гравче варено и зелка салата( плус неколку голтки црвено вино) вечера: пак гравче но половина и зелка. Утре е првиот овошен ден од мојата турбо УН диета,јас веќе имам купено киви,лубеница,пипон,праска,грозје и круши.Ќе има овошни салати
4 ден (овошен) Појадок: млака вода со лимон и ѓумбир, после 30 мин. кафе без шеќер и млеко, па по 1 час - 2 праски Ручек: 3-4 суви сливи, 1 банана и една резанка диња Вечера ќе ми биде: сливи, диња, лубеница и праска (тоа имам дома). Во меѓувреме пијам од сасси водата.
72 јаболка ,лубеница, праски Утре одам на одмор како ке поминам со диетав ке видиме , се надевам нема многу грешки да направам
Денеска овошен ден,3 ден по ред. Пијам сасси вода,изедов една месечинка од лубеницата и 2 сливи.Сеа ќе се искачувам на водно до крстот малце да залади само.
Мојот овошен ден падна во вода тукушто пиев миклшеик и така сега со грижа на совест планирам да вежбам на орбиттрек но не се откажувам,кога еднаш успеав морам да успеам пак
Здраво девојки Јас денеска има овошен ден. станата сум од 9 сабајле и досега имам изедено 1/2кг цреши, 1/2кг нектарини и 1/2 кг диња. Многу е тоа?? Јас каснувам по малку од овие на 2 саати. Читам овде многу малку овошје јадете во овошниот ден, ама некако мене ич не ме најадува овошјето
После денешниов овошен ден се чувствувам олеснато.Одев до крстот на Водно и многу добро ми падна.Све на све 3 часа одење ми испадна денес.Јадев првин лубеница 1 месечина,после 2 сливи,па пак лубеница јадов и сега за вечера пак лубеница.Слатка ми е многу.Изедов половина лубеница искрено,лубеница од 6 килограми,ама тие килограми секако повеќе се во кората,а она не се јаде.
Девојки да ви кажам дека мора да спортувате (фитнес ,зумба или сл. )ако сакате диетата да ви биде успешна.Керка ми пред 2г. се водеше по диетата но резултатите бавно мн. бавно се гледаа а што е и најлошо после месец дена (по изминати 3месеца со диета) килограмите почнаа мн.брзо да се вракаат и дуплираат.Оваа пролет пак почна но сега со часови зумба за тие 3 месеца ослабе 10 кг. а кг, не се вратија затоа мислам дека диетата во комбинација со спортување само тогаш е успешна.
Јас сум малце запрепастен,денеска ми е четврти ден од диетата турбо Ун - протеински. Сабааљето на празен стомак се мерев,и ми покажа 130.4 кг....од пред три дена шо на гладен стомак се мерев ми покажа 133.8 кг.
Браво, инаку верувај дека ти многу брзо ќе слабееш бидејќи имаш многу вишок кг, и тие сега ќе ги симнеш за многу кратко време. Инаку научно е докажано дека подебелите луѓе многу побргу слабеат. Исто така бев и јас имав 95 кг и ја држев диетава заедно со сестра ми која имаше 75 кг, и за 3 месеци јас ослабев 28 кг, а таа само 15 кг. Инаку не се откажувај, ќе видиш кога ќе ослабеш колку полесно ќе се чувствуваш. Со среќа
ВИблагодарам за подршката. Инаку,денес четврти ден протеински. доручек: 2 парчиња лубеница ручек: пилешко бело месо со печурки и зелка салата вечера: ништо не можев да јадам,после вежбањето напорно повратив од пилешкото и ми се згади од све и останав само на 2 мастики орбит.Од месо јадев само пилешко и риба,а сега и пилешкото ми се одмили.В уста веќе не го ставам.
Ај и јас да се приклучам во вашето друштво.Денес ми е овошен ден (4 ден) и имам јадено до сега 1 банана и 3 праски.Инаку ја држев диетава пред некое време ама со многу прекршоци и ослабнав 7 кг. ама овај пат мора малце построго сакам уште 10 кг. да скинам па утре ке се мерам после 4 дена правилно држење.Висока сум 170 а имам 80 кг морам до 70 кг.Многу се здебелив после моето породување
многу коментари,јас сакам да прашам нешто дали некој од корисниците на овој режим на исхрана или друг здрав начин на исхрана успеал драстично да намали вишок килажа и потоа да ја одржи подолго време таа килажа,повеќе години?
Да прашам варен или печен кочан во кој ден можи да се јади ???? Иначе сабајле се мерев и за 4 дена имам ослабено 1 кг. Добро е,напредувам ???
Zdravo na site, Blagodarenie na site vas, citajki ve i sledejki ve na forumot oslabnav 12 kg i sega sum vo vtoriot del od dietata UN-odrzuvanje. Dali nekoj od vas moze da mi ja isprati vo pdf format knigata Rina's 91 odrzuvanje.
Дечки денес ми е прв ден од диетата како и секогаш јас сабајлечки не доручкувам дали е дозволено ??,може ли за ручек еден копан и ориз со салата,:???
Пред да почнеш со диетата, прочитај кој е начинот на исхрана и комбинација на храна. Врати се на првата страна и прочитај, па после почни со диетата. Појадокот е многу важен и се состои само од 2 овошки. Ти ја задоволуваат потребата за шеќер во текот на денот.