леле не со тој растителниот. си приметила кога ке се растопи колку е мрсен ?? еве ти рецепта за вкусна пица.. наместо кечап на тестото ке си ставиш кругови од домати (излупи ги), посоли ги малку, стави кругчиња пиперка, кругови кромид, маслинки (извади им ги семките и исецкај ги), јас понекогаш ставав и маринирани печурки (ама не многу, по некоја, на 3 залчиња 1 печурка), пороси со сув лук, оригано, босилок, сусам...можеш и малку кари. Од зеленчукот стави повеке, да биде по богато. Верувај, вкусно е ептен
Јас се извинувам што сум оф топик .... хоупфул неможам да ти пратам лична порака......се утепав од пишување да ти подобјаснам за диетава кога гледам неможе...смени нешто во опциите па да ти го пишам моето мени
Сменив таму нешто во пораките, ако не можиш во лп, пиши тука, барем ќе им биде и од корист и на другите. Фала
Од денес и јас почнувам со диетата...само сакав да ве прашам дали може на сабајле да не јадам овошје бидејќи воопшто не ми се јаде а и доцна станувам секој ден, накај 12 часот и ќе се напијам кафе и воопшто докај 15 часот не чувствувам глад, кога веќе е време за ручек...ај ако може некој да ми каже
хахах ај ке пишам тука, ама мислам имам пишано, али нема везе, одамна било прашањето на хоупфул беше дали наместо овошје од сабајле, во случај да снемаш може да изедеш и зеленчук, и дали мора да се изедат сите намирници пропишани (супа, леб), или може да се отфрли нешто....односно...во принцип како сум се хранела јас...е па вака .. Ми се случило неколку пати да снемам овошје за доручек, па сум јадела краставица или морков....еднаш дури јадев свежа зелка без ништо...така едно парченце во секој случај, овошје наутро мора...јас обавезно само што ке отворам очи, пијам една чаша вода, па овошка заедно со кафето. некогаш количината била пола овошка некогаш 3 а некогаш и цела банана(ако имам повеке обврски до ручек. за ручекот...секој ден според пропишаното нели, ама никогаш супа и никогаш леб (според книгата демек мора супа, ама јас лично не обожавам многу супи, па ја скокав, а леб, доколку сакаш повеке да симнеш, ке го исфрлиш потполно). Јас лично ретко вечерав зашто доволен ми беше ручекот, а доколку вечерав, си правев салата...а пола од ручекот 5 пати во 3 месеци дали сум изела. во овошниот ден ми се случило да јадам салати (со сол и сите салтанати) ама не продолжував со овошје. еве пр. мени за неколку циклуси ... протеински.. -спанак или блитва со младо кромидче,лук и пиперка зелена(сецкано кромидчето и лукот, малку масло, се пропржува колку да се омекне...во истото тавче....се додава спанакот исецкан и измиен, претходно отстоен во топла вода, се промешува заедно со кромидот, и се додава малку водичка, и се става да се потпече), ова со пола канче таратур или 200 гр фета, а наместо млечни производи може 1 варено или печено јајце и плус свежи краставички. -можете...стек на скара или риба или гулаш од телешко....со салата скробен.... -пире од компири и моркови (варени и само изгмечени со малку од сокот од морковите...со зачини и сол) -компир манџа, грашок манџа, боранија, ризи бизи(ориз варен со малку грашок) ......се ова со салата. од манџите може да јадете и по 2 полни тањири......ааааа тука може да искомбинирате нешто со тиквички...може како додаток(печени) или мусака од тиквички и лека...ама без прелив јајцето. -јаглехидратен... -пица со зеленчуци, шпагети и макарони со сосови од домат....со додаток на разни зачини ...ама гледајте доматот овој ден да е по застапен....по можност свеж или сосот домашно приготвен( сварен со босилок и лук и сол нормално) -пита без ништо..проја без јајца, палента, а доколку сте цел ден активни може и симит **во принцип се се јаде...се подготвува на традиционален начин, но се внимава на комбинации...се се комбинира со свежа салата, и ништо не се отфрла, и притоа организмот не се навикнува на гладување или одредени продукти, па потоа да дојде до јо-јо ефект...јас си ставав сол, масло колку ми е доволно и колку сакам, си играв со зачините на почетокот додека се навикнам на некомбинирана храна... и еве уште 10 дена од диетава и -17кг (уште 5 и конечно оваа год ке се чуствувам убаво на плажа) ви посакувам успех на сите ааа и ке заборавев....вода обавезно...мин 1.5л на ден...што повеке тоа побрзо се губат кг-те (барем тоа приметив кај мене)
Melanie27,bas deneska imav jaglenhidraten den i si go napraviv tvojot recept za pizaa,odlicna bese.Bas ti blagodaram,malku ja razbiv monotonijata od spageti
повели и друг пат Инаку со диетава станав кувар невиден...па расположена сум за споделување на рецепти за диетава
Zdravo na site dietalci jas sum nova na forumot a isto i so dietata veke 16 den ja koristam ovaa dieta no rezultatite mi se mnogu slabi do sega samo 1 kilo imam oslabeno neznam vo stoe problemot, ve molam pomagajte kazete mi dali mozam da apnam za vreme na kriza toe e navecer po nekoja smoka ili kikirtka kako stoite so sokovite samo cedevita si rastvaram po 1 casa
после 20ти ден некаде се покажуваат резултатите, не се секирај, после наеднаш ке почнеш да губиш од килажата. инаку правиш голема грешка со цедевитата. никако сокови. сок само домашно цеден и тоа може само наутро со овошјето. секое пиење сок ти се рачуна како оброк. а навечер ако ти се јаде, ке мора да се стрпиш...со тек на време ти се навикнува организмот на помалку храна од вообичаено. ако стварно сакаш да ослабеш тогаш нема отстапки, само 3 пати на ден, и од еден до друг оброк најмалку 4 саати пауза.... ептен ако навечер те фатат кризи, на екс полна чаша вода и пола краставичка.
a dali moze da se pijat sokovi bez seker,na primer coca cola light ili domasna limonada bez seker? jas pijam coca cola light posto ne mozam bez sokovi.
Фала Мелани. Честитки за изгубените килограми. Некое килце ( околу 5) сакам да симнам, па да видиме што ќе направам. Не ми е тешко мене за слабеење, лесно ми оди, но сакам на здрав начин да е. Вода и така пијам по 2литри на ден и лимонада ( цеден лимон без шеќер) пијам, леб не јадам скоро неколку години ( по 1-2 парчиња се случува понекогаш), за другото нема да има проблеми. Штом има резултати - пишам. Се читаме диеталки
kazete mi kakvo blago jadete za vecera dali moze palcinka da se jade i kakva? i dali koga e ovosniot den dali moze da se mesa so zelencuk salati i dali e dozvoleno gziranata voda?????
секако дека може, ама гледај наутро.....значи се што може да содржи дополнително шекер или засладувачи препорачливо е да се конзумираат наутро, пред или после овошјето. а цедевитата никако, содржи шекер. кока кола лајт исто никако. може само во случаеви како кога се оди на гости или прослави.....ама подобро да се избегнува потполно.... и пак ке се повторам.....наместо сок....кисела вода со лимон благо не сум јадела.....ретко...а и во тоа ретко било некое колаче или торта...било што. палачинка можеш со што сакаш, ама што по калорична тоа помалку килограми ке губиш.....можеш со џем ...мислам дека оној од модри сливи е најмалку калоричен (јас си имам домашен.....на 10кг сливи 1кг шекер) женички научете се да бидете малку гладни(нека крчат малку цревцата), со тек на време се помалку ке чуствувате потреба од многу храна...и научете да бирате здрави и помалку преработени продукти, со помалку шекери и суви материи.....повеке свежо - готвената и преработена храна и свежата нека бидат во однос барем 50:50
fala ti mnogu za odgovorite samo kazi mi dali moze da mesam ovosje i zelencuk koga e ovosniot den i dali makronite i spagetite mozat da se jadat so kecap posto gledam picata moze i dali moze da se stave majones ama lesen posen fala ti mnogu uste ednas na odgovorite srce si ti kolku kila imas oslabeno i za kolku vreme
Абе секој ден јадам леб, колбас или виршла по едно залче Неможам да си помогнам. За среќа гледам дека повторно слабеам по 2 килца од недела. Тоа е така најверојатно бидејки вежбам секој ден по еден час АМА сакам повеќе од недела! Барем 3 и сега ќе ја зголемам физичката активност и ќе започнам да се придржувам Ах Вале Вале, на тешки маки те ставил животот. Дефинитивно не ти е лесно...
повели и друг пат....за овошјето и зеленчукот....препорачливо е да се јаде само овошје, но во случај да си гладна многу (ова се однесува само за периодот околу ручек или вечера) јади зеленчук ама не во комбинација со овошје и после зеленчукот не продолжуваш со овошје а тоа што пишува пица нека не те залажува дека можеш кашкавали и салами да ставаш на неа...кечап да....али мајонез ни под разно....никаков...прво не е здрав, друго страшно е мрсен и калоричен. измешај си во макароните сецкани маслинки...ке ти го подобрат ептен вкусот, а и мојот омилен сув лук. во готвењето научи се да користиш повеке зачини ама не вегета и сол, туку оние миризливите и сушените. мој омилени....кари, сув лук, ѓумбир, босилок сув, сув магдонос, вегета ама малку и тоа замена за сол...покрај зачините во секое мое готвено јадење мора да има кромид...и тоа ако е манџа...има повеке. повеке гответе и уживајте во готвењето отколку во храната....со самото готвење се заситувате по малку.....и не мислете на храна нон стоп и што треба да јадете...и научете да уживате и во оваа храна овде што е пропишана верувај те ми....кога успеав јас, гурман невиден да ослабам, можете и вие.. дечко ми дури ми викаше...кога јадеш , правиш јадењето да изгледа највкусно на свет, и му се пријадува на човек.....е сега само ми се воодушевува како успеав толку да ослабам
Женски и јас се решив да ја почнам диетава од утре....Готово почнувам.... се надевам ќе издржам....А дали може да се комбинира и со вежбање, да не се исцрпам многу па да направам беља?