Девојки ај некоја доброволка да ми ја објасни диетата подетално мислам тоа со деновите протеински, скробен, јагленохидратен, овошен..... кога се држи воден ден и дали кога ќе завршиш со овешен пак почнуваш со протеински? Се обидувам да и ја објаснам на мајка ми ама не ме разбира Ги прочитав сите 984 страни ама очите ми истекоа и мислам дека испуштив нешто хелпп мее
^ СвитКенди, да си ги прочитала сите 980 и кусур страни - досега комотно ќе можеше да спремиш докторат за диетава, а дилемата дали после овошен следи повторно протеински би ти било мачкина кашлица, нели. Да, после овошниот ( ,,четврти'' ) ден, следи повторно протеински ден, и се така додека не решиш да ја прекинеш диетата. Подетално во врка со деновите стварно не знам што би ти објаснила, се е упростено низ страниве наназад - доволно е неколку први и неколку последни мислења да прочиташ само, т.е и уводот од темава е одличен. Секој ден ти е конкретизирано што поточно се јаде и се останато.
33 den ovosen 1 jabolko 2 kivi i indiski orevi inace VACA mislam deka mozis vo jaglehidraten za vecera
ОТЧЕТ 3/90 ЈХ ден д : немав р : геврек в :1 црно чоколадо и една кроасана со крем +едно мало чоколатце 4/90 овошен ден енерџи микс едно пакетче +2 банани+1 јаболко 5/90 протеински д : две јаболка р : мало парче пенарлија в : геврек со чаша баланс јогурт (пред да ме карате, знам ај се тешам што се што изедов е пред 15 часот ама бидна веќе до вечер само салата можам да јадам ако огладнам )
Девојки и јас се приклучувам , но од утре Ќе пишувам и јас и ќе ве известувам, потребна ми е поддршка и друштво, зошто ова веќе вака не бива Имам 15кг за симнување, а 20кг за да бидам како што сакам
Не сакам да се правам шеф и важен,но за мене зборот диета не постои. За мене постои енергетски баланс,колку внесувам и колку трошам кажува дали ќе добијам на килажа или ќе губам. Тренди диети за мене се кратко решение не се долготрајно решение. Има тема за тоа да не шерифувам и да не расипувам соништа,за да погрешно ме разберете.
1. протеински ден п: 1 банана и нес (без млеко и шеќер) р: 2 динстани батачиња, салата (пиперка, патлиџан, магдонос), 1 парче леб (нутри) в: 1 дин. батаче, салата (пиперка, патлиџан, магдонос и малце урда), 1 парче леб (нутри) Вежбање: 5 сати без престан чистење во станот. Генералка и пол!
7 ден јх -Си доручкував две јаболка, некако најслатки ми се .Си продолжив со 3 парчиња леб со ајвар за ручек и тронка сирење (грешка ама морав, ич не ми беше слатко ), си каснав потоа едно мало црно чоколадо најлепше желје со 75 % какао па пак си каснав уште 3 парчиња леб со ајвар без сирење овојпат и 3 мали наполетанки.
Ја држев диетава 1 месец. Да, за разлика од другите диети е подобра, но сепак е диета зар не, сепак во неа се вклопува јо-јо ефектот.. Ослабев во нозете, имаше видливи резултати, но што ќе ми се тие резултати кога не се долготрајни? Верував мн во оваа диета, но ете ме разочара. Ова го пишувам за да немате дилеми и да не држете никакви диети. Се решив да идам на калориски дефицит, па ќе видиме дали ќе успее.
(не можам да редактирам, извинете за две мислења едно по друго) 2. скробен ден п: 1 банана, нес (без млеко и шеќер) р: ориз, едно лепче в: пола од оризот, марула, моркови Вежбање: Пешачење 1 час
Да ти кажам дека си грешка, баш оваа диета нрма јо-јо ефект, не е класична диета, туку режим на исхрана. сега се разбира дека ке има јо-јо ефект ако по нејзиното прекинување јадеш се и сешто, и повеќе од претходно. јас пред година ипол за неполни 3 месеци изгубив 7 кг, од 60 на 53, а не се придржував строго, а оддогаш до денес имам вратено само 3, и тоа на невнимавање на исхраната. Значи воопшто нема јо-јо ефект, затоа од денес пак ја почнувам, па се надевам дека за 2 месеци ќе успеам да намалам 3-4 кг, ма да кај оние кои имаат многу за слабење се слабее и по 10, па и по 15 кг. Затоа не се двоумете воопште, почнете со оваа диета не е воопшто тешка а дава разултат и тоа долготраен Денес 1 ден појадок 2 јаболки ужина зелен чај и кафе ручек пржена урда со праз и јајца, и салата ужина капучино вечера нема да јадам, касно ми беше ручекот, околу 17 часот, сега пијам пак зелен чај
Да ама нема разновидност на храната и има само рестрикција. Не е флексибилна и нуди краткотрајно решение.
Драги диеталки, успешно поминат и вториот овошен ден, значи завршив и со вториот циклус.На менито банани 2 кои ги изедов пред 18 часот и овошје од конзерва, без сокот.Анабелче заедно си ја почнавме диетата, па заедно и да се мериме ? Многу среќа до новите диеталки, ви посакувам многу изгубени килограми !
2den turbo un skroben D-jabolka R-geevrek se brzav i nemozev da go docekam jadenjeto domaa V-mandza so kompiri i 1kriska crn leb 3den ovosen turbo un Jabolka indiski orevi i banana
Епа ако толку внимаваш на храната која ја внесуваш ќе си бидеш фит и нема потреба од држење диета, ќе слабееш без нив. На пр. јас пред да ја почнам било која диета си јадев нормално: овошје, зеленчук, грав, компир, ориз, месо (здрава храна), си јадев и благо.. значи внесував 2500-3000 калории. Кога почнав да ја држам на пр. оваа Ун - диета не чувствував глад, но слебеев. Откако ја прекинав диетава се вратив на стариот начин на исхрана, но сепак се хранев здраво. И повторно ми се вратија кг-те. И јас пишував вака како тебе, наврати назад и ќе прочитав, но сепак тука е реалноста. Можеби не ти се вратиле кг-те, но сигурно после завршувањето на диетата си внимавала мн на тоа колку и каква храна внесуваш. Значи сепак, вака или така, се се темели на тоа да внимаваме што и колку храна внесуваме, па макар и 1-2 парчиња торта да изедеш тоа ти се 300-600 cal, а и плус тоа јаглехидратите му се потребни на организмот. И јас без од страна на диетите, но фала му на господ ми се отворија очиве и еве сега сум на калориски дефицит. Бавно.. но сигурно и долготрајно слабеење (губење на масни наслаги). Инаку диетите се катастрофални, бидејќи наместо ти да избираш што да јадеш, тие те избираат тебе. Сепак, не сакав да ти се спротиставам или да ти судам (иако може така изгледа).. само сакав да го споделам моето искуство со диетиве и да ви пренесам дека се е лага кога станува збор за диети!