Pa mi trebaat edno 10 kg minus imam 66 a sakam da se vratam na 56 iako toa bese pred tri godini :/. I 20 dena da nema rezultati ne popustam
Јас колку што имам читано од други поратли, поточно од српски портал, каде повозрасен човек, ја има издржано цела диета, и има симнато многу кг, во тоа име си отворил сам форум и одговараше на секакви можни прашања, пиша дека оргиналната диета нема овошен туку витамински ден. Значи можеш и салати- зеленчук, и овошје. Иако според многу нутриционисти е подобро да се консумира овошје до 16часот а потоа да продолжиш со зеленчук. Секако јас би го јадела термички необработен. Всушнот кога ја почнав првиот пат диетава, јас немав овошен ден, туку витамински и пак ослабнав.
9 ден овошен банана,јаболка и индиски ореви ај уште 3 дена и си продолжвам до 34 ден ун иначе досега само од турбото сум 2 кг ослабена
Пуканки јадеш ? Пуканките се најдобри грицки, со најмногу растителни влакна и немаат многу калории, така да нив можеш да ги јадеш во школо.А за оревите сигурно знаеш но јас пак да ти кажам дека оревите се протеини а суштината на оваа диета е да не мешаш протеини ,скроб и јх.Се надевам дека помогнав.А не е добро многу такви чаеви да се пијат , лаксативите имаат мн негативни ефекти.Само практикувај две овошки за доручек и ќе ти се среди метаболизмот, секако со многу вода и малку физичка активност. Позз и се надевам дека ти помогнав
Најпрво се извинувам за мислењето едно по друго. Мора да научиш да јадеш додека не си 80% најадена инаку џабе ти е диетава.Малку поголем оброк, да но малку не да не можеш да дишеш ! Прејадување никако и гледај повеќе салата да јадеш со оброците така ќе немаш потреба да го зголемуваш оброкот ( ако мораш веќе зголеми го ручекот, никако вечерата , затоа што и со здрава храна во големи количини можеш да се здебелиш) Поздрав
Дали може да се јадат солени стапчиња во диетата и ако да во кој ден ? http://www.jatrgovac.com/usdocs/kviki-stapici.jpg
Абе диетава овде ви е многу измешана. Во диетава, место две овошки можат да се јадат една шака сушено овошје, или мешано со ореви, бадеми лешници. Такви зрнести плодови.
Само што сакав истото да го пишам, ама гледам ме претркале. Коа ја почнав првиот пат диетава, убаво ја прогуглав, и дојдов до заклучок дека тука и не е баш дадена најправилната варијанта. Прочепкајте убаво ке видите дека се дозволува и сушено овошје за појадок, нормално не неограничено, затоа што сепак се калорични, ама добро доаѓа за промена. Може и смокви, суви сливи, ореви, лешници, и такви здрави грицки ама не да се претерува. Кога имам можност гледам да бидат овошки, ама искрено само портокал можам да поднесам наутро или пак банана. А со оглед на тоа дека не можам да си ги скинам во бавча, и не секогаш ми се при рака, гледам да најдам замена. Јаболко ми е ужасно грдо да јадам, посебно наутро. а и јадам ореви само кога морам набрзина да излезам од дома и тоа уште во 7 за на факултет, некако ми е полесно тоа да грицкам додека се шминкам одколку да јадам јаболко на пример. Ама ова е еднаш два пати во неделата максимум. Ако веќе така гледаме, и сувото овошје што е дозволено наутро е шеќер. Инаку се мислам дали појадокот да го сменам со овесни снегулки и од оние на виталиа мешаните семки? Има од тиква сончоглед, ленено семе и незнам што уште имаше внатре. Вака не верувам дека ке ја издржам диетава со оглед на тоа дека на факултет сум до 16 часот. Да сум дома не би било проблем, би станувала покасно, и не би била толку оптеретена. Не ми е битно што намалувањето кг ке оди побавно ама барем да не се изгладнувам периодот меѓу доручек и ручек.
Би требало вo јх денот. Ама овие нема да те најадат. Не заменувај оброк (кој би можел да е побогат и подобар) за соленки. Плус, едно такво паковање има сигурно над 500 калории... _____ 9. протеински ден (циклус 3) п: 2 јаболчиња испасирани + цимет, зелен чај р: 3 јајца + малце урда + 1 лажиче ајвар (печени во тафлонска тава), марула, 1 нутри печено лепче у: макијато без шеќер в: 2 јајца + малце урда + 1 лажиче ајвар, патлиџан со магдонос, 1 нутри печено лепче п.с. Не можев да одолеам на вкусот на ајварот, ама бидејќи е правен и со модри патлиџани и минимално масло затоа си дозволив. Немат да умрам
Bright вкусни се вака јаболкиве? и те најадуваат ли? те држат сита барем 3 часа? И ова со урдата, јајцата и ајварот како го подготвуваш? Се мешаш и печеш? Сакам да пробам нешто ново, ако нон стоп јадам само варени компири и шпагети ке ми се здосади. Морам денови да прочепкам некакви рецепти за диетава. Инаку еве тука пишува и кој ден колку треба да биде просторот меѓу оброците и тоа игра улога http://blog.dijeta.net/2012/03/25/un-dijeta/ А еве го и форумот http://www.dijeta.net/phpBB/viewforum.php?f=1 што ви го зборев предходно, гледам за секој ден од диетава имаат нови теми и си постираат рецепти. Добро се организирани за разлика од нас Прочепкајте имате и тема што после држење на диетава, како да се храните за да нема јо-јо ефект, пошто ве читам многу сте ги вратиле кг после диетава.
Драги диеталки поминаа 15 денови од кога ја почнав диетата (не ми се верува дека издржав до толку) со еден катастрофа ден досега не е лошо Како ви оди ? Се меривте ли ? Јас досега сум ослабена 3 килограми, следното мерење го планирам здравје на 18 октомври. Јаглехидратен ден денес мммммм.Почнав со две круши и турско кафе без шеќер за доручек, за ручек си припремав шпагети со ќечап и печурки, а за вечера кроасан и црно чоколадо -најлепше желје со 75% какао. Преубав ден !
Фала за линковите, ќе се информираме повеќе вака Иначе јас воопшто не сакам јаболка, ама пасирани со цимет се нешто сосема друго! Единствено само така можам да ги јадам. Мене ме држат 2 сати (така барем денес), ама гладот го одложувам со кафенце, чај, вода и така доаѓам до 3/3 и пол часа. Ајварот (1 лажица, онака колку од мерак и арома) го ставам да се затопли малце на тафлонска тава, а потоа изматените јајца со урда + зачин + сецкан магдонос ги додавам во тавчето, најнормално си ги мешам и потпечувам додека не си добие смесата нормална боја. Да скратам: исто како да ги пржиш, само не ставаш масло Мене ми се убави вака. За другиот пат на пример прво би издинстала печурки, па би додала матени јајца + магдонос + сецкан патлиџан. И кога ќе видиш дека јајцата си добиле испечена форма (знаеш, исто како пржената), јадењето е готово и... вкусно! п.с. Зачините прават чудо, како на пример цимет за благо и пикантна вегета за солени јадења!
Фала на советот, а и самата приметив дека не е добро за желудникот во секој случај. полека но сигурно се навикнувам, а и се вежбам доста па очекувам брзо резултати
УН диеталки, како ви оди? :geek: Јас денес си јадев скробно, но не и скромно Изедов еден тон тавче гравче (читај вкупно 700 гр) и малце повеќе лепче од дозволеното. Ќе умрев колку само бев гладна и ненаситна. ПМС? Мерак по грав? Од сабајле до вечер на факс? Да, да. 10. скробен ден (циклус 3) п: 1 средно јаболко, (па по сат и пол) 1 средна круша, кафе (без млеко и без шеќер) р: гравче тавче, пченкарен леб со маслинки в: гравче тавче, нутри лепче, 1 патлиџан
^ Ме интересира, дали гладуваш? Бидејќи она што го јадеш е многу малку. Со гладување само ќе си го забавиш метаболизмот...
Gladuvanjee??? pa jas iskreno se cuvstvuvam prenajadeno isto kako da ne drzam dieta. Duri i ova mi e mnogu
11. ЈХ ден (циклус 3) п: 2 мали банани, зелен чај р: шпагети со томатело сос и динстани печурки в: 1 ред темно чоколадо, тутку, 1 парче торта
11 den jh turbo un D-2mandarini R-jufki so tomatelo V-1kocka cokolado za gotvenje 1kocka kafeavo 1kocka belo i plus 2lepcinja ajvar mn mi se jadese i sega neubo se cuvstvuvam me grizi sovest ama pa 2sati bev na fitnes ii 7casa na uciliste ne e malce aj utre ovosen 12ti den mandarini cel den to imam doma