едно прашање... сите диети или совети за правилна исхрана пишуваат треба јаболка, ме интересира дали има врска какво јаболко: зелено, или... знам дека зелените се т.н. "диетални" ама дали се ефикасни и другите јаболка?
pa jas mislam deka nema vrska zatoa sto ovaa dieta vika ovosje nautro vo par a ne psuva dali jabolki i kakvi,jas ja drzam dietava i jadam sekakvi jabolki t.e.kakvi imam vo momentot...ti do koj den si ili uste ne si pocnala pozz i so sreka
Zdravo dietalki.Nova sum na forumov sto ne znaci i deka ne ve sledam.Sekojdnevno prelistuvam za dieti i sum probala poveke.No pred 8 dena ja pocnav un dietata.Odamna sakav da ja pocnam ama se zalazuvav za golema kilaza e aj ke najdam nekoja pobrza.I od site brzi dieti rezultat jo jo.Od ovaa dieta vidlivo sum oslabnata i poleka poleka go menuvam nacinot na ishrana sto mi mnogu bitno.ke se meram ovie denovi i ke ve izvestam kolku kila sum oslabnata da vi dadam motivacija i se razbira podrska.Samo napred i ne se otkazuvajte.Dobra odluka na onie koj ja pocnale ovaa dieta...Bavno ama sigurno.I za kraj sakav da ve prasam vcera imav sroben den i grckav soncoglem imav gosti i se izlazav zemav malku,isto i denes leblebija malku a imav jaglenohidraten se plasam ova de ne vlijae mnogu,inaku do sega ja nemam prekrseno duri i jadam pomalu od preporacanoto.Se nadevam nema da pravam poveke vakvi greski za vikendive.Tolku od mene i goooolem pozz do site!Super sto moze da spodeluvame iskustva.
Денес ми е денот со тесто и благо. Со задоволство изедов сладолед, ама за беља земав црно чоколадо со 75% какао. Обичните црни се со 50%, а има и со 88%. Е ова што го земав е многу горчливо, на се' личи, само не на чоколадо... се прашувам какво е тоа со 88% А арно сакав црно нестле, пробана работа, ама немаше во продавницата во која бев.
Eve mene mi e 28 den i sum na ovosje....uf toa mi e najteskiot den.Inaku utre ke drzam voden den pa ke videme kako ke odi.Inace i jas drzev brzi dieti i posle niv jo jo efektot,a dodeka od ovaa sum prezadovolna,go smeniv nacinot na ishrana sto i na mene mi bese mnogu bitno,oslabneta sum i produzuvam ponatamu i eve i od mene imate site golema podrska.
28 дена! Браво! Се надевам дека ќе издржам и јас, ама водениот ден мислам дека ќе го скокнам. Со среќа утре Julie! Пиши како издржуваш...
zdravo zenski,mene mi bese denes 7 den-testenina i super go projdov utre ovosen e toj e malku kriticen ama ide nekako :roll:inaku mi e super i veke se osekam podobro ama dietava e stvarno dobra .prvite 2-3 dena mi bese tesko i osekav glad megutoa sega veke nemam problem,mn sum uporna i si vetiv ovoj pat nema da prekrsam....za sekoj sto saka da ja pocne ja preporacuvam zosto nema da zazalite ...pozz pa pisete do kade ste :up:
Јас веќе една недела сум на диета. Ослабев 1.5 кила. Да не се опуштев толку вчера со благо, а бога ми и леб, ќе беа и две, ама ај да сме живи и здрави. Всушност во саботата и беа две, ама вчера изедов еден леб и не знам колку сладолед . И онака викаат дека после секој циклус од 4 дена треба да имаш 1 кг помалку, значи таман утре сабајле. Дали ја прекршив? Пууу, 100 пати. Ама задоволна сум. Денес сум на овошен ден, па ќе има резултати . Важно почнав да се навикнувам на помалку храна. Сега уште да се навикнам да вежбам и да се мачкам со антицелулитна крема
Се мерев викендов и видов дека сум накачила некое кило :? :? :? т.е 8 кила Многу бе... па си мислам да ја почнам оваа диетава, ама никако да се нафатам... читам само позитивни резултати, па се надевам дека ќе ми бидат доволна мотивација да почнам и јас со диетава... а инаку сум строг противник на диетите, ама не ми оди слабеењето како што ми одеше лесно порано :roll: А оваа диета е само за мене, штом може да се јаде благо... ех, без пусто благо да не се можело... кој ли го измислил? :evil:
И јас Анат од истите причини сум на диетава, се здебелив 8 кила. А и претходно околу 5 ми беа вишок Добра е диетава, овошниот ден е малку тежок, ама се издржува. И мене ми се допаѓа тоа што има благо, инаку не би ја држела. Инаку 8 кила ќе симнеш и со внимавање само, многу салати и овошје, и не јади доцна. А и онака веќе се стоплува, помалку се јаде кога е топло. Јас секоја зима имам 5-10 кила повеќе од лето.
Почнав така, па демек ќе внимавам, ќе јадам само салати... и јадев... ама нема ефект како што имаше порано :roll: остарев изгледа, па ќе мора малку поригорозна да бидам и сосем да исфрлам благо
Jas sum na voden den...i do sega izdrzuvam i ne mi e voopsto tesko ama sega zasega.Obicno vecerta me faka kriza...ke pisam podocna pak kako mi odi
Мене денес малку ми фали да се откажам. Овошен ден, страшно се чувствувам. А не можам да си легнам, имам работа.
Психолошкиот притисок секогаш ми бил најголема пречка за слабеење.Затупуваат диетиве,цело време те тера да мислиш на храна и броиш минути до следниот оброк,не можеш нормално да обавуваш една единствена работа...ужасно... Чисто информативно...тетка ми има создадена бубрежна слабост од оваа диета која ја има држено 3 месеци и уште три месеци потоа со овошје за доручек,а бубрежната слабост доведува до хронична анемија и слични компликации...Мислев и порано да ви пишам,ама се фалевте со супер резултати и слично,а и знаев дека ќе добиев муабет од типот кај секој различно,ама па никој не знае дали е баш тој секој кој може да му се случи истото...Има наследен фактор,сплет на околности,но во случајов токму ова било причина заради неизбалансираноста на оброците,секој ден е поделен што јадеш,а дневно ти треба комбинација од се за нормално да функционираш,а плус тоа нели појадокот е најважниот оброк,а овде се содржи од само две овошки кои не се доволни за до ручек,плус нема ужини,а главните оброци се огромни.Како одеше она,појадокот изеди го сам,ручекот подели го со пријателите,вечерата дај му ја на непријателот...Ако наутро доручкувате обемно и тоа биде житарица со јогурт или црн леб со намаз или оние круговите од пресуван ориз со парче шунка и домат и јогурт,сеедно...Од свое искуство,јас така ослабев...а оваа диета не би ви ја препорачала баш заради ова искуство од мојава околина. За појадок имав некоја од комбинацииве,за ужина си грицкав пола краставичка или еден морков,на факс,на факс си носев важно,си купував од мини пакувањата мусли и си ги јадев на факс и ич не ми беше гајле право да ви кажам,за ручек си јадев варено месо со варен зеленчук и многу салата,пак истата ужина,а уфрлав и по некој лешник,бадем,суво овошје и вечера кога како,некогаш не ни вечерав ако не ми се јадеше.И шишенце од пола литро вода постојано со мене,додека го гледам пијам и си знаев,пет пати ќе го наполнам и сум задоволила дневни потреби.И такаааа....