турбо ун е една варијанта на ун каде деновите одат вака протеински скробен овошен протеински јаглехидратен овошен ја држат најчесто кога губењето на кг со обичната ун ќе стагнира,ама јас ја држам константно турбо ун и се губат кг и тоа можеби и побргу се губат,е сега поентата е што е малку “тешка“ да речеме,ако не си навиканат на диети подобро не ја ни почнувај неа,почни ја обичната ун а потоа ако веќе сакаш кога ќе се навикнеш на храната почни ја турбо ун ете тоа е упс претходно настанала забуна со Bright набрзинка го видов мислењето нејзино таа пишала дека е дозволено кафе а ја ја сватив дека прашува дали е дозволено
ден 01/12 - Протеински ден ден 02/12 - Скробен ден ден 03/12 - Витамински ден ден 04/12 - Протеински ден ден 05/12 - Јагленохидратен ден ден 06/12 - Витамински ден ден 07/12 - Протеински ден ден 08/12 - Скробен ден ден 09/12 - Витамински ден ден 10/12 - Протеински ден ден 11/12 - Јагленохидратен ден ден 12/12 - Витамински ден Ова е редослед од 12 дена кој треба да се држи пред вториот и третиот воден ден. Значи, после првиот воден ден, си ја тераш нормалната турбо ун диета 4 х 4 дена = 16 дена, па потоа овие 12 дена од турбо ун, па потоа воден ден. Но, како што пишав погоре, прочитав дека доколку константно намалуваш килажа, никако не смее да го тераш ова турбо ун, само ако стагнираш со килажата.
јас да ви кажам се откажав од диетата држев 42 дена обична ун и 12 дена турбо ун досега изгубени 7кг почнав со 69кг а завршив со 62кг ке продолжам понатаму меѓутоа со вежбање и со тоа што ке внесувам помалку отколку што трошам повеќе ми одговара и неможам да се замарам секој ден со планирање и со готвење навистина немам време а за тие што ја држат диетата да продолжат со неа бидејќи навистина е добра јас ја препорачувам мене искрено ми помогна ама како што кажав ми се смачи од планирање како,кога,што ке јадам епа девојки ви посакувам на сите срека и да стигните до посакуваната тежина не се откажувајте и верувајте во себе бидејќи јас не верував дека ќе успеам а сепак успеав кисчиња
19. овошен ден Се‘ на се‘: 2 јаболка, зелен чај, 30 гр. суво овошје (ананас), 1 краставица, 1 патлиџан, 1 пиперка, 2 средни банани, бадеми, супа (1 литар). Не ми е денов баш овошен/витамински, ама ова е најмногу што можам да скратам од нормалните јадења.
Јас цело време ве читам а сега и ви се придружувам Од денес ја почнав диетава малку ми беше тешко сабајле навикната да јадам леб, благо и по цел ден на работа нешто да грицкам ама сега ми е ок Никогаш до сега не сум била на ваква диета.Секогаш сум слабеела со намалување на исхрана и исфрлање на леб,благо и вечера Држете ми среќа
не се секирај не си сама, и мене ми е скробен па си сварив два компири големки со кечап. па за вечера ке намалам
20. протеински ден п: 2 јаболка, зелен чај, кафе, бадеми р: селско месо (350 гр) уж: јогурт со половина краставица в: 2 јајца со ајварче
2 ден скробен лелеее сабајле ми е најтешко и сега само што ручав компири и кечап и ми се слоши иначе изедов сабајле банана. Ручам рано и вечерам во 6 и толку Ќе видиме како ќе оди сега за сега не се откажувам
Сакам да ве прашам од понеделник ја почнав диетава и денеска ми беше јаглехидрати.. Што друго можам да јадам освен тестенини и кифли. И дали е во ред што денеска изедов две кришки леб едно кебапче и пола толумба ДА НЕ ЈА ПРЕКРШИВ СЛУЧАЈНО СО ТОА КЕБАПЧЕТО ???
Natalija заедно ке ја држиме диетата и јас почнав од понеделникот..Мислам дека малце си ја прекршила бидејки кебапчето се јади во протеински ден но не се откажувај продолжи понатаму...Мене денес ми е овошен ама си направив и супа неможам да издржам цел ден на овошје
Здраво девојки! Јас ја држев оваа диета во април до јуни и имав одлични резултати..Ослабев 8-9кг..Потоа не внимавав воопшто на храната и си вратив 5кг..Од денес ја започнувам пак, но планирам да ја држам само 1 месец..Ќе видеме од резултатите.. Денес протеински: Доручек: една голема јаболка Ручек: 2 варени јајца и марула салата Вечера: 1варено јајце и салата..
Драги мои, денес ми е 57-ми ден од диетава, супер ми оди и сум презадоволна. Но имам една неразјаснета работа што многу ме мачи. На различни места, различно пишува и не знам што да правам. Инаку, се однесува на овошниот/витаминскиот ден. Некаде читам дека смее тој ден да се јаде само овошје, а некаде читам дека денот всушност се вика витамински и дека може да се јаде и овошје и зеленчук, но, доколку во текот на денот почнете да јадете зеленчук, не треба после тоа пак овошје да јадете. Однапред Ви благодарам! П.С. Утре ми е вториот воден ден!
Јас ја имам држено диетава 2 пати. Имам неколку пати што ја држеле повеќе пати исто. Повеќето од нас го скокавме воден ден. Жал ми е, ама колку и да сакам да симнам килажа никогаш нема да се изгладнувам. Во врска со витаминскиот ден, можеш и овшје и зеленчук само мора да внимаваш каков нели. Марула, морков, зелка, цвекло, патлиџани, краставиви, спанаќ, пиперки. Сме правеле секакви салати, и само овошни, и само од зеленлук и мешани. Марула салата со краставица, ореви и бадеми, и пиперки (од тие црвените за зимница)...МММ мераци.
Јас ја имам држено диетава 2 пати. Имам неколку другарки што ја држеле повеќе пати исто. Повеќето од нас го скокавме воден ден. Жал ми е, ама колку и да сакам да симнам килажа никогаш нема да се изгладнувам. Во врска со витаминскиот ден, можеш и овшје и зеленчук само мора да внимаваш каков нели. Марула, морков, зелка, цвекло, патлиџани, краставиви, спанаќ, пиперки. Сме правеле секакви салати, и само овошни, и само од зеленлук и мешани. Марула салата со краставица, ореви и бадеми, и пиперки (од тие црвените за зимница)...МММ мераци.
Целта скоро постигната после еден месец нате-нане и куп грешки,успеав да симнам 6 кг на мета се уште 2-3 ама никаде не се брзам полека и тоа ќе биде. Денес 31.Скробен ден д-две јаболки р-бел грав,марула салата,кришка црн леб в-само салатата (со мал прекршок-шака семки,зараза у фамилија ни се ) ИИ ден за одмор од активности..
Здраво феминки! Имам едно прашање,дали користите масло за јадење при готвењето? Инаце денес ми е 11 ден-јх,а целта ми е симнување на 15 кила.
Мнооооогу ти благодарам на одговорот. Инаку, јас не дека сум гладна само од овошје, ама ми здосадува тој сладникав/сладок вкус цел ден, ми фали и нешто солено. И секако дека повеќе би ми одговарало да можам и зеленчук или само зеленчук да јадам. А за водениот ден, мене ни малку не ми е тежок и ни малку не прегладнувам. Јас и лани летото ја држев диетава, ама немав информација за оддржувањето (што значи дека и не го држев) и пак си се поправив. Е сега, откако ги имам сите потребни информации, решив да одам до крај.
Супер си имам друштво па ја утнав малце ама па затоа денес само цедевита пиев и јаболки јадев а и едно кафе без шеќер и супер ми помина иако мислев дека ќе ми биде тешко