јас имам повеќе за симнување едно 15кг,па затоа очекував побрзи резултати овие денови.висока сум 170см,а имам 78кг.фала за подшката,во секој случај ќе продолжам па се надевам дека понатака полесно ќе оди.планирам во вториот циклус да уклучам и турбо он па ке видиме.
кај тебе разбирливо пошто имаш малку вишок,а јас имам повеќе па очекував побрзо да оди.е сега не сум нешто физички активна пошто немам баш време за вежбање ама од сега ке се потрудам некако и тоа да го вклопам во дневните активности па се надевам на подобри резултати.
25. протеински ден п: 2 јаболка, блендирани со цимет и мелен орев, кафе уж: пола литар јогурт (1%) р: 3 јајца со урда, малце ајвар, 1 пиперка в: домашна телешка чорба, без масло; салата зелка уж: 1 ред темно чоколадо (не можев да издржам) активност: накачување до средно Водно, 1 и 10 мин аеробик
Јас не издржав ни еден циклус со диетава ................. Незнам се мислам дали од утре пак да почнам и ќе се радувам ако издржам барем 10 дена со ун. Ќе се радувам како мало дете. Најголема причина што вечерта кога ми беше овошен ден изедов што ми текне поради тоа што цел ден бев на јоболка никакво друго овојше. Но ако ја почнам ун за овошен ќе си изнакупам портокали, големи убави зелени јаболка и уште некој вид на овошје и нема да си дозволам да ја прекршам. Со килограмите одам се нагоре и нагоре. Наместо надолу...
леле луѓе кажтете ми што да правам...викендов крш.се изнајадов се што најдов.бев излезена и винце,даска...мераци 18-ти ден ми беше во петокот,дали да продолжам или да почнам од почеток?
Здраво девојки, и јас почнав да ја држам диетава, денеска ми е 22ден. Сеуште немам ослабено ниедно килограмче, ама не очајувам дека воопшто не ми е тешка за држење + ми воведува ред во јадењето на благо. Ке го пишам и јас моето мени, за да си водам евиденција што јадам 22/скробен д. 2 круши р. тавче гравче + зелка салата в.ке купам гравче во конзерва (она на подравка ) + чаша црвено вино
23/Јагленохидратен р. мала доминос пица garden passion ,знам дека несмее моцарела и печурки ама ето Ч( ужинка. 1 ред црно чоколадо в. 1 еклер и тост од две црни лебчиња со путер од кикиритки, џем од брусница и пола банана физичка активност. 1 час P90X
Веќе 3 дена си се зезам со диетава, ама ништо страшно не изедов. Храната која ја внесувам обично е: овесни снегулки со јогурт, јогурт со интегрален геврек, нутри лепчиња, банана, јаболка, супа... по 2 л вода на ден... ме смрзи да готвам, а и очигледно ја напуштам диетава. Си продолжувам со вежбањето, no excuses!
Дали е прекршок ако во јаглехидратен ден изедам 2 лажици мед после вечера а за вечера изедов 50 грама чоколадо најлепше желице а за доручек 2 јаболка и ручек тестенини со кечап и пинџур малку
24/Витамински 1.5л сок од јаболко, цвекло, морков и лимон (дома во соковник приготвен). 50гр бадеми непечени, 100гр смокви и урми, 1 портокал, 1 тањир супа домашна од карфиол
јас по незнам кој пат ја започнав диетата, ама овој пат ке ја држам барем до нова година 1 ден протеински појадок калинка, ручек пржен праз со урда, вечера јогурт 2 ден скробен појадок калинка, ручек печен компир, вечера пченка 3 ден ј.хидратен појадок јаболка, ручек печени макарони со зеленчук, вечера милиброд и капучино 4 ден овошен до сега 1 банана, круша, калинка, јапонско јаболко, супа од карфиол и брокула со лимон, и моментално грицкам 80 гр микс од бадеми, лешници и индиски ореви кафе пијам турско без шекер, макијато само во протеински, вчера пиев капучино, дека е благо стартував со 58 кг, се надевам дека до нова година ќе симнам 5, висока сум околу 162см Утре протеинскиза ручек планирам да јадам печен спанаќ со јајца пред 2 години за неполни 3 месеци симнав 7 кг, и бев многу задоволна,дури за 2 години со многу храна вратив 5, значи килограмите не се враќаат лесно а за пијалокот од ѓумбир баш денес разговаравме, доста ефикасен бил, може да го правам во 2 л вода се ставало еден лимун на тенки парченца, една краставица исечкана, 10тина ливчиња нане (или една лажица сушен) и една лажица рендан ѓумбир, стоело една вечер и се пие во текот на следниот ден, доста помагало за детоксизација на организмот, јас наутро пијам малку јаболков оцет во чаша млака вода извинете на долгиот пост
25/Протеински д.Пола лимон со лажичка мед и млака вода р.пилешко на скара околу 150гр сос од домат и печурки в.Варено пилешко со брокула сега и ке си извежбам 1 саат P90X
Дали е грешка ако во овошен сега на крајот на денот изедам едно цвекло варено 1 печен компир, руска салата и малку пинџур???
Цвеклото и компирот нема да се грешка, но во мала количина колку да се заситиш, по можност закисели ги со лимон, без сол, а руска никако, ни преку ден, а не пак во ова време од ноќта. Пинџур исто - не.
само цвекло јади, компир не, руска салата зависи на која мислиш, ако е онаа кисеката со морков краставичка и зелка може, а ако е онаа со мајонез никако, а пинџур според мене можеш да изедеш една-две лажици, ама без леб, колку да го сузбиеш гладот а најдобро ништо да не јадеш и да си легнеш