Waka-waka Сакав да те прашам дали планираш Водниот ден да го држиш? Јас по правило треба оваа недела, ама каде во недела,цел ден дома сум нема шанси да издржам. Па, мислев да сменам во вторник. Есктремно е малце, плус после овошен ден, ама ќе се обидам да го издржам.
Нема да го држам водниот ден, зошто овошен,па воден нема шанси да издржам и многу веројатно дека кон крајот на денот ќе надоместам наголемо со се и сешто за нејадењето.
ден 2/90 скробен доручек 2 мадарини 2x47 kcal ручек ќе ми биде варен компир 68 kcal вечера 2 киви 2х42 кcal во меѓуоброци можеби 2 јаболки 2х95 кcal ама се надевам ќе ги одбегнам значи 246 кцал + 190кцал
И еве ме мене пак! Си држам од лани, ама празнициве ептен ме извадија од контрола па решив да почнам пак да пишувам овде 1/90 п: банана, па мандарини, вода , кафе р: туна со кромид плус салата од краставица в: павлака
30ти ден,скробен Појадок кафе и две мандарини,ручек гравче и салата,вечера само салата. Нема некои поголеми промени во килажата,минус 5кг и 900 гр. сум. Очекувам да има поголем напредок утре после овошниот ден. Решив сега недела две не се мерам за да се израдувам после.
27/90 Овошен Појадок -две јаболчина Ручел - две банани Вечера - Краставица Морав бананките, знам дека се калорични, ама па гладна бев! Резултати после водниот ден
Hey guys Јас сум нова овде, се викам Калина. Долго време се терам себе си да се пријавам на некој форум, па откако исчитав голем дел од овој форум, решив да се пријавам. Имам многу лоша приказна, поради која ке наидам на критики секако, од страна на вас. Јас сум 21 година, сега за 2 месеци ќе наполнам 22, висока сум 183 цм( да, висока сум многу) но, тешка сум 137 килограми . Сигурно, сега се прашувате како можам да сум толку дебела ?! - Девојки, јас имав пореметување со исхраната, јадев по 10 пати дневно и тоа хамбургери, џипсови и слични џанк фууд. Бев тешка 80 килограми и навистина прекрасно ми стоеја на мојата висина. За жал, како стипендистка на факултетот мој, морав да го одржувам просек 9. Тоа изискуваше од мене голем напор, бидејќи јас не студирам во Македонија туку во Англија. Се заљубив во еден идиот, по прв пат вистински и после неговото заминување од мојот живот, морав да внесам нешто ново за да можам да учам и да одам напред, за жал тоа беше ХРАНАТА. Од Мај 2012 до сега, се поправив цели 50 килограми. Пробав многу диети. Телото ми е страшно, уништено со стрии. Немам самодоверба и многу пати дури под тешки маки имав и суицидни мисли. Веќе не страдам по дечкото, па си мислев пред 2 месеци, зошто тогаш да ја сакам и храната? Пред тоа, верувајте многу пати пробав да се откажам. Се откажев на 2-3 дена, а четвртиот јадев ко ненормална. Пред 2 месеци дојдов во Македонија, сите што ме видоа се уплашија. Не сакав да се среќавам со луѓе. Моите родители, беа преплашени и татко ми нонстоп ме угнетува ради мојата тежина а мајка ми плаче. Викнаа доктор интернист, но зошто ми е, кога јас студирам медицина и добро знам за што се работи ! Појдов на психолог и така секој втор ден колку што седев месец дена во Македонија, одев на психолог. Веќе не сум зависничка од таква храна. Сега си јадам и чорби, домашна храна како порано. На една другарка мајка и, која е интернист ми ја препорача УН диетата како почеток на мојот циклус.Па, драги форумџии, почнувам од утре. Секој ден ќе пишувам што како јадам и како се чувствувам. За среќа, желудникот има својство и да се грчи доколку не е претерано проширен, за среќа кај мене не беше до толку.Не сум веќе зависничка од храна, не се палам по помфрити и хамбургери. Се палам и трагам по мојата самодоверба и убавина, како порано. Се надевам, ќе ме сфатите и подржите. Утре ми е 1 ден.Да ја изгурам прво диетава, па после кај нутриционист и се ќе си дојде во нормала. Многу сум возбудена. Тоа беше накратко мојата црна периодична биографија
7 ми ден Доурчек 2 киви Ручек макарони со кечап и маслинки Вечера 1 парче бисквит торта Овошен 8 ми ден Ухх уште трае ме фаќа криза а веќе не ни сакам да јадам овошје , па се налевам со зелен чај . Инаку феминиум навечер не би требало да внесуваш овошје за вечера , пола од ручекот убаво си пишува ти го видов и протеинскиот ден ,повеќе личи на овошен ден , само со едно јајце , ако не сакаш јајца внесувај урда, јогурт .. Важно е да биде вечерата пола од ручекот како што е наведено.
Samo bidi dovolno uporna za da ja postignes svojata cel. Dietata e super i pritoa nedozvoluva da si kojznae kolku gladna,! Ja imas mojata celosna poddrska
Ви благодарам на подршката. 1/90 доручек: 2 портокали ручек: 2 печени батачиња со кисела салата вечера: пола батаче со туршија
НЕ НЕ НЕ пак се откажав,за момент се убедив себеси дека нема потреба од диета во моментов и ја прекинав и сега се каам,ама касно е веќе јадев пица