Диетава е навистина најдобра. Лани ја држев и симнав околу 7-8 кг (за 2 месеци со неколку прекршоци) ама ја прекинав, а знаев дека можам повеќе. Сега ги имам сите вратено назад, па пак сакам да ја држам после Водици. Овој пат и мајка ми ќе ми се придружи, па се надевам полесно ќе биде. И нема откажување.
Денес ми е 39 ти скробен ден Оваа недела стагнирам со килажата, минатиот витамински ден го поминав без да симнам грам. Се надевам утре ќе е подобро.
10 ден: појадок: една банана ручек: гравче,карфиол и парче леб вечера: една јаболка Резултат: 84.0/87.5 kg Цел: 62/87.5
16/90 Јагленохидратен ден Само ручек варени шпагети со кечап за вечера ќе видиме можеби ништо Добро едно прашање тие што ја имаат држано целата дали има некој со повеќе од 10 килограми што симнале или сите максимум до 10????
Добро дали некој сменил денови во врска со исхраната? На пример ако денес требало протеински ден, да држиш прво скробен, па после протеински, ако околностите не ти дозволуваат? Дали влијае на диетата или задолжително е по ред како шо пише? Ок е еднаш да речеме, знам, се дешава, зборам за повеќе пати јас. Инаку јас сум 8 ден денес и се чувствувам прекрасно, рано е за резултати, ама јас сум задоволна од тоа како издржувам и како ми оде до сега.
Еве уште еден кандидат за УН диета,два пати после породување симнував по 20-тина кила со неа успешно. Пред празнициве имав сигурно 4-5 кила помалку и мислам дека е крајно време да ја почнам. Од понеделник,ветувам
4 ден со еден куп прекршоци Вториот ден јадев колаче третиот едно парче риба и денеска малки пивтии и една кифличка и печено месо а имам овошен ден Од утре строго!
Се надевам дека и јас од денеска ќе почнам со УН. А се надевам и дњка ќе успеам да ја додржам до крај. Сега сум со полно меше па сум супер мотивирана,а што ќе биде кога ќе огладнам, не знам.....
Е од денеска и јас почнувам.Цел-10 па до 12кг минус 1 Ден-Протеински Појадок-едно јаболко Ручек-две варени јајца и 2 кисели краставички(без леб) Вечера-рано ми е ама планирам овошје Со среќа на сите шо почнуват!
И мене денес ми е прв ден Им посакувам среќа на Стефани и Мимоза За ручек и вечера имав варена зелка со парчиња месо.Никакво масло,само вода и вагета За појадок 1 портокал. Се надевам овој пат нема да заврши безуспешно. Мене ми е најтешко само кога сум втора смена на училиште
Со среќа на сите што почнале да ја држат диетава, и за оние што издржале до сега. Јас почнав вчера 1/90 протеински Д- 2 портокали Р- месо и салата В- не вечерав бидејќи не бев гладна, изедов само една Витанова . Плус многуу, многууу водааа
Да се пофалам дека овошниот ден го издржав без грешка Денеска 5ти ден Појадок -ништо Ручек-стек со зелена салата и сирење Вечера- пола од ручекот (доколку сум гладна) а може и само салата
42 ден. скробен Вчера ми се случи првиот кикс во диетата,да не ве стрвам со што каснав,ама внесов 300 калории плус,според моите пресметки. Денес продолжувам како ништо да не било.
1 ден протеински п- не јадев ништо р- житарки(диетални) и млеко в- планирам 1/2 кг. баланс + да испијам
Фала...Гледам дека има многу девојки кои за вечера јаделе овошје...а и изедов за ручек 2 јајца и сеа нели требаше са вечера 1(половина од ручекот) а тоа незнам дали ќе ме засите...и затоа...можеби грешка направив