уште додека си на почеток да те советувам малку Значи тоа што го јадеш за ручек првите 2 дена за вечера ти е истото само половина од тоа што си го изела за ручек.Ако јадеш 3 јајца за вечера изеди 1ипол-2 Ако изедеш 4варени компири за вечера изеди 2 ... Не се меша како денеска што си направила
Овошниот ден помина прекрасно Д-1 зелено јаболко Р-за промена црвено јаболко В-1 јаболко и минијатурна мандарина Поминав само со 3 јаболка и мандарина и многу вода Немам вага да се мерам ама затоа се мерев во обем и минус 3цм
Да точно е дека не треба да се меша,меѓутоа во протеинскиот ден количината не се преполовува туку само во скробниот
Од старт и одма грешам ... фала на сугестија 2 /90 скробен п. 1 портокал, 1 јаболко р. ориз, и салата карфиол, немам потреба за леб покрај оризот в. ке јадам исто ориз ама леб не воедно да кажам дека од денес почнујем во теретана и си набавив Л- Карнитин мора да се ослабе бреее и тоа под хитно
Основата на оваа диета е да не се мешаат видовите на храна, значи никако ЈХ со Протеин, или Скроб со Протеин, или ЈХ со Скроб, ти два дена си јадела ЈХ, и двата дена со протеин. Инаку 25ти треба да ти биде ми се чини Воден ден, ако не го држиш веќе можеш да започнеш со Протеински, ама 24ти требало да ти биде бар Витамински. Општо во глобала гледам избегнувате да ја јадете супата, а пак кога ќе дојде ред на Витаминскиот тогаш си ја јадете Во витминскиот никако супа, не ми кажувајте уште дека е готова супа од кесиче и тоа сосе тестенини, ако ептен веќе не можете без супа, или не можете само на овошје и зеленчук, направете си сами супа, зеленчукова, не пилешка, телешка, кнедла и не знам веќе каква не, тоа кесичките се полни масти и воопшто не се здрави. Во продавница или на пазар имате врзопчиња за супа, 50 денари е едно, пуштете го во лонец со 2 литри вода, нека се извари убаво така што да омекне целиот зеленчук, кон крај додајте лажица маслиново, лажица вегета, биберче и сварениот зеленчук испасиран. Супава може да ја јадете два-три дена без ништо, си седи во фрижидер, па дури и во витаминскиот ден, бидејќи не содржи никаков протеин, скроб или ЈХ. Разликата помеѓу купечката и оваа супа е што во првава има куп маснотии и тоа незаситени, суви материи кои се лепат за газенцето како ништо и се претвараат во целулитче.
9 ден протеински П-јаболко Р-2 варени копани со краставички и една рибанка леб В-еден копан и една краставичка
Да треба исто како ручекот без разлика дали си или не си јадела супа.Но подобро е да ја јадеш.Поздрав
Значи не МОРА да јадете исто, битно е да не јадете повеќе, а дека мора исто, баш и не мора, јас секогаш за вечерата јадев помалку, пример ако јадев за ручек чинија пилешка чорба и парче стек, за вечера ја јадев само чорбата, подобро е да биде течноста отколку месото, според мене. Јас ослабев 22 кила со диетава, на мене се гледаше многу, премногу, и ден денес си се држам со некои си пола и повеќе кила намалени, вратив малку ама не е како што бев порано. Значи работата е да не мешате, ако сте јаделе јајца за ручек да бидат јајца и за вечера, ако сте јаделе мевце нека биде пак мевце. А за појадокот, јас секогаш јадев отповеќе овошје за појадок и тоа мешано, скоро ич да не јадев исти овошки и само две, секогаш јадев различно. И пак ќе речам, многу грешки праите и од диетава партал имате направено
Ја почнав оваа диета и денес ми беше 2 ден. Јадев за појадок 2 јаболка, за ручек варен грашок (само со вегета) скроз малку леб и кромид насецкан (немав ништо од зеленчук друго) и цвекло од тегла. За вечера цвекло и грашок(беше малку повеќе од дозата што требаше, но се надевам не пречи многу?) Досега друга грешка ми е тоа што вчера не јадев супа за ручек. Многу голема грешка или пак? Се надевам ќе успеам да ја држам барем 40тина денови. Ми треба и ваша помош во тоа, секоај замерка и критика е добредојдена.
11 ден Јагленохидратен појадок: / ручек: макарони со кечап вечера: 2 палачинки со малку мед 12ден овошен(зеленчуков за мене) Денеска изедов само 2 краставици и пиев вода со исцеден лимон Утре сабалје се мерам да видам резултат од овие 12 дена па ќе ви кажам како напреднувам
Здраво , Не пишуам редовно но еве 17 дена сум на диетава и сум ослабена 4 кг , и во обем имам симнато. Имам прашање дали некој од вас го користи растителниот кашкавал и дали е дозволен да се јаде?
Растителниот кашкавал ти е сува материја и масти, во него нема ништо што ќе ти помогне во диетава. Подобро само во протеинскиот да си јадеш вистински млечен кашкавал него ли да го јадеш овој секој ден, нема логика стварно. Не би знаела да го класифицирам во ниедна категорија бидејќи е само масти и сува материја, ништо што е добро во него
Ajde od utre i jas ke ja pocnam dietava,se nadevam s vasa podrska uspesno inaku sakam da oslabam 7 kg,sega imam 67 i mnogu se nerviram aj so sreka na site sto ja drzat
AngelOfArh бидејки си ја држела диетава , дали во овошниот ден јадеше и зеленчук ? Јас толку многу пазам да не утнам нешто што тој ден јадам само овошје и ништо друго . се друго мислам дека е погрешно
Јадев, до 15 часот јадев само овошје, после 15 само зеленчук и тоа големи салати си правев, брокули, моркови, цвекло, јас ја држев зимно време па немав некој избор на салати, па си јадев и туршии