72/90 - Јагленохидратен Доручек - Јаболко + Кафе Ручек - Варен компир + Зелена салата Вечера - Зелен чај Иначе во последно стагнирав со тежината, немам мрднато ни грамче. Досега се, сè уште -16кг Добра би била идејата да продолжам до крајот со турбо УН, ама луѓе немам воопшто мотивација периодов.
6/90 Скробен ден Д:1 голем портокал и кафе Р:компир со малку кечап В:салата со домати и краставица , ... И незнам дали направив прекршок, ама вчера купив едни интегрални бисквити, еве ви слика . Значи во во 100 грама има енергетски вредности :1446 kj/342kcl, протеини :10,5 грама, јаглехидрати: 64,0 грама, масти:1,6 грама ... јас изедов 3 вакви парченца намачкани со ниско калоричен намаз ... згрешив или ?? Многу се вкуси и така да ги јадеш без нисто имаат некој неутрален вкус затоа и ги купив.... и само сакав да прашам многу сакам мусли со јогурт... ама каде да ги сместам во диетава ?!?!?! Хелп
35 ден протеински д- 1 портокал р-парче леб и месо од кокошка в-малку чепнав од месцето Вчера се мерев точно 63 кг,досега резултатот е -7 Инаку како што кажав и претходно со турбо ун стварно ич не сум задоволна,за 12 дена без ниту една грешка намалено само1,300 мислам дека е малку.
и јас периодов стагнирам со килажа симнам 5 кг и не сум мрдната . а веке 41 ден ми е . Некое решение ,спас за да мрднат кг ? ) инаку алал да ти е за - 16 кг
74ти ден денес Стагнирам со килажата деновиве. Иначе малце ме плаши што скоро доаѓа 90тиот последен ден од диетата. Вие што сте при крај со диетата,каков план имате после неа? Јас сакам уште да ослабам па се мислам да ја продолжам,само искрено малце ми е здосадена. Инаку направив крвна слика и супер е. Така што задоволна сум ептен. Само уште некое килце да се лизне од мене и уште позадоволна ќе сум.
Waka-waka блиску сме со деновиве така да и јас при крај сум. Иначе јас планирам да ја продолжам бидејќи сакам уште некој килограм да намалам. Е сега, гледав други диети , ама мислам дека оваа е најлесна и најздрава. Откако ќе ја завршам, ќе правам 1 ден пауза и ќе јадам се она што ми душа сака и потоа продолжувам пак по старо. Единствена разлика е што можеби во новиот циклус би вклучила чоколадо или пица еднаш неделно
Tolku od mene za 21 den -3,5 kg...od utre pocnuvam so dietata na irena za uste 4-5kg...so sreka na site
Го издржав водниот ден! Најпрво кога станав испив една чаша млака вода со пола лажиче ѓумбир, потоа кафе (без шеќер), па 1 чаша вода со шумлива витамин ц, 2 шолји зелен чај и сега испив уште 1 чаша шумлива- мулти витамин и моментално пијам вода. Сето ова и плус едно цело пакетче гуми за џвакање без шеќер! Мислам дека добро поминав само немој да смета тоа што не пив цело време чиста вода?
Од денес почнувам и јас! Ќе ја држам диетата до Велигден паралелно со постите. 1 ден д.2 портокала р.2 јајца,2 зденки со салата марула и 1 црно лебче в.1 јајце,1 зденка и салата
Може најдобро е пола ден да јадеш овошје т.е до поручек а потоа салата,салатата е подобра да се јаде навечер отколку овошјето
39/90 Денеска ми е овошен ден а овошен ден кога ми е обично јадам по една јаболка и навечер салата преку ден пијам вода со цеден свеж лимон а минатиот пат јадев и пуканки без зејтин и сол ... И јас стагнирам со килажаа и тоа ми губи малку волја сеуште сум -8 не сум мрдната ниту грамче повеќе а се придржавам и гледам да неправам грешки Како и да е продолжувам понатаму ....
30 ден протеински појадок 2 јаболка ручек 2 варени јајца, 1 парче интегрален леб и салата од марула, варени моркови, една главица варен кромид и пола парче сирење вечера ќе јадам само јајце и нешто салата
Нормална е стагнација во втората третина, не се сеќирај, во третата ќе ти се врати со исто темпо губењето килажа. Јас слабеев вака некако, - 12 во првата третина, - 2 во втората и -8 во третата, мислам така некако беше, ама на изглед најмногу се познаваше на крајот, се стопив. Пуканките никако во витаминскиот ден, тоа е скроб, се јаде евентуално за вечера во Скробниот ден.
Пуканки до сега сум јадела само еднаш и тоа многу малку ,прочитав овде дека некои јадат па ај и јас ама готово штом така нема да јадам повеќе Продолжувам понатаму морам да дојдам до посакуваниот резултат. AngelOfArh ми даваш така најмногу сила кога ќе прочитам совет од тебе а исто и Waka-waka
Само слушајте совет од некој кој поминал низ истото, и вие еден ден ќе давате совети. И јас сум грешела, мада малку, ама правев грешки. Прво што направив кога ја почнав диетава убаво исчитав се, темава тогаш имаше многу помалку страни, сите ги исчитав и убаво пребарав, еден друг српски сајт, сум се информирала убаво и стигнав до резултати. Вие некако не сакате да читате, ве мрзи. Јас и тогаш се нервирав, на претходната страна напишано па одма пак се прашува. Од оваа диета како што имам видено фајде од ниедна немам видено, бидете само истрајни.
Јас сум 42 /90 и јас стагнирам моментално со килажа. и незнам зашто е така кога пазам али ваљда така треба ....