Морам да ја пофалам диетава дека е доста ефикасна.Јас кога бев помала,покрај мајка ми,бидејќи не е строга диета и јас ја држев.За 1 недела ослабев 3kg. :geek: И тоа со секакви прекршоци,на овошен ден си јадев макарони,на воден ден што се не јадев,кога како сум имала правилен ручек. Ама важно секојпат доручекот ми беше 1 или 2 јаболка,портокали,банани и сл. и секогаш јадев по 1 кришка леб(кога има леб за ручек). А чудно е колку ефикасна диета а сепак на менито има количини на јадења кој ни кога не си на диета не би јала А сега со голема одлучност,повторно ке се дружам со ова мени.
50/90 Овошен ден : портокали,банани, замрзнато овошје малина,капина...... тоа цел ден можеби вечер салата ке каснам , ке видам
3/90 Д. Портокал и т.кафе без шеќер. Р.баничка. Девојки..дали е грешка баничката, со зелка беше и не беше мрсна пошто сама ја правев За вечера....рано е.
1/90 -доручек:две јаболчиња. -ручек:супа и пилешко месо со печени компири(место леб). -вечера:пилешко месо со салата и кришка леб.
Девојки ги разгледував овие рецепти овде http://www.femina.mk/out/?id=1783c0...olinarika.com/forum/zdravlje/un-dijeta/51754/ Ги практикувате ли вие ? Не ми е јасно мешате ли разни состојки за скоробен ден ? Пример компир грашак брокула како што овде е дадено во некој од рецептите ? Ако некој знае разјаснете ми
3 ден држам диета и одлично ми оди... утре овошен ден мама миа... што ќе се прави не знам. Инаку јас имам едно прашање: Дали може да се консумира овошје во случај на глад или мора конкретно само за доручек да се јаде? И имам слушнато дека може и пуканки да се јадат, точно ли е?
Можеш да јадеш овошје кога ќе посакаш ,а ако неможеш цела ден на овошје јади пола ден совошје пример до поручек а потоа јади салати Пуканки не има многу што пишуваат но мене ми кажаа дека пуканките спаѓале во скроб така да можело да се јадат во скробен ден Исто така можеш да јадеш сончоглед и семки,бадеми лешници но не повеќе од 100 гр Еве и мене денеска ми беше овошен ден Изедов 1 портокал ,1 домат ,3-4 маслинки,50гр сончоглед и пиев цеден лимон
Не знам другите како практикуваат,ама јас не мешам,јадам само едно од тоа што е напишано.И освен во овошниот ден,кога овошјето го јадампреку цел ден,останатите денови овошје јадам само за доручек,дури и кога сум ептен гладна не посегнувам по овошје.
Исто и јас си се придржавам баш како што е напишано и не мешам повеќе врсти на скроб тој ден но видов овде случајно па ме интересира дали е тоа можно колку за промена И јас никогаш не сум посегнала по овошје (кога не треба да јадам ако почуствувам глад) освен во овошниот ден. Обично ако осетам глад пијам чаша вода со сок од свеж цеден лимон
31/90 Јагленохидратен ден .... појадок: 1 банана ручек: мазник вечера: 2 парчина ролатче и една коцка чоколадо 32/90 Овошен ден .... појадок: 2 портокали ручек: 1 банана вечера: 1 банана и 1 портокал и малку суво грозје
Решив, 1/90 протеински: п: јаболко, 2 портокали, 1/2л вода, кафе р: 2 јајца со марула в: 2 јајца со марула или евентуално јогурт *ја држев пред една година и достигнав скоро до посакуваната тежина, ама вратив 3-4 па се стремам да изгубам 5-7кг
4/90 овшен доручек-суви сливи и кајсии ручек-.... (некоја овошка) вечера-....(салата) барем така планирам И да Ви се пофалам -3 кг, ако продолжам да слабеам со вакво темпо ќе биде фантастично
Еве ви еден предлог за белковински ден - ситно исецкана краставичка и измешана со една конзерва туна и малку киселина. Превкусно е.
Мислиш протеински? Туната преферирајте да биде со вода, таа со масло избегавајте ја, макар било соино, рибино, маслиново, све се тоа исти тракатанци
AngelOfArh ти напиша дека турбо ун треба да почне да се држи во одредени денови на 17тиот, 46, или 75от ден од диетата. Дали знаеш,дали може да се почне некој друг ден , на пример јас сега да ја почнам на 54 ден ? Бидејки стагнирам со килажа веке цел месец,па да не чекам 75 ден од диетата?
Полис, немаш ефект ако ја почнуваш вон шемата, не за џабе е дадена таа шема нели, ќе ти се искомплицира се и ќе бидеш во вистинска фрка, дали, што и како. Мој совет да смениш нешто, пример да јадеш некое друго овошје, пиј повеќе течности, јади помалку калорична храна и чекај до 75ти ден. Инаку Турбото се почнува непосредно пред Водениот и тоа му е целта, да го здрма организмот и да го извади од колосекот по кој почнал да се движи, со Водниот се прочистуваш и почнуваш нов циклус
Здраво на сите, Не можев да се воздражам а да не се пријавам на форумот и да го делам моето искуство со оваа диета. Ги читав постовите и сакам да ви честитам на сите што ја оствариле својата цел држејќи ја диетата. Пред дваесетина дена и јас почнав да ја држам. Денес ми е 24 ден поточно најтешкиот овошен! 9 дена откако ја почнав диетата решив да се измерам да видам дали има некое дејство и дали ке вреди да ја држам, и кога се качив на вагата не очекувам никакви промени но за мое мало задоволство имав 2кг помалку Скокав од среќа! Иако се малку за мене тоа беше многу, но како викаат: патот од илјада милји почнува со еден чекор! Во текот на диетата само 2 пати ја прекршив, претходниот овошен ден за жал го завршив со затворена пица за која се каам многу истотака завчера вечер немав време за вечера Но со голема мотивација продолжувам напред