50/90 Јагленохидратен ден п:/ р:макарони со томатело в:планирам 2 парчиња торта со хопла и бисквити (таква има дома моментално) Ќе се мерам за 2 дена т.е после утрешниот овошен ден па ќе ви кажам дали имам нов резултат
Диетава ја држам он-офф ама омилена ми е. Максимум ја имам држено 6 недели и смалив 14кг ама сега никако да ја почнам пак. Секогаш ми било дилема печурките и маслинките во која група спаѓаат? И дали некој може да ми каже што е турбото барав по страниве ама многу се па ај полесно е да си прашам.
Pechurkite spapjgaat vo proteini, a maslinki jas jadev vo bilo koj den osven ovosen.a za turboto vidi vo poslednite 10 strani pishi
Значит конечно после неколку неуспешни обиди да ја започнам диетата, конечно се решив да ја почнам од понеделник. Имам баѓи за симнување, сакам да ослабам но брзо се откажувам сакам резултати веднаш да имам . Сакам се на све да ослабам 5 кг барем за почеток, па верувам дека со оваа диета ќе успеам како што усепале повеќето од феминкиве Од понеделник се дружиме, ветувам!!
Aко се придржаваш на диетава како што е напишано верувај дека ќе имаш резултати,штом имаш повеќе за симнување навистина мораш да се потрудиш за се треба труд И јас како тебе бев почнував но се откажував но еве веќе 50 дена сум на оваа диета и убаво ми е на почетокот изгубив 6-7 кг стагнирав некое време но сега пак е добро ... И се што постигнав сум им благодарна на феминките тие ми дават сила .. Ајде па да се дружиме од понеделник !
Viktorijaa5 колку ослабна досега,приближно денови ја држиме диетата,па да знам дали приближно губиме килажа,да не се обесхрабрувам,мене ми варира ама сепак сум само -7,а скоро 49 ден ми е?
Стагнирам повеќе од 10 дена,се демотивирам на моменти Не сум се мерела повеќе од 8 дена ќе се мерам во понеделник сабалје и ќе ти кажам Последно кога се мерев бев -8кг а денеска ми е 50 ден.
Пошто диетите што ми почнуваат од понеделник не ми успеваат,јас си ја почнав оваа од сабота Со ваша поддршка до манекенка за лето 1/90 Протеински Ден Појадок:Едно јаболко и кафе без шеќер со млеко Ручек:Печена плескавица на скара,супа,младо кромидче и 2 кришки леб. Вечера:1 кришка леб,плескавица и кромидчето Стискајте палци,овој пат мора озбилно да си ја фатам работата
4/90 Овошен ден Цел ден си правев комбинации со овошките: портокал,јаболка,банана,јагода. Каснав малку и од зеленчук,ама не менува ништо.
Да не звучам како Стеф ама ако продолжиш да се изгладнуваш ќе стагнираш со килажата. Ручек и вечера заедно-само си го успоруваш метаболизмот. Spoiler Да не ме сфатиш погрешно, најдобронамерно ти давам совет-ручек и вечера се два оброка, не еден.
Ајде ќе почнам и јас од утре и ќе се дружиме. Додуша немам вага ама се сеќава сепак и ќе се снајдам по некоја недела да видам што се случува Сакав од денеска ама тоа овошниот ден свеста ми ја зема...Досега секогаш кога ја држев го прескокнував и си почнував пак со протеински ден и пак имаше ефект. Овај пат ќе пробам со овошните денови Имам проблем што на работа имаме кантина и секако неможам истото јадење да го имам дома ќе гледам барем од истата група да е...
Да,да,знам дека е така!Ама излегов во чаршија околу 12 и не очекував дека ќе се задржам скоро до 5.Не ми беше намерата да скокам оброк или да спојам па да изедам повеќе.Околностите така ми налагаа. Инаку можеби и најголемата причина кај мене за спорото слабеење е што станувам сабајле околу 11-12 и затоа многу покасно ми се фаќаат доручек,ручек и вечера,а никако не вечерам подоцна од 6-7 па така разликата во часови за оброците ми е многу мала.Сепак и така продолжувам ем бидејќи 5 кг мора да ги ослабнам до мај,ем м многу ми е убава дружбата со сите вас во оваа тема. Како корисен совет,а се надевам не пречи на диетава,пијте расолница(јува) на гладно од сабајле,го прочистува целото тело и многу е корисна. Напомена: После пиењето планирајте 3-4 часа да не одите никаде
2/90 Скробен ден Појадок:Банана и чај со пола лажица мед Ручек:печен ориз и варен зеленчук Вечера: исто како ручекот. Туку за пуканките дали влијаат ептен на диетата и дали може само овој ден да се јадат? Оти не се многу калорични,ги правам без масло и со ептен малку сол,а ме заситуваат многу, посебно дека седам до касно навечер,да ме држат..
Лани ја држев диетава,ефикасна е,ама ја држев преку школска година и крвта ми ослабе и ја прекинав,ама би сакала на лето да почнам пак.
27/90 Скробен ден доручек: 1 портокал и еден цеден лимон ручек: баница вечера: 3 од овие Атлантис што се и еден ред чоколадо за готвење И овој ден прејадов! Таман за да се издржи утре
52/90 Денеска овошен ден изедов: 1банана 1 портокал,50гр сончоглед,50гр бадеми,и сеа ќе праам салата марула изгледа Spoiler Луѓе демотивирана суум се придржувам како што треба не паѓам и не паѓам на килажа шо ми е
Бадемите и сонгчогледот се здрави ептен,ама за жал се премногу калорични. Во 50 гр.бадеми има 289 калории ,а во 50 гр.сончоглед 291 калорија(во солен). Затоа не слабееш. Во овошниот ден работата е калорискиот внес да е многу низок. Не знам што би те советувала,најубаво каснувај наутро 2-3 бадеми не печени или 2-3 ореви ама не повеќе.
Ова денес ми беше прв пат 50гр бадеми да изедам несолени инаку каснувам по 2-3 зависи Ама сончоглед јадам несолен ... Ајде ќе го избегнувам и оваа веќе колку можам .... Морам да успеам
Па заради тоа бе Вака-Вака се јадат во овошен, не можеш да речеш дека Викторија се прејала со ова што го изела на овошен ден, витамински де, се препорачува до 60 грама јаткасти плодови, она малку ја претерала, и се разбира мислам дека се подразбира да биде несолен. Викторија во однина имај си мерка една шака, значи напрај си микс и изеди една шака само, или па мери си 60 грама, не претерувај пошто стварно немаш потреба Пуканки можеш, несолени и немасни, можеш со масло да си ги направиш ама не со путер, со сосем малку сол, јас ги јадев за вечера. И сега почнав да ги јадам за вечера, не секогаш ама ги сакам, со телевизорче, со филмче, идат.