Јас и ти скоро тука сме со диетата мене водениот ден ми е другиден ..па кажи како ќе го поминиш..и јас се плашам дека нема да го издржам.. Каков е твојот резултат ..Колку кила имаш симнато??
58/90 Скробен ден доручек : 2 киви + цеден сок од лимон и протокал ручек: гравче + домат + една кришка леб вечера :гравче + зелена салата+една кришка леб п.с а со гравчево како иде повеке кришки леб али ај
Да ви се пофалам дека вчера од вц не излегов ме фати диареа, и тамн денес скробен ден цел ден има варен компир и малку двопек да јадам. Аирлоја нека е, од прв ден компликации.
51/90 Овошен ден Станав околу 9 што е многу рано за мене и ми е потешко да ми помине денот,ама ај ваљда ќе најдам некаква занимација.Изедов едно зелено јаболко и испив кафе,доволно да не јадам до 1. Инаку вчера се мерев,иако не многу само 400 гр ама пак почнаа да се топат кг.Се надевам не е само лажна узбуна.Mystique не те заборавив,држам среќа,не се предавај,иде лето треба да заблескаме на плажите
Девојкиии се израдував денес ,конечно после 2 недели стагнирање сум намалила 1кг и некое грамче, очајна бев дека килажата никогаш нема да ми се намали До сега сум вкупно 9ипол ама ајде 9 ги рачунам затоа што тие грамовите ми варираат И си ветив дека нема да се мерувам секој ден туку на секој 10ти ден за да не се разочарувам без врска Овој 1 кг ми е доволна мотивација дека ќе успеам,а и уште сега знам и решена сум дека после 90 ден,продолжувам пак од почеток Денеска ми е скробен ден п:3-4 јагоди р:печен компир со зелена салата в:пола од ручекот
Браво Викторија5 Јас морам да се пофалам, денес КОНЕЧНО ја почнав диетава како што треба, РЕДНО Е Бидејќи сум прва смена на училиште и станувам во 6 часот, доручував крај 8-9 часот и сега ми е време за ручек . Денешното мени ми изгледа вака: -доручек:2 јаболка -ручек:2 варени јајца, чаша јогурт, 1 парче црн леб. -вечера:1 варено јајце, чаша јогурт, 1 парче црн леб. доручекот и ручекот, добро ги поминав без утка не верувам дека вечерата ќе ја утнам, НЕСМЕАМ ! И да, сакам да прашам утре бидејќи ќе ми е скробен ден дали може да јадам пченка варена? чекам одговор Поздрав до сите
1/90 доручек: портокал и зелен чај ручек: телешка шницла и салата вечера : планирам салата и парче леб
hello-kitty.90 браво за 400гр само напред нека се множат Јас сношти намерно си легнав касно за да си станам касно, и станав пред еден час и пиев кафе и вода и се надевам ке продолжам така цел ден. SarChee види сега вака јас обично секогаш бев максимум 75-76 килца. Но сега зимото после празниците се качив на вага и ми се стемни бев 80.5кг И за инает решив да слабеам, но како? Имав држано пред тоа неколку диети но не ги издржував до крај(макс. 2 недели) и немаше никаков резултат. И си седнав на интернет и ја најдов оваа диета. Кога ги читав постовите и резултатите на девојките овде се мотивирав, и така решив да ја почнам оваа диета. Не ми се виде тешка и ете за среќа ги поминав оние 2 недели и сега ја држам веќе 1 месец. Е сега за резултати...после 9тиот ден се мерев и бев ослабната 2кг(78кг) и бев многу среќна! Се мерев пред три дена значи на 26ти ден и бев 76кг т.е. уште 2кг помалку. За овие 29 дена сум намалила 4кг. Сега не знам дали е супер дали е малку, но мене ми е доволно да се мотивирам за да издржам понатаму. Секој организам различно слабее. Така да одиме само напред!!
Заедно сме посилни Јас почнав со 70 ..Пред некој ден се мерев имав 65 =) Сеа ајде утре водениот и после водениот ќе се мерам Па вечер чекам твој резултати како си го поминала денешниот воден ден ..
2 ден скробен појадок 2 јаболка ручек 2 средно големи печени компири со кечап и еден свеж морков вечера 1 компир ќе видам дали ќе биде печен или варен и плус нешто салата
Јас ич да не ви кажувам колку сум секогаш сум била плус ама од пред една година и пол одкако се преселив си качив +20 идиотка... Ќе бидам среќна да ги смалам тие 20кг...брзо се ставени и плус ги имам многу па се надевам брзо ќе се стопат...
Zdravo...sakam i jas da vi se pridruzam imam 60 kg i sakav da gi simnam na 54 i sakav da ve prasam od prilika za kolku vreme mozam da gi simnam? Izvinete za fontov od tel sum
Јас ич да не ви кажувам колку сум секогаш сум била плус ама од пред една година и пол одкако се преселив си качив +20 идиотка... Ќе бидам среќна да ги смалам тие 20кг...брзо се ставени и плус ги имам многу па се надевам брзо ќе се стопат... [/quot Markiza30 Ќе биди .. ќе намалиш а можеби и повеќе од 20. А ти веќе почната си да ја држиш?? Ако не си ајде почнувајј malooto Зависи ..кај секој делува различно ..Јас еве Скоро за 1 месец изгубив 5кг .. е сега ти можи да ги губиш и побавно а можиш и побрзо =)
Јас се изнагрешив. Во петокот пиев алкохол 3-4 коњаци незнам точно. Во Саботата за 8ми март салам му ја утнав, дома изедов само половина од едно мало јаболче бидеќи вечерта излегов и требаше да јадам, а и касно станав. Платив немаше смисла се да оставам. Протеински ден ми беше ама се си изедов. И салатата без ништо (масло, сол, киселина), мевцето, компирчињата без леб, а и десертот си го изедов, сладолед имаше. Пиев неколку чаши бунар и после коњак една чаша, а кога се вратив не легнав, си седев до сабајле и си јадев оревчиња со мед и си го дојадов јаболчето. Во неделата одлучив да не јадам ништо, а не ми беше проблем да издржам бидеќи спиев до 17 часот, а јас обично најкасно до толку часот јадам, покасно не. Вчера овошен ден, супер го поминав, денес јадев цитрон и портокал, за ручек салата со зелка, морков и цвекло па после леќа, е сега проблемот е што не требаше да ми биди скробен ден, туку протеински, а јас леќа си јадев незнам како можев така да заборавам и испомешам, се испореметив начисто. Ајде нема гајле си велам, утре повторно овошен бидеќи не го држам јаглехидратниот, баш си го сакам овошниот ден, не јадам многу ама лесен ми е, можам да издржам јас без проблем. Вчера се мерев и мислев дека немам мрднато, ама ете -1 и пол кило сум,се на се -7 и пол килца за 53 дена.
Не се многу за губење плус немаш голема тежина ама се се можи ако се сака плус на таа тежина за намалување треба и физичка активност. Јас имам губено и по 8кг за месец ама многу се кај мене и се топат брзо само што никој не ги забележува треба 15кг за да се забележи ама јас ќе си знам Сарче..да почнав денеска после незнам кој пат ама прв пат сум на форумиве па ајде заеднички..Повелете на кафе сега па по еден час вечера
Се случува Др пати кога ја имам држено диетава и ако дојдеше до пиење се придржував до вино или пиво, без жестоки пијалоци посебно не обоени виски, коњак...многу шеќер содржат. Пивото јас си го сметам за житарка
Е ајде со среќа од денеска.. Иначе еве и јас 5кг имам симнато а никој ми нема речен дека изгледам ослабено =( Ама сепак ај јас си знам..Хаха
Штом овошниот го поминав,за другите нема мака Појадок:Кафе без шеќер Ручек:банана Вечера:портокал и јаболко,4 бадеми Додека си легнам ќе каснам уште некој портокал и таман ќе ми дојде Прашање:1.Дали може да ги заменам протеинскиот и скробниот ден? Пошто во недела ми се паѓа протеински,а јас морам грав да јадам на црква... 2.Само оброците ги јадете или каснувате за ужина некое овошје? Можеби имате пишено ама бајаги страни се