^ Можам да ти одговорам на второто прашање. Во принцип не треба да се јаде ужина меѓуоброците. Затоа што сепак оброците се прилично обилни и би требало тоа да ве најаде. Но, доколку е зор не смета една мала јаболка, според мене.
Јас ги сменив неколку пати деновиве, се надевам не е ништо страшно. Во саботата требаше да ми биде овошен ама јас го држев протеински, ама во неделата нормално си јадев цел ден одсабајле баница, па за ручек селско месо и пире, за вечера коа му седнав на кифли... Затоа денес и вчера два овошна ги терам, под казна. Мени за денес: 14/90: 2 портокала и тегла компот праски до сега. Вчера 13/90: 2 тегли компот и една мандарина. Инаку кикирики во што спаѓаат?
Лепоти јас го преживеав водениот ден! Ми почна со кафенце и вода, после повторно вода е сега направив прекршок со тоа што изедов една краставица и пиев шумливи таблетки(2пати) но мислам дека не е страшно нели? hello-kitty.90 фала ти за подршката а SarChee не се секирај за водениот ден само напред и како што кажа hello-kitty не мисли на тоа дека нишо не треба да јадеш и секако бегај од дома оти ако седиш дома само на јадење ке мислиш, верувај ми! Затоа јас пола ден си шетав и брзу ми помина Markiza30 колку и да се кила, секогаш биди упорна оти само така ке има резултати. Ќе видиш дека полека ке почнат да се намалуваат и ке се мотивираш уште повеќе. Сега планирам да гледам филм, може и два, за да не мислам на јадење
Честитки Мистик!!! Мене водниот ден ми беше многу лесен, два пати го издржав и не бев ни гладна. Воопшто не е страшно што си каснала краставица (посекако 90% е вода краставицата) И јас кога го држев денот си викав, "а да си каснам јаболко?". Не дека нешто ќе ме здебели." Aма ете од принцип издржав само на вода Иначе мене ми е 88ти ден од диетава , ама си признавам дека последниве 2 недели не се придржував како што треба (Што заради обврски, што заради ПМС , што заради тоа што ми здосади ) Но, за доручек јадев јаболка и внесот на калории си го ограничував на 1200. Досега имам намалено 17 килограми и задоволна сум со оглед на тоа што немам голема физичка активност.
Браво KalaV што си ја издржала диета до крај. И супер резултат имаш за толку време. Се надевам дека и јас ќе имам некој солиден резултат на крајот.
Не, не тука си сум јас. Уште оваа недела ќе ја држам и потоа планирам на диетата на Жан Митрев да се префрлам (Waka-Waka те следам ) бидејќи сакам уште некој килограм да ослабам. Ќе видам една недела како ми иде, па ако не ќе си се вратам повторно на добрата стара УН
Јас држев диета на Жан Митрев пред 6-7 години за пола година ослабев едно 24-25 кг ама престрого се придржував (незнам како издржував имав само 14-15 години ) ама од тогаш многу работи ми се згадија и неможам да јадам ,ми бешеспоред крвна слика и на 2 месеци ми ја мењаа Која диета и да се држи ако се придржуваме според препишаното 100 % се намалуваа
Компот не би требало да јадеш бидејќи има шеќер. Mystique Инаку не е препорачливо да се менуваат деновите,ако веќе морате,пр. Наместо протеински држите скробен,наредниот ден продолжете понатаму,т.е наместо да се навраќате на протеински држете јх,па овошен. Него имам и ја прашање до поискусните во диетава: смеам ли утре во протеински да си направам домашна супа со кнедли ( кнедлите од јајце,лаж зејтин и гриз) и да ја јадам цел ден,без да јадам леб,кнедлите да ми се замена за леб или не? Досега супа за овие 51 ден немам јадено/пиено па мислев да сменам?
Здраво Девојки 59/90 јгх доручек : 3 киви+ нес (морав млеко ке пукнам ) ручек : гевречиња вечера : благо мнг благо бидејки го мислам 4 дена Инаку вчера прекршив , каснав 2 кифли , па вечерта дома крекери . Пред добивање сум , и хранава колку и да е обилна не ме најадува .Како дупната сум Одвај чекам да добијам
Жени занам дека е втор ден ама гладна сум бе 2/90 скр доручек : банана и зелен чај ( банани избегнувам во диета ама мноу сум гладна ) ручек: компири печени и салата вечера: исто
Денес јаглехидратен 3 ден појадок 2 јаболка ручек плетенка (ролетна) и ајвар вечера 1 ред темно чоколадо и 1 парче слатка од слаткарница Е сега две прашања: 1. Дали смеам ајвар во јаглехидратен ден и ако не дали е голем прекршок? 2. Дали смеам во јаглехидратен да јадам ѓеврек со буковец (лута црвена сол)?
За буковец мислам дека можеш било кој ден,сепак тоа е мелена сува пиперка.А ајварот не е препорачливо бидејќи е пржен и при правењето се става малку шеќер.Е сега ако ти се јаде многу исто ти е кој ден ќе го јадеш.Јас досега имам јадено, 2 пати ама само 1 лажица.Сепак ако не ти се јаде многу,не јади.Него пак ли ја почна од почеток,знам дека ја почнуваше кога и јас? Мене ми е 52 ден,7 ден од турбо ун.Уште малку па 2 месеца
Здраво на сите, а ве гледам доста сте Јас сум нова и морам да се пофалам дека ја почнав УН диетата, ми треба само ваша подршка и добри искуства.