Повеќе по весело 12/90 овошен ќе мелам цел ден нешто [ и јас бев нели како тебе, ама си пружив нели уште еден ден јаглехидрат, денес имам таков ден 12 ден, поцнав со 1 банана, па правев пици, и изедов едно парце пица со кечап и кашкавал, сега во 4 ке изедам уште едно, па излегувам имам обврски, и се вракам накај 10 , ама до вечер нема да можам да јадам, така да толку ке е, можда едно мало чоколадце, ке си купам, ѕтре овошен, па после тоа, ке гледам да скратам еден јаглехидратен ден, за да те стасам пак на овошен,,,феминки имајте убав негледен ден /
Кашкавалот грешка ти е во протеински ден е тој мада и тогаш не е препорачлив, многу е мрсен. Јас решив да ја држам без грешка овој пат ама направиви неколку не намерни, ама како што гледам слабо оди незнам што е работава...
Пред добивање сум губам мотивација и си сеопуштам,вчера изедов благо повеќе од дозволеното,денеска овошен ден јадев јагоди околу 200-300гр и малку кикирики каснав (знам дека е погрешно) Вечер планирам зелена салата ... Ах боже ми треба сила и мотивација за да издржам без ниедна минимална грешка
денес денот ми беше целиот со грешки, се изпомешав, како денес да не сум држела диета, така испадна, со тоа пицата, ај после уште едно, уште едно, повеке пица не правам во јаглехидратен ден, премногу сум стрвна, па сега го пробав сирењето, како да не сум на диета денес,, ама пак затоа утре овошен има да се придржувам до диетата. и само овошје, и некоја салата, психички се подготвив...
Шумливи не пијам,бидејќи имаат шеќер.Мене почнаа да ми излегуваат како плускавчиња на прстите на левата рака,сите ми велат дека ми се поради недостаток на витамини,ама не е ни битно. И јас прекршив денеска бев на гости,ама не е страшно,како што кажав имам уште 2-3 кг за симнување,па си се опуштам. Секако внесов помалку калории,ама сепак не е во согласност со диетата.Утре овошен,а ќе гледам од утре па натаму да сѕм на турбо останатите 20 ден и така поради ситни прекршоци стагнирам со килажата.Поздрав и не се откажувајте,прекрасно е чувството кога знаеш дека си ја постигнал зацртаната цел.
Се нервирам 13ти ден од -2,5кг или -3 кг не мрднав, други пати со дијетава сум губела повеќе и тоа без држење на овошниот, почнав филмови да си правам за тироиди, мироиди...итн итн Протеински ден: д: јаболко р: 4 плескавици и салата в: 2 плескавици и салата
Не биди толку строга кон себе. ПМС е ПМС сите знаеме како е, ќе помине и ќе се средиш пак. Ако си каснала повеќе кога е од истата група на јадење нема гајле. После 5 дена ќе бидес 2 кг полесна
^Изгледа до времето е Мене ми е 23 ден,а само 4 кг сум ослабнала,не знам што е работава. Ај што вежбам,ама си пишам на апликацијата во телефонот што сум изела и 800-1000 калории внесувам секој ден,тоа не се многу воопшто. Мислев дека за 1 месец ќе ослабам колку што треба,ама изгледа цела ќе треба да ја држам Јаглехидратен денеска Појадок:Кафе и портокал Ручек:Кифлички со кечап Вечера:2 парчиња торта
Да дијетава е таква. Јас памтам дека од дома ме зезаа каква ти е оваа дијета со толку многу јадење За дебелеење да не ми била?
Ајде и јас да ви се приклучам веќе долго време ве читам решив и јас да ја пробам диетава.Денес ми е прв ден се надевам дека ќе издржам и ќе ослабнам некое килце поздрав до сите кои сте упорни
73/90 Протеински ден п:/ р:пилешки стек печен + шопска салата в:само салата Ќе се мерам на 80ден и потоа до крајот уште еднаш па ќе ви кажам конечен резултат,воден ден на 82 ден ли се паѓаше ,знае некој да ми каже ?
Супер! Веќе си при крај Честитки!! Иначе за последниот воден ден прашуваш? Според пресметките мои се паѓа 87 ден. Денес ден 7/90 по правило ми е јаглехидратен, ама бидејќи не јадам тестенини јас си направив омлет. Епа луѓе да не се фалам ама мх мх мх Резултати од првата недела утре