При крај сум ама почнав да забегувам и да си штипкам по малку од тоа шо не треба Си ветив од денека нема никаква грешка морам да ослабам уште 2-3 кг до крај ,а потоа и јас како тебе пак од почеток Воопшто не јадеш тестенини ?
Не се секирај и јас последните две недели забушавав скоро ниту еден овошен не истерав до крај Ама сега таман си сум. Ми се врати мотивацијата Каква овошна салата ме чека утре охохо Иначе обично не јадам ич тестенини бидеќи воопшто не ми се вкусни без сиренце И си наоѓам замени. Ајде ќе се дружиме поинтересно е кога сме сите заедно.
Поинтересно е и повеќе имам мотивација кога има повеќе ... ама знаеш шо проблемот е шо веќе си ја вратив гардеробата која не ми беше точна,си се подновив со нови панталони 2-3 пара и кошулки и се опуштив малку,а и пред пмс ауу ... страшно ... Морам да издржам до крај како што треба па ќе се дружиме пак ветувам
Девојчиња,жива срамота сум. Лицемер невиден што ви пишувам во темава, а секој ден правам по некоја глупост. Не е оправдување,ама ми се погоди така емотивно тежок период,а јас утеха си наоѓам во лапкањето колачи. Така што веќе 1 недела си викам,денес ми е прв ден диета. Ама денес стварно ми е почеток на диетата и нема веќе зафркавање. Иначе да ми се налутите сите!
13/90 денес овошен ден, супер почнав изедов една банана, па после малку салата, сега пред 10 мин изедов салата марула и за вечер ке направам салата цвекло свежо рендано , некако јаболката ми се веке прејадени а портокал немам купено оваа недела,,, дали грешам што повеке јадам зеленчук, или е ок?
мислам дека воопшто не грешиш, овој ден е витамински, што значи заленчук и овошје. и јас утрово изедов еден портокал, за ручек салата зекла,морков и цвекло и до вечер пак планирам салата
izvinete za latinicava spored semata sto ja imam vodeniot se pagja na 87 den. Super si ajde uste malku
Луѓе не се мерете во ПМС!!! Јас си се разочарав последниве два дена бидејќи се здебелив за кило! А ништо не прекршив и потоа се ми стана јасно Се надевам во следниве денови како што си дојде тежинава , така и ќе си замине. Некој имал слично искуство за време на ПМС или единствена сум јас што сум залепена опсесивно за вагата секој ден? Ден 8/90 - Овошен Минатиот пат цел на овошје го истерав, мислам и денес така ќе биде. Јаболка, некоја банана и јаготки.
Посниот кашкавал е правен од растителни масти и не е протеин, зашто кога се пости се јаде растителен кашкавал зашто нема животински масти. Инаку во протеински ден подобро за вачера да јадеш парче прв кашкавал или кравјо сирење него вештачкиот никако растителен кашкавал(јас пластичен го викам) Мене месо и за ручек и за вечера ми е многу, па така си кснувам малку сиренце или кашкавалче со пола чаша млеко или јогурт. И има ефекти, еве 4та недела а 3ипол кила сум се стопила. Најмногу се слабее во овошен ден и во протеински според мене, јас најубаво реагирам на протеини и секогаш после протеински ден сум пола кило минус на вага. Во јх ден најмногу гнетам и после овошен ден најмногу ми се јаде. Мене лебови не ми држат само уште толки апетит ми отвараат, а ги сакам бескрајно, тоа ти е. Во протеински со едно парче стек и 200 грама салата сум најадена супер, а во јх со мала пица вегетеријанска, веќе во 7 сум мртва гладна. Јас се навикнав на диетава толку многу како да не сум на диета, ќе ја држам до 27 мај, после и да сакам нема да ја држам. Само во овошен ден јадам бадеми, леблебии и лешници ко дупната, ама ни папаја дехидрирана не ме заситува. Де манго, де ананас се бутам џабе. Само лешници- леблемии уз овошјето ме зачажуваат. Јадам на секои 3 саати, освен ако не пијам еспреса по 3 у ден за да не јадам нон стоп. Ама тоа е, морам нешто за да функционирам.
Денеска јагленохидратен да се освежиме малку со благичко Ми се ближи водениот ден, кој го има држено и дали тешко се поднесува? Ми се паѓа викенд па едино така некако да се извадам али на работа да беше нема шанси. поздрав до сите
Јас се мерам секој ден и искрено веќе се разочарувам по малку Кај едвај намалив 3 кг утрово се мерев едно сум вратила и тоа сум после период. Незнам што ми се случува а немам грешка направено воопшто. Ќе ја терам уште па ќе видиме што е и како е... Иначе имам голема килажа за да бидат само -3кг и плус друг пат кога имам држено сум слабеела многу повеќе...Ќе видиме.. 14/90 Скобен д: кафе р: ориз варен и салата в: исто
Ајде да се придружам на УН феминистките денес ми е прв ден... д: 2 јаболка р: пилешко и салата од марула и зелка в: исто Има некој денес што е протеински ден??
14/ 90 протеински ден започнав со 2 јаболки, после тоа правев ролати од пилешко месо, и си каснав со 2 парчиња интегрален леб, и маслинки, ме мрзесе салата да правам, а сега за вечера изедов 2 јајца варени и едно парче фета сирење, грешка ли е тоа што не јадов исто како ручекот, оти не ми остана од месцето поздрав диеталки имајте пријатна вечер
Здраво девојки.. Нова сум на форумот но стара сум со диетава ) Денес ми е 56 ден утре ми е 57 ВОДЕН.. Не губете надеж продолжете до сега сум -12 килограми.. Со милион грешки луге. Не се откажувајте!! НЕ ЧЕКА ДОЛГО ЛЕТО Бакнеж до ситеее..