Имаш тука по темава искуства милион Јас имав одлични резултати пред 2 години,овој пат малку побавно се слабее,аам во глобала ефикасна е Башка не си скратуваш ништо,се’ се јаде.
Помина и овој 71 ден,пред 3 дена си реков: -Не се мерам секој ден,туку на 1 недела барем ахам сигурно Не издржа јуначкото срце и се измерив и....59,5 точно Радосна ептен,ама не ми е јасно зошто никако не сум задоволна со изгледот,стојам пред огледало у 10000000 маани си најдов,секаде гледам вишок?! Дали е стварно,или сум преоптеретена со диети па ми е на психичка база Висока сум 175 а тешка 59,5 и би требало да сум задоволна ама несум.Сите велат ептен си ослабнала доста со диета,ама зошто јас не сум задоволна.Ај ќе ја држам до крај уште 20 ден,ама страв ми е да не претерам,бидејќи сама стварно не приметувам,незнам до што е проблемот кај мене.
^Јас сум висока 172 па ќе се радувам на 60,а ти уште сакаш да слабееш Мислам дека си таман,вежбај да ги затегнеш оние делови што не ти се допаѓаат и тоа е тоа. Инаку 25/90 Овошен Појадок:Кафе и јаболко Ручек:Салата зелка и 6 бадеми Вечера:Супа со зеленчук
Кај мене е обратно Јас па си се сакам себеси секако и ми е проблем да се одлучам на дијета пошто секогаш си викам абе ајде убава си Двата случаи не чинат не треба претерување Ти имаш идеална висина и тежина, затегни се малку и уживај и научи да го сакаш и цениш тоа што го имаш, извлечи го најдоброто од себе си...Следен пат кога се гледаш во огледало фокусирај се на нештата што ти се допаѓаат очи, лице, уста... Инаку мене ми е 15/90 јагленохидратен и гладна сум пес...
Јас сум ептен нарцисоидна по природа и секогаш сум си најубава, ама не можам кога ќе се погледнам во огледало да си кажам доста е со диета,сега си супер.Дали е до огледалата,дали е до мене,стварно незнам.А за вежбање да,морам да почнам да си го обликувам телото. Па можеби и бидејќи не е се подзатегнато како што треба,тоа ми боде во очи и ме тера да мислам дека сум уште со вишок. Него ретко читам резултати о оние кои ја држат подолго?!
хАХАХААХ истото си го велам и јас со диетава ми се познава минусот што досега го имам + самодоверба во себе ,се осеќам сигурно и убаво ми е ,гледам да избегавам да се мерувам преку ден затоа што кога ќе видам дека не сум мрднала се разочарувам,а преку ноќ неможе да се намали 2-3 кг така да сеа реков до крај ќе се мерам уште 2 пати ... па ќе ви кажам релултат при првото мерење. KalaV точно е, за време на ПМС истото ми се дешава и тогаш ја губам мотивацијата и силата што ми е потребна за да продолжам еве поназад во некој мој пост тоа и се забележува. Исто и јас како Hipster мислам дека во овошен ден најмногу се слабее затоа што со овошјето и зеленчукот се внесуваат најмалку калории.Не сум многу по кафето но при глад пијам лимонада целен лимон и вода така ме раскиселува шо 2саати ме држи сита пробав да пијам зелен чај ама не ми оди Денеска ми е Јагленохидратен ден за ручек лиснато а вечер ќе каснам нешто благце од се по малку (од тоа што ме стрви де ) и утре едвај чека овошен ден. Овошниот ден некогаш ми е многутежок а некогаш најлесен.А осеќам глад можам да си каснам нешто кога сакам Ајде среќно на сите и продолжете
Феминки вие што jа држите диетава подолго од 3недели дали имате промени во метаболизмот? Пред да ja почнам диетава имав забавен метаболизам,за сега тоа наеднаш да се промени! за 20дена имам симнато само 2kg
Истото и се случи на мајка ми Имаше многу забавен метаболизам но со диетата и се промени и сега е презадоволна вели дека ваквиот начин на исхрана и одговара... не губи надеж со тек на време килограмите ќе се намалуваат,нормално придржувај се како што е се по ред
девојки како ја правите вегетаријанската пица?? утре ми е јагленохидратен ден па затоа да си смислам нешто хихи
маркиза 30 и јас се разочарав и јас не сум мрднала од - 3кг, се мерев во петокот бев -3 и од тогас немам спустено, а сега е вторник, ама не пазев многу на јадењето, знам, а и не рипав на јаже, минатат недела рипав на јаже, и тоа има ефект, вежбаш, согоруваш, утре и јас ке правам овошен ден, денес јадев јаглехидрати, утре овошен, во четврток ке ми биде скробен, а во петок, пак овошен ке терам, малку ке ги изменам деновите и некако по турбо со овошје, за викенд нема да можам да ја држам диетата, на синчето му е роденден, и гости,,, и полна маса,,, е ај како да држеш диета, затоа пак од понеделник, пак почнувам...
Хаха,јас односно мајка ми ја прави со секој зеленчук што ке најде по дома. Кашкавал,кечап - совршенство.
Сакам да прашам: Значи ова ми е втор ден од диетата.Секако нема резултати,не ни очекувам толку брзо. Ама ете кога јадам,а не јадам многу се чувствувам најадено,некогаш и прејадено.Значи не ми е голема дозата.Еве на пр. денеска,скробен ден ми е и јадев компир.Значи си го сварив компирот и од него направив салата со малку кромидче,оцет и зејтинче.Без леб јадев,секако.Но,едвај го изедов.Се прејадов.Не беше преголем компирот.Поентата:Не јадам многу количински,ама се најадувам здраво.А знам во диетите обично многу брзо ти се пријадува.Ама мене не,е пројдеат 7 саати јас неможам да вечерам,ќе пукнам. И прашањето,дали вака имам шанси за килограмите да си ги намалам или слабо?Незнам кој колку ке свати ама сакав да кажам,дали иако се чувствувам прејадена сепак во организмот се случува друго?
26/90 Скробен ден Појадок:Кафе и јаболко Ручек:Компир салата и маслинки Вечера:Исто како ручекот Јас некако се разочарувам.Можеби не треба секој ден да се мерам,ама место не ме држи.И сеуште -3кг.Не знам што е работата,се мислам да не правам некои незабележителни грешки што многу влијаат.
Маросса јас и ти исти ден сме имале, а не сум приметила до сега! Само што мене денес ми е 22ден! Ете вчера кажав јас дека сум само 2кг ослабена, ама видно ми е променат метаболизнот што сум баш изненадена! Појадок: 1 банана Ручек:Ориз со грашак Вечера: не вечерам никогаш! Гледам до кај 18сатот ако ми се јади после ручек земам 5-6 кикирики или пак во скробен си правам пуканки!
Me interesira dali moze da se odrzuva ovaa dieta na 14 godini..dali mozedi poradi ednolicnata hrana dnevno moze da dojde i do razboluvanje?Ako ne e problem vozrasta i ako nema moznost da se razbolam poradi ednolicnata hrana bi sakal da pocnam so ovaa dieta