УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.301
    Пол:
    Женски
    диеталки помина викендот, полн со гости, посебно вчера, не ја држев диетата ама сепак бев физички активна, живеам во куќа на 2 спрат, и незнам колку пати се качив горе доле, преку 100 пати(спремав за гостите) :lol: а и не каснав многу јадење, некое парче месце, кифла никако, така да, може да се каже дека бев на мала диета, од денес пак ве дружам, денес протеински ден...
    затоа што остана бааги месце, па мора да се потроши :rofl: :lol: како и да е почнав со 2 јаболка, па месо, и салата, и пак месо за вечера...инаку 20 ден со - 4кг, си купив дигитална вага и после поубаво ке се измерам и ке знам и во грамови.... :^)
     
  2. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367

    еее не се вадиш со куќата на 2 спрата, признај дека мераклиски и се нафрли на руската и мевцето :D
     
    На Markiza30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    61
    Дали би било во ред, за појадок место 2 овошја да се пие една чаша smoothie?
     
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.253
    Допаѓања:
    91.907
    Пол:
    Женски
    -12.500кг до денеска /80 ден ^_^
    Фала богу ја поминав 10ката :D
    Ми остануваат уште 10 дена до крај па се надевам дека ќе намалам барем уште -2кг :) си ветив дека нема да направам ниту една минимална грешка за да има резултат

    Инаку денеска Протеински ден
    п:/
    р:стек со сос од печурки + зелка салата + малку сиренце
    в:шопска или зелена салата со сирење

    се радувам во протеински ден што можам сирење да си каснам :tmi:
     
    На Mystique, KalaV, marula и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    11.760
    Значи за ќотек сум,колкупати сум ја почнала и никогаш да ја додржам.
    Ќе ја почнам денес,овој пат сум многу уверена и доста мотивирана.Кој е за со мене да си правиме друштво нека крене два прста(нели така е поинтересно)? :D
    Нема откажување! :!:
     
    На Markiza30 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.939
    Допаѓања:
    110.280
    Пол:
    Женски
    Идеата на појадокот е да те задржи сит до пладне, кога и е ручекот, ако смудито те држи зошто да не, тоа е пак овошје исситнето само. Мене многу повеќе ме држи овошјето од смудито.
    Вака не се слабее, да почнете кога сакате и со кој ден сакате. Не се радувај на тие 4 кила, да ти кажам од искуство, јас првите 5 кила не ги ни бројам, тоа е вода и ептен тазе натопени маснотии, муабетот е да ги симнеш закоравените маснотии кои со години се таложат.

    Мислам дека сте во голема заблуда со диетава, не е финтата да јадете тоа што ви се јаде, да ви биде слатко и да си слабеете притоа. Не може некој да ме убеди дека супа во овошен ден, па макар била и зеленчукова, ама секој овошен ден зборам, не еднаш се случило ви се слошило да си каснете, значи цел ден да го поминеш на супа, тоа не е овошен ден да се разбереме. Не се залажувајте речиси пола и поише од вас, да не речам сите па некој да се налути, диетава ја грешите опасно.
     
    На Markiza30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    ^Кога веќе сме кај овошниот,јас не јадам супи,ама зелка и краставица салата нон стоп.
    Не преферирам многу овошје,затоа.
    ЈА грешам ли? :D

    Денес јаглехидратен ден 31/90
    Појадок:банана
    Ручек:Лиснато и маслинки
    Вечера:1 парче торта и црно чоколадо

    Водениот што требаше на 29 ден си го преместив за после колоквиумска,пошто ми треба храна за концентрација.
     
  8. marula

    marula Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    se soglasuvam 1000 %
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.939
    Допаѓања:
    110.280
    Пол:
    Женски
    Не, овошниот е всушност витамински ден и за тоа служи, ако не можеш овошје јади зеленчук, а не супа. Батали го овој воден ден, си го пропуштила, не си зимај за право да преместуваш денови затоа што немаш никаква корист од тоа, следниот глеј да не го испуштит. Иначе само мислиме дека не можеме без храна, да видиш како можеш, само не сме доволно храбри.

    Иначе ова за диетава, мислам сто пати ми е спомнато на темава, баш ја разлистував, последниве страни, само Кала В и нешто од нешто Викторија 5, само оние се придржуваат малку од малку, додуша Кала нешто повеќе од Викторија. И не ви спорам, вие држете си ја, ама не убедувајте дека така е правилно, не знам кај некоја прочитав 5 Винчини тортици изела за вечера во ЈХ ден, абе јас нормално не јадам толку а камоли за диета, или пак во ЈХ, пица со млечен кашкавал, не било ништо тоа малку било. Проблемот е што некој кој не чита поназад во темава ќе прочита и ќе мисли така треба, некоја нова феминка и рачунај дека се нижат грешки. Нема веќе ништо од тоа време кога ја држевме диетава со Нутриционист, со Анабела, со Тинкербел, да не бројам сигурно не ги памтам сите, ама стварно ослабевме сите и си чуваме бре од килограмите скоро сите, ваква вие ја правите диетава каша попара, и после јо-јо ефекти, епа ќе има нормално...
     
    На zaboraveno, Viktorijaaa5 и Markiza30 им се допаѓа ова.
  10. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Знам што зборуваш подполно со диетава сум повеќе од 10 год само никогаш до крај, тоа е мој проблем во секој случај. Мене ми е ново дури и салатата во овошен ден, лиснато (има премногу маргарин), искрено немав храброст да го кажам ова што го кажа ти пошто не сум баш некој пример.
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.253
    Допаѓања:
    91.907
    Пол:
    Женски

    AngelOfArh кога ќе видам коментар од тебе страв ми е да отворам да видам што си ни пишала :lol:
    Фала ти за искреноста пред се :*
    Гледам да се придржавам колку што можам повеќе и да правев грешки во изминатите месеци ,неколку но грешки се денови никогаш не сум поместувала или не сум си правела комбинација за да ми биде полесно.
    За овошниот ден потполно се согласувам со тебе дека треба да се јаде тоа што треба а не супа и нз што,јас направив грешка со пуканки ама од кога ми кажа дека се воскробен ден не каснав пак во овошен ден ,ама ете ценам твое мислење затоа што навистина имаш искуство со диетава.
    Ја држев порано повеќе пати ама се по 1 месец ова ми е првпат да издржам толку долго :tmi:
    Мароса и јас повеќе јадам зеленчук отколку овошје во овошен ден ,и гледам да не користам ич зејтин во салатите туку малку сол и сок од лимон :)
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    AngelofArh Богами и мене ме исплаши сега со коментарот :D
    Пробувам да се придржувам точно,не знам каде грешам.
    Конзумирам кафе без шеќер,со млеко само на протеински ден.
    На сабајле јадам овошје,некогаш во пар,некогаш само едно.
    Ручам и вечерам она што е пишано.
    Па дури и благото не го јадам толку,ми се одмиле :D

    Така да ако видиш некои грешки,те молам посочи ги :D
    Ти благодарам.
     
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    78 ден овошен
    За прв пат изедов 1 малечка банана и 1 јаболко.До вечер 1 мандарина и 1 киви. Инаку и јас гледам да не правам грешки,супа не јадам иако можеби треба во протеински,во јх или парче пица со кечап или макарони иако не ги обожавам,за вечера. парче торта или 2 колачиња.Она што си земав за право е што ја убацувам турбо ун во оние денови кога е предвидено.Не сум се мерела ако можам да издржам уште некој ден без мерење би било супер,а ако не ќе пишам што има ново :D
     
  14. marula

    marula Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Da se nadovrzam...jas sum edna od tie rigoroznite.jas ne go jadam lebot voopsto.i nepostoi za mene torti sladoledi i cokoladi.ovosen den e ovosen i kraj.denes mi e osmi den so epten vidlivi rezulrati.na vaga uste ne e stavam rano e.pozdrav
     
  15. denizzz

    denizzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    69
    Јас сум 8 ми ден,на диетава и сум -2 ќе ми каже ли некој до 10 ти ден колку килограми е во минус поздрав
     
  16. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.301
    Пол:
    Женски
    па луѓе сме, грешки правеме... :lol: како и да е, грешка по грешка, јас си терам по мое, сепак другите нека се придржуват на точноста на диетата, јас во мој 30 години првпат држам диета, не сум имала потреба, не се замарам многу, ама ете сега сакам да ослабам малку...да спаднам под 70 кила јас ке бидам задоволна...така да секој по свој начин,, :rofl: јас додека да се навикнам вака ке терам...
     
  17. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    И јас сум истата. Не дека не го сакам овошниот ден и неможам да издржам, туку интересно ми е да си сецкам.
    Од последниот овошен ден: smoothies од јагоди и банана (розевото е такво дека со млеко и шеќер, ама не беше за мене), цитрон, портокал, јагоди, киви и оревчиња.
     

    Прикачени фајлови:

    На KalaV му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zaboraveno

    zaboraveno Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    13
    Здраво на сите
    Денеска скробен ден освежување бидејќи викендот имав овошен и после тоа 29-ти воден ден. Не го испочитував до крај, каснав 2 овошки ама цел ден не се издржуваше. Сабајлево се мерев и конечно сум мрднала пола кило. Инаку стоев на тие 5 неколку дена. Не се откажувајте, ќе се покаже намалувањето :)
    Во принцип не правам грешки, не јадам никакви грицки, нема газирани сокови, нема леб само тоа што е пропишано. Имам мал проблем со тоа што ручек и вечера ми е во едно кога ќе се приберам од работа, незнам како тоа да си го решам а не сакам после 6 часот да јадам. Знае ли некој какви се резултатите во вториот месец? :)
     
  19. zaboraveno

    zaboraveno Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    13

    Навистина се потребни и вакви коректни коментари за да си ја чукниме главата што правиме :)
    Фала ти, поздрав
     
    На Markiza30 и marula им се допаѓа ова.
  20. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Јас порано си носев јадење на работа, готвено од вечерта за ручек. Овошје пред да одам на работа, ручекот на работа и после за вечера си таман. И со не јадење го забавуваш метаболизмот и слабеењето е по бавно.
    Јас имам проблем што имаме кантина на работа и секогаш има многу избор но не е исто со што би зготвила дома и најчесто е мешано и неможам даодредам што ми одговара на денот. Се мислев да си носам од дома ама би било навреда за фирмата. Одделуваат толку средства за вработените и имаш голем избор а ти со макароните од дома...Уште немам храброст за такво нешто.
    Ова го гледам како припрема за вистинската диета :tmi: