Ако ја држиш прв пат диетава не е препорачливо да вметнуваш турбо .И не можеш кога сакаш да ја вметнеш треба помеѓу 29 и 72 ден.Да не си разбрала грешка?Не можеш стално да ги повторуваш истите денови,мислам стално да држиш турбо. Бај д веј јас денес 4 ден овошен,се држам добро оди.
ке издржам уште некој ден до 29 ден, па после ке ја пробам турбо диетата, сепак сакам малку побрзо да ослабам...па ке видиме што ке испадне, а тоа со зумба, па кај нас, од градот кај што сум нема, имаме фитнес, ама и тоа не ми одговара терминот, маж ми е на работа, и нема кој во тоа време да го чува синчето,,,ај денот сега е поголем па ке трчаме...
Да си се пофалам дека супер ми помина деноешниот овошен ден Јадев зелка салата , 30-40гр ореви,пола цитрон,ананас... Немаше кризни моменти ,денеска бев посебно мотивирана
81 /90 Протеински д-портокал р-стекче и млад кромид в-малку месо и салата од зелка Супер ми е,чудно ама добив мотивација,каква што ја имав на почетокот кога почнував. За сите оние кои ја почнуваат,поголема мотивација нема од читањето на сите страни и советите и резултатите од многу задоволни девојки. По завршетокот на диетава ќе напишам паметно резиме од изминатите 90 дена,верувам ќе им користи на многу. Таман ми се паѓа да ја прекинам пред велигден,после празник може ќе ја почнам пак,а може ќе се префрлам на одржување. Сеуште не сум се мерела,последното мерење си стоев во место. Последниов месец најспоро се губат килограмите,веројатно оние најкритични делови се топат. Уште нешто,оние новите,држете ја без измени како што е нагласено во диетата,најмногу ефекти има,не дека со грешки не се слабее,ама најдобро е да не се прават грешки. И за турбо,јас ги држев сите три циклуси,во предвидените денови,ама затоа што стагнирав,тоа и е и целта.Со неа не се губат повеќе кг,туку го потикнува слабеењето.
Денеска протеини, сабајлечки јаболчиња, печено мевце за ручек после работа и вечера некоја салатка убаво ќе ми дојде после овошниот ден вчера поздрав
Здраво,јас пак Сакам само да ве прашам,дали ручекот може да се подели да се јаде на два пати? И колку количински може да се јаде отприлика,на пример денес скробен ден ми е за ручек имам ориз,јадев сега малце со салата зелка,а леб нема да јадам... Фала ви однапред
Не, се руча само еднаш, втор пат ти е вечерата. Ако ти се пријаде подобро пак касни си салата него ли од ручекот. Немојте да каснувате малце, па после пол саат да ви се јаде, јадете нормално, порција, еден тањир ориз, сега не да го наполните со којзнае колку ориз, ама да има да ве засити за ручек.
Вчера не бев сигурна да ти објаснам кога точно може да ја држиш,ама сега најдов.Најдобро би било да ја почнеш 12 дена пред вториот воден ден.Барем така повеќе форумџики се држиле. позз edit Инаку јас денес 5 ден протеински. Утрово го пропуштив оброкот прв пат ама навистина немав време,се надевам нема да ми се повтори.За ручек пред малку јадев пилешко со салата и бистра супа,за вечера најверојатно исто
ауууу ама ми се јадеее..... 3 часот сме а веке имамизедано 2 портокала 4 банани ама не можам..подобро овошје ќе јадам повеќе отколку да ја прекршам инаку овошен ден ми е
Бананите не се преопрачливи во диетата можеш да јадеш по една ако ептен неможеш без нив (и јас ретко каснувам банана) направи си салата или грицкај сончоглед несолен,или пак каснинекое суво овошје
па можеш да јадеш и салата- зеленчук шо сакаш, али ако сакаш да тераш само овошје, тогаш ти честитам на храброста, јас секогаш во овошен ден јадам и салати од зеленчук...инаку денес скробен ден појадок- 2 јаболка ручек- леќа со 2 парчиња црн леб и салата зелка.., мн ми се јадеше не можев со едно парче леб,ама овој црн леб е тенок, дури прозирен а и сега излегувам имам некои активности, така да вечерата може и да ја прескокнам, во зависност во колку ке се вратам дома. а ке бидам мртва гладна, оти си знам колку ме држе чинија леќа...
а јас сум читала дека бананата е прв сојузник за топење на калориите... па и слатки ми се бре ај ќе апнам попосле некое јаболко и портокалче....нема да јадам салата.. нека е баш овошен ден
Здраво феминки јас сум нова и би ми било мило ако се дружиме, иначе на ун сум веќе 10 ден па како ви оди?
Јас во никој случај не би се ставила на ваков тежок, според мене, начин на исхрана, ке бидам цел ден гладна Подобро наместо да ви се лоши секој ден од диетава, земете јадете она што најдобро му одговара на вашиот организам комбинирано со секојдневни вежби и пијте многу вода
Диетава не е ни најмалку лоша Се што е потребно на организмот има за јадење ,но секако се е во разни денови Можеби изгледа тешко но воопшто не е ,првите 10тина дена додека се навикне организмот на овој начин на исхрана може да се каже дека е напорно но потоа се е супер ... Но да се согласувам дека на секој може разно да делува сепак не сме сите исти Но вреди да се проба затоа што навистина е ефикасна !