УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    82/80 Скробен
    Д-портокал
    р-грав,кришка леб,младо кромодче и марула салатка
    в-мн.малку од гравчето
    Диетава е една од најубавите кои ги има.Точно дека првите денови се малку напорни,ама после е многу лесно и внесуваш доволно за да не си гладна.Во диетава сите намирници се правилно распоредени,а не во еден ден да изедеш се што ти душа сака.
    За оваа диета треба само цврста волја и магарешки инает,кг потоа сами се топат :lol:
     
  2. SashaF

    SashaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    12
    ја утнав..и многу се каам.... вчера овошен ден..цел ден овошје се океј...дојде вечерта и излегов со друштвото... опп...јадев благо..и сега не знам дали да ја прекинам диетата или право да си продолжам протеински?? :sweat: :sweat: :sweat:
     
  3. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38

    Си направила грешка ама не се откажувај, продолжи напред. Само така ке успееш. Од една грешка ништо не е страшно, гледај да не се повтори, огаш ке биде лошо. Како велат од грешките се учи.
     
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.256
    Допаѓања:
    91.913
    Пол:
    Женски
    86/Скробен ден
    п:/
    р: варен компир + зелка салата и некоја маслинка
    в: пуканки а можеби и некоја салата

    Утре 87 ден е воден но решив да не го држам,досега не држев ниту еден ден што ми е голема грешка.

    Кога ќе ја започнам од ново си ветив дека водните денови ќе ги издржам сите 3 :)
     
  5. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Морам да потврдам за диетава дека е многу ефикасна братучед ми бесе на ваква и ослабна околу 15кг се надевам сите сто сте на диетава ќе ги постигнете саканите резултати :)
     
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Како сте? Како оди? :)

    Мене денес ми е протеински ден,појадував 2 јаболки,ручек варено мевце со салата,вечерата ќе ми биде половина од тоа. Промени во килажата нема. Почнав да вежбам и тоа е тоа за сега. :)
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.862
    Допаѓања:
    23.747
    Пол:
    Женски
    Шчо зборуаш брхе ? :rofl:
    Ја коа ја држах диетава се прејадував а не пак да ми се лоших од гладо'.
    :rofl:
     
  8. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    За 90 дена колку се слабее со физичка активност (вежбање до потење, навистина ептен да се замориш)?
     
  9. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    11.914
    5 ден- протеински ден
    Доручек: портокал
    Ручек: туна и салата
    Вечера: туна и салата
     
  10. Mekuska

    Mekuska Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    2.301
    Пол:
    Женски
    јаглехидратен ден
    појадок 1 јаболко. толку можев брзав да излегнам рано
    ручек 1 лангита пржена, малку е мрсничка ама немаше др нисто тестено, и салата марула....сега се изнервирав нешто и каснав 1 ред чоколада ама за тоа пак не вечерам...и малку супа каснав, дали може супа во ваков ден, јас мислам да, и затоа си каснав, имам уште малку супа, па можеби до вечер ке каснам уште малку...утре нема да можам да ја држам,,,цел ден ке сум излезена, имам активност, така да дали во понеделник да го продолжам овошниот или пак да почнам од протеински? :!:
     
  11. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.256
    Допаѓања:
    91.913
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе ти се вмешам но смешна си ми :D
    Зошто навистина ја држиш диетава,ако ти веќе ја нарекуваш диета :D
    Во јаглехидратен ден супа не оди никако но штом ти самата си велиш т.е мислиш дека може јади си ...
    Прескокнуваш денови и грешки правиш секојдневно како што те читам.
    Јас мислам дека најдобро ќе тибиде да си направиш твој режим на исхрана или да си внимава што јадеш затоа што така со оваа нема да постигнеш резултати верувај...
    Оваа навистина добронамерно ти го мислам и кажувам,не си ја мачи душичката + мислам дека и со мало дете си така да нормално дека немаш многу време за готвење и добро придржавање.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Денеска овошен ден,направив мала грешка,каснав кифличка за ручек,ама вршев физичка работа,бев исцрпена па едноставно морав да каснам нешто што ќе ме држи повеќе.
    Останатото:

    Појадок:Банана,јаболко и кафе
    Ручек:Кифличката и салата краставици со маслинки
    Вечера:Круша и јаболко
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Официјално кревам раце од диетава, нема ефект кај мене веќе, стојам на 4ри кила а поминаа 5 или 6 недели. За тоа што пазам и вежбам секој ден е премалку.
    Очигледно на малку кила не функционира веќе така добро.
    Вајда ќе се држам до велигден колку да одржувам килажа, а после може да почнам аткинс, некако повеќе резултати мислам дека ќе има и без разлика што само 6-7 кила максимум имам за симнување.
    Ви посакувам подобри резултати од моиве.
     
    На miljkovic му/ѝ се допаѓа ова.
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Си била премногу долго на гладување.
    Секоја диета ќе ти функционира ако има калориски дефицит.
    Не ти треба аткинс,маткинс,ун.
    Треба да внесуваш доволно зеленчук,овошје и протеини.
    Ако тоа не ти го променува ставот за диетиве...
    Се откажувам веќе.
     
  15. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Hipster истото и мене ми се случува,ова ми е 4 недела имам симнато само 3kg ама нема дацсе откажам затоа што многу ми се промена метаболизмот- не ми е спор!

    сега гледаj да не се опушташ многу со празников па се да вратиш- ти посакувам мн успех за понатаму!

    овошен ден:2банани, 3портокали и 10гр ореви
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Абе и јас заглавив на 5 кг,ама не се откажувам. Истерај ја уште една недела,и не вежбај премногу,посебно не на овошен,оти не внесуваме доволно калории да ја надокнадиме енергетската потрошувачка,мастите не се топат така,туку прво протеините се разложуваат и ништо не бива.
    После тоа можеш по некој твој режим,не ти се многу килограмите.Гуд лак :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Стеф знаев дека ќе ми го кажеш ова.
    Не сум била на гладување, напротив се прејадов салати и овошје.
    Дури и еднаш во 8 дена јадев ред чоколадо во јх ден.
    Месо јадев во нормални количини, компири, ориз, пченка и грашок само варени, и пак си стојам на килажа од 66 кила.
    Ама кога ќе ослабиш 13 кила после малку поспоро иде процесот, нормално е тоа знам ама ми се брза и се нервирам.
    И јас сум против диети, ама искрено Ун е далеку од диета со која се изгладнува.
    Може не се слабее многу кога ќе ти остане ситно, ама и не ти дозволува да се здебелиш а јадеш секој ден по нешто различно.
    Прочитај ја диетава убаво и ќе видиш.
    Зашто не слабеам повеќе не знам, сите ми викаат дека е нормален процес, ама мене ми се брза за месец ипол барем уште 5 да стопам ако не повеќе.
    Башла што вежбам секој ден по саат ипол, незадоволително и неприфатливо....
    Совет да ми дадеш корисен мислам немаш.
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Било која диета која исклучува еден макронутриент во денот и не воведува баланс на протеини,јаглехидрати,масти и диетални влакна+ е лишена од сите витамини и минерали е само кратко решение на проблемот.
    Стави реално очекување од 0.5 кг неделно.
    Твојата килажа х 25 = калории за топење
    Стави го прво протеинскиот внес на 2 грам на секој кг.
    Стави го второ внесот на мастите на 1 грам на секој кг.
    Дополни ги другите калории со јаглехидрати.
    Земи си куњска вагичка и мери си прогрес на 10 дена.
    Вагата секој ден мери се на сабајле за да добиеш неделен просек на килажата.
    И вежбај со тежини,дома вежбање и сето даље не се важи.
    Ќе создадеш мускулна маса и ќе го забрзаш метаболизмот.
    Не треба да вежбаш секој ден по 1 : 30 треба да уживаш.
    Треба да имаш план.
    Неделно по 30 минути секој ден кардио е доволно.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    13.041
    Пол:
    Женски
    И јас кога ја држев диетава заглавив на последните 5. Толку ми требаа до мојата зацртана килажа. Најверојатно е до самиот организам, затоа што веќе се навикнува на таквата исхрана.
    Што е најтрагично после скоро две години, качив уште неколку, па сега имам 7 за симнување.
    Денес ја почнав пак диетава, иако ми се гади веќе од неа. Доста време помина, така да очекувам резултати. Е вечерва ме чека кафанска собиранка. Шопската не ми бега секако. И бело вино. Од тоа не се откажувам.
     
    На Waka-waka и Hipster им се допаѓа ова.
  20. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    67/90 Протеински ден ...

    појадок: 1 портокал
    ручек: супа и кременадла
    вечера: истото од ручекот

    68/90 Скробен ден....

    појадок: 1 портокал
    ручек: гравче тавче
    вечера: истото од ручекот

    69/90 Јагленохидратен ден ....

    појадок: 1 портокал
    ручек: 1 парче зелник со коприви :P
    вечера: 2 колачина и еден ред чоколадо