Hipster не си единствена,да точно е дека диетава е добра но на мала килажа нема добри резултати Јас заедно ја држам со мајка ми и сестра ми ,еве веќе уште некој ден ќе ја завршиме а таа има намалено само 7-8 кг и тоа едвај,без никакви грешки се разочарува и кажа веќе дека не се мери Но и одговара режимот затоа што и се промени метаболизмот со кој што со години мака мачеше... Така да не очајувај и пробај некоја друга диета ако мислиш дека ќе има резултати
Мислев на тој ден само со овошје(зеленчук) и воден ден, тие не би ги издржала, јас постам секој петок, ама и тогаш организмот ми бара некој млечен,месен производ, осекам недостаток на енергија , секој организам е различен
И јас првиот пат кога ја држев сумнав само 4кг, за 2 месеца првиот месец 3кг и доста во обем а вториот одвај 1кг. Најлошо е што веднаш ги вратив меѓутоа само во стомакот ги вратив хахаха, важно газот ми остана послаб. Јас неможам без благо и така ја прекршував секој ден, сметам затоа неослабнав повеке. Сега ја држам по вторпат и за 7дена 2кг супер. Денес ми е 12 и ми е страв да се мерам, да не се разочарам па да се фрлам на јадење.
види и јас самата знам дека правам многу грешки, ама за овие некаде 26 дена јас успеав да ослабам 5 кг, што и се радувам, ама многу грешев, да не грешев може и повеќе ќе ослабев, бај д веј првпат држам било каква диета...па не ми е проблем малку да си ја мачам душичката знам дека ми кажуваш добронамерно, периодот ми беше таков, со обврски, роденден на син ми, сега велигден, и така,, сега ке стагнирам со диетата, ама после празникот ја почнувам пак, и без грешки (за супата стварно мислев дека може тогаш, ама сега кога ке ја почнам одново, ке знам дека не може и нема да ја јадам),,, сега сум 72 кг. сакам да спаднам под 70, да ослабам уште некои 4, 5 кг. ке бидам задоволна, а се осека дека сум ослабена, сите го забележаа тоа, имам проблем што лицето ми е округло, и малку да се здебелам се оди на лицето, а нозете слаби,,,како и да е.. викторија 5 тебе ти посакувам да ја достигнеш посакуваната килажа, и на сите феминки, ослабете и бидете секси ова лето...поздрав па ке се дружеме после празникот...
Ја почнувам денес диетава. За појадок две мандарини За ручек планирам пилешки стек,салата(домат,краставица) и супа.. За вечера исто Кафето без шеќер не ми е проблем,без млеко е веќе предизвик.. Едит-дали мала количина сенф е дозволен и во кој ден?
Здраво на сите, посебно до новите. Гледа многу некако сте разочарани од диетава, немојте. И јас го мислев истото во првиот месец, еве сега вториов продолжи симнувањето на килажата. Имав некој недела и пол стоење во место и нормално е дека мотивацијата ќе се изгуби ама ако не се откажете ќе видите за некое време пак ќе почне намалувањето. Денес неделно попладне се те тера на јадење али мора да се придржаваме и да не паѓаме во искушение. 36/90 ден за благичко поздрав
Edna mala digresija...edna moja prijatelka so ovaa dieta oslabe 30kg.mene odlicno mi odi imam bajagi simnato i veke lugjeto primetuvaat no dodeka ne pominat najmalku 30 dena vagata nesakam da ja vidam so oci
Па каде сте денеска, да не бил ден за одмор од диетава,а јас од незнаење сум го пропуштила? Чекам мислења нови цел ден,ама нема,денес ја бојкотиравте темата. 85/90 скробен д-портокал р-варен компир и млад кромид в-малку од ручекот Резултати конечни ќе објавам за 5 дена
11 ден, ј.х. банана,шпагети,сладолед За сега -2 кила.Диетава ја држам по 3 пат сигурно.Резултати супер секогаш,е сега тоа шо после си се опуштам за тоа сигурно диетава не е крива
6/90 skroben 2mandarini Grav i salata Istoto samo malku pomalce inaku utre ke se meram tocno za edna nedela.. Edvaj cekam a istovremeno mi e strav Pozdrav pa ke pisam utre sto mi pokazala vagata
Здраво феминки. Јас многу се разочарав од диетата. Ја држев точно 28 дена без воден ден, и немав никаков резултат . Ниту едно килце помалку. Низ диетата, не се напив алкохол, газиран сок, кафе со млеко или некои намирници кои не се за во одредениот ден. Не знам каде згрешив. Според вашите коментари и искуства, претпоставував дека многу брзо ќе се покаже резултат ,затоа што имам над 20 килограми вишок. Сега веќе 4 дена јадам , и не ја држам. Не знам дали да ја почнам од почеток, и колку ова би имало ефект. Поздрав
Ако немаш правено отстапки тогаш проблемот е во количината и ништо друго.Каква диета и да се држи тебе може да те ослаби само калориски дефицит,тоа е најбитното да се запази. 12 овошен банана,јаболко,сок од јаболко,кива и портокал и до после овошна салата сигурно ке си направам
86/9 Овошен и омина само со 2 портокала ,1 јаболко и за вечера салата од зелка. Утре последниот воден ден.Се надевам ќе помине побрзо. Викторијаа5 ја заврши ли диетава,кои се крајните резултати? И што стана со останативе диеталки,некако замре темава,фалат коментарите кои се поттик за понатамошно групно симнување кг?
Женски, ве читам скоро секој ден, и многу ме мотивирате, цело време ја почнувам диетава, ама ја зезнувам. Не вечерам, издржувам така неколку дена и после се прејадувам со јалехидрати. Еве вчера ми беше овошен, и навечер околу 9 саат се убив од јадење јаглехидрати. Сакав да ве прашам, во кој временски интервал обично јадете, на пр. у колку саат доручкувате, па ручате и вечерате? Јас сакав да ја искомбинирам оваа со онаа 8-часовната, ама ништо од тоа. И да, денес да продолжам со протеински, или уште еден овошен да држам? :/ Стартувам со 175cm и 64-65kg.
Извини Јордановска-К а колку сакаш да ослабеш ти што си 175/65, па ти си идеална тежина во однос на висината, и да сакаш со оваа диета нема ослабеш лесно, оваа диета е за оние кои имаат за симнување повеќе од 10, за кило две, па макар и 5 ќе се изнамачиш и ништо нема да направиш. мој совет, крени го газот, повежбај малце, припази на благо, на леб и ќе симнеш ако сакаш да симнеш нешто, ама мислам дека немаш потреба да симнуваш повеќе, не ти ја знам конституцијата ама како и да е, ван разум е да намалуваш повеќе.
Здраво ... Денес ми е 7ми ден и денес прв пат се мерам од кога ја почнав диетава Покрај тоа што имам одлабено 2,5 кг за 7дена се осеќам лесно и убаво цело време... Ииии пресреќна сум 7/90 2портокала Шпагети со кечап 1ред чоколадо за готвење
Здраво јас сум нова тука Оваа диета ја држам по втор пат првиот не ми успеа се надевам дека овој пат ќе успеам во ова бидејќи сум здебела 100 % од лани хахха.... Сега сум 60-65кг ...Сакам да знам од прилика за 20на дена колку килограми можам да смимнам ?
Овде сум ве читам и јас Денеска ми е последен 90 ти ден завршувам со скробен ден ќе си праам манџичка со компир Утре ќе ви кажам краен резултат и како поминав во овие 90 дена
Кога сум во ПМС,овошните денови ми се смртно тешки,ама денеска поминав прилично добро Појадок:Банана и кафе Ручек:салата од домати и краставици и младо кромидче Вечера:Крушка Килограмите не знам колку се,ама по лицето ми се гледа дека сум малку ослабната.Спојлерите на стомакот ми се значително намалени,а и нозете добиваат убав облик полека полека. Си инсталирав и апликации да ме потсеќаат на вежбање и очекувам добри резултати на крајот од диетава.
Денес 89 ден, значи утре завршувам со УН. Сакав само да кажам за да ми олесни дека денес се изнајадов па сега неможам дури да дишам. Тоа беше за денес, па утре или задутре, зависи како ќе имам време ќе напишам како ми беше овие 90 дена.