Еве ме пак мене, да си дадам отчет за последниве денови. Овој циклус катастрофа.. некако немав доволно сила да кажам не и си грешев бајаги. Скробниот ден го поминав со печени компири за ручек и вечера и бидејќи седев до касно пак бев гладна немав ништо при рака само ќесе смоки и си го изедов Јаглехидратниот ден имав спремено две кроасани со едно чоколатце виталија ии си ги изедов кроасанките и бев на гости каснав пирошки, скара, салата само благо не каснав shame on me и денес овошен уште овошен да ми беше катастрофа станав рано, јадев лисната пица со баланс јогурт и две круши . Што да правам диеталки ? Да ја почнувам од ново диетата или да продолжам и како да се мотивирам да не грешам повеќе ? Трикови, совети , се е добродојдено И сакам да ве прашам за едни вежби http://25.media.tumblr.com/tumblr_mcxll ... o1_500.jpg денес ги вежбав тие за понеделник, мислите ли дека се добри во склоп со диетава да ги правам ? Ако не дајте некој предлог некои со кои се губат повеќе калории, однапред благодарна
Јас сум нова на форумот..овој режим на исхрана го имам држано неколку пати и да има резултати..не сум издржувала до крај бидејќи и сум немала којзнае колку вишок килограми..највеќе до 7 кг..еве сум денеса пак на почеток и ви посакувам успех на сите.. Сакам да напоменам дека неслучајно е ставено еден ред црно чоколадо и треба да се јаде во јаглехидратниот ден бидејќи штити од алергии..Со среќа диеталки ,па ќе ви пишам за резултатите..
Нема трикови. Јади здраво,вежбај интензивно и биди трпелива. Тоа сало што си го товела долго време не се губи така кратко.
Си жалост „изјавувам“ дека сум принудена да ја прекинам диетава. Денеска проверив крвна слика...железо ми е многу намалено,како и некои други работи кои јас не ги разбирам.Не сакам да биде беља работа,ке пробам на мој режим да сум. Битно,и благодарам на диетава што ме ослаби за 20 дена 6 кг.
Е фала богу дека секоја ваква ригорозна диета ќе го намали нивото на минерали и витамини и ќе осеќаш многу лошо. Варијатет,не само на рекла казала.
Ако во овие 20 денови си јадела разновидна храна и си внесувала се што треба не би требало такви да ти се резултатите,искрено ме зачуди А иии браво за 20 ден -6 ....
Искрено за мене Ун диетата и општо било која диета се тотално срање и синоним за мрза. Како прво диета значи начин на исхрана кој се применува секојдневно и вклучува се што е потребно за организмот, а не денеска ќе јадам банани утре варен стек, па така 90 дена па после пауза кога ќе се вратат сите килограми или барем дел, па пак истото итн итн... Доволно е да го започнеш денот со овошје, да имаш нормален ручек, да вечераш минимално и на време (3-4 часа пред спиење), лесни ужинки, да спортуваш барем 3 пати неделно нешто што можеш нормално да го поднесеш, дали трчање, дали велосипед, пешачење, скокање на јаже, вежби од интернет, било што. И најважно од се е да го прифатиш тоа како СЕКОЈДНЕВЕН режим, а не како период од хх денови после кој се е дозволено. И не, не е нормално со диета да се намалат нормалните параметри во организмот, баш напротив треба да најдете режим кој ќе ве полни со енергија и тоа што ви било лошо на резултатите бидејќи сте јаделе храна која не ви одговара, да стане нормално или уште подобро одлично.
Од вакви совети искрено ми се гади. Значи овошјето не ферментира,тоа се метаболизира во глукоза и фруктоза во АТФ(аденозин трифосфат). Немам ништо против тебе девојче,но играте расипан телефон,утре ќе слушнам фруктозата е штетна,задутре ќе слушнам триста глупости од рекла казала совети и играње расипан телефон. Процесот на конвертирање на глукоза во масти(глицериди) адипозно ткиво се вика де ново липогенеза и се случува ако преконзумираш јаглехидрати на долг период 3-4 дена. Фруктозата се метаболизира директно во црниот дроб и има лимит од 60-100 грама дневно,после тоа се конвертира во масти.
Мислев на ферментирање со другата храна..кога ќе се испомеша во желудникот..и сите го препорачуваат да се јаде од сабајле...
И дај просветли се малку ,па после критикувај дали некој игра расипан телефон..Поздрав! http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=218 Во периодот на конзумирање на храна се препорачува овошјето и соковите да се конзумираат 30 мин пред која и да било друга храна, за да не дојде до мешање на храната во желудникот. Мешањето на овошјето со другата храна доведува до ферментација, со која се губат хранливите материи и се отежнува и успорува метаболизмот.
17 ден протеински за доручек јадев шака сушено грозје, за ручек јадев кајгана со печурки и мало парче бел леб со чаша баланс јогурт.За вечера планирам само јогурт баланс. Се мерев утрото и немав ослабено воопшто овој циклус, значи се уште сум минус 2кг од почетокот, но не се разочарувам, мој избор ми беа грешките и ова се последиците.Досега си пиев по 2-3 кафиња 3во1 нес кафе но сега дознав дека имаат по 94калории во пакетче па ги откажувам на цело (може само некогаш во протеински ден ) и планирам да си правам во 1.5 литро вода да исцедам еден лимон и таква вода да си пијам секој ден затоа што метаболизмот ми е брз како полжав Едно прашање во врска со вежбањето моите мускули се максимално воспалени, да продолжам да вежбам и денес, да правам пауза од еден ден што ќе ми советувате ?
Многу малце си ослабела..сигурно правиш некаде грешка..пример за ручек не си морала да пиеш јогурт..значи колку повеќе си дисциплинирана ,толку ќе имаш повеќе резултат! Пиј си турско кафе! А на еден хрватски форум имаше прашања од типот дали да се пие сок од лимон и таму нутриционистите викаат НЕ! За мускулите аналгинче и пешачи денеска,не мораш да се форсираш толку! Поздравче!
30 минути пред и најмалку три часа после било кој друг вид на храна, затоа се препорачува да се јаде од сабајле кога е желудникот секако празен. Инаку не е точно дека доколку го јадете навечер ќе ве здебели итн, туку ете тоа што го наведе, поголема е веројатноста дека ќе се измеша со друга храна и нема да има никаква корист од него, туку напротив дури ќе направи штета.
А како во протеински ден јадеш суво грозје, сувото овошје е енергетска бомба баш затоа што е преполно со шеќери. И една рака суво грозје е многу искрено. А тоа со лимот за да забрзаш метаболизам, од сабајле прво кога ќе станеш исцеди половина лимон со чаша со млака вода и после тоа 40 минути не јади никаква храна. Само предупредувам бидејќи детоксицира ќе мочате барем три пати повеќе од обично
Хахахаха ..не знаеш што пишуваш..ти рече дека ти се гади од мојот совет дека храната ферментирала со другото јадење..што сега не ти е јасно???
Некаде имав читано дека за доручек или шака сушено овошје или 2 овошки затоа јадев сабајлето, а пиев јогурт затоа што нели или јадеш супа или пиеш јогурт A толку малку сум ослабена и што претходниот циклус само грешки правев затоа Фала за советите штом викате така веќе ке го исфрлам јогуртот а и ќе јадам свежо овошје наутро, а за лимонот што да правам да го пијам или не ?
Сушеното овошје е многу по калорично и јади го во овошен ден за да можеш да издржиш..а тоа дека требаш супа или јогурт не е точно.. значи чаша супа без резанци само...и во протеинскиот ден не треба да се мешаат различни видови на протеини,туку само еден вид..не кајгана со печурки туку или само печурки или само кајгана,ако сакаш резултати!Ти кажав дека нутриционистите на хрватскиот форум советуваа да не се пие лимон и цитрон бидејќи тоа заменува цел оброк!Ти како сакаш!