19 ден по правило јх но јас си го менувам со протеински затоа што не можам да се контролирам со благото, а црното чоколадо ќе си го префрлам во овошниот ден Синоќа сепак место цедевита пола чаша бело вино пиев ( oколу 77 калории имало).Денес значи протеински ден риба си избрав за јадење. За доручек кафе со млеко, за ручек туна риба со полн тањир краставички салата и за вечера планирам пак риба само пржена или на скара зависно од тоа каква ќе ми направат домашните , како и да е горниот дел го вадам па нема да ми биде мрсна рибата, е сега ќе има малку повеќе калории од онаа на скара но ќе гледам да јадам пред 8 и да изедам помалку риба, а повеќе салата. Денес пешачење околу 2км планирам, без вежбање бидејќи имам многу обврски
Јас сум на 4 ден..овошје..ослабната сум 3 кг..фактички секој ден по 1 кг слабеам..само така да продолжат килограмите да летаат од мене..))
Алал да ти е ГретаГарбо, јас бавно ама славно. Денес се мерев и -1кг Денес 20 ден од диетава и вкупно -3кг .Денес ми е овошен ден, ќе се наполнам со витамини. Јаболки, круши , цреши, портокали на менито може и некое јаткасто овошје но најмногу 50 гр и денес ќе си ја направам водичката со лимон ( во 1л еден лимон)
Девојки јас ја прекинав диетата Истерав 70 и нешто дена,престанав веќе да бројам.Ослабнав 8 килограми,а ми требаат уште 4,5 до идеалната тежина. Сега си терам добар режим,пак јадам овошје наутро,за ручек гледам да не мешам состојки кои не се дигестираат убаво кога се јадат заедно,и се разбира многу физичка активност,пиење вода. Белиот леб тотално го заменив со интегрален,благо си дозволувам кога ќе ми се пријаде,но со умерена доза,кафето почнав да го пијам без шеќер и дефинитивно ќе паузирам од јаболки одреден период(се презаситив) Ви посакувам среќа на сите што ја држите,со правилно јадење и малку физичка активност килограмите ќе исчезнат како од шала.Сепак стремете се да си создадете фигура која ќе ви прилега,макар и бројките на вагата се повисоки. Треба само малку мотивација и трпение и се ќе испадне како што треба.
Јас ви препорачувам лебот скрос да го исфрлите од оброците..не е тешко..вчера бев на овошје..денеска на печена кокошка со тиквици околу неа(печени) и салата..читајте ги искуствата и тука.. http://www.dijeta.net/un_dijeta.htm
Повторно се дружам со УН диетата. Претходниот пат бев доста задоволна ја издржав без проблем и диетата и одржувањето. Сега после бременоста и породувањето повторно сум на почетокот, сеуште дојам и малку потешко ми оди. Денес 8/91 овошен т.е витамински ден досега изедов 1 банана и 2 јаболки
Штом си изела 4 банани денес ниту сончоглед ниту јаткасто овошје. Инаку бананите не се толку лоши за диета колку што ги бие лош глас.Една средна банана има 3.1 g растителни влакна и околу 105 калории Protein 1.3 g 2% Vitamin A 1% Vitamin C 17% Calcium 0% Iron 1% Vitamin D 0 µg Vitamin B-6 20% Vitamin B-12 0% Magnesium 8% Но кога не е овошен ден избегнувај банана, бидејќи пример јаболката има многу повеќе растителни влакна а помалку калории.Пример една средна јаболка има 4.4г растителни влакна и 95калории Vitamin A 1% Vitamin C 14% Calcium 1% Iron 1% Vitamin D 0 µg Vitamin B-6 5% Vitamin B-12 0% Magnesium 2% Прочитав дека ја прекршуваш диетата со сончоглед па да си имаш ориентација во врска со калориите и нутритивните вредности.Семките на сончогледот (100 гр.) содржат 25 мг. белки, 42 мг. масти, 21 мг. јаглехидрати и 4 мг. растителни влакна. Енергетската вредност изнесува 2450 kJ (585 kcal). Содржи витамин А, витамин од групата Б, витамин Е, а од минералите содржи калиум, фосфот, железо и натриум.
Мене вчера ми беше овошен ден и поминав со два цедени лимони, еден портокал, една јаболка, 4 круши и 5-6 зрнца суво грозје и испив повеќе од 2л вода.Поминав без јаткасто овошје без банани и горда сум на самата себе Денес протеински ден вака ми изгледаше : за доручек свежо цеден сок од портокали, за ручек кајгана од две јајца и кашкавал и парче бел леб, за вечера планирам истото значи кајгана од 2 јајца без кашкавал и парче леб со многу салата.
Ви ја препорачувам апликацијата water your body ..која не ви дава да заборавите да пиете вода..според тежината одредува колку е потребно да пиете вода во текот на денот..
Јас денес станав касно и многу гладна па место овошје за доручек преминав на ручекот грав и тоа два тањири, прејадов малку па за вечера ќе пробам ептен малку грав да јадам пола тањир и многу салата. ГретаГарбо јас досега немам јадено пченка но и да јадам ќе преферирам од замрзнатата со малку сол А за апликацијата може да ја пробам и така многу вода не пијам Имам едно прашање : Како издржувате да не пиете вода после јадење ? Колку време после јадење не треба да се пие вода ?
Дали некоја од вас пие саси вода?Јас штотуку ја направив.. http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/1 ... men-stomak
Денес 23 ден од диетава, не ми се верува дека скоро цел месец сум на диета. Овие денови многу обврски имав и затоа не вежбав. 23 ден по правило треба да ми биде јх ден но како што си решив пак ќе си го сменам со протеински. Денес за доручек јадев 2 портокали превкусни беа за ручек стек на скара и салата и за вечера пак стек исто на скара со салата ( уште вчера ги купив, да не забушавам ) Утре ми е овошен ден па после него планирам да се мерам и да видам какви резултати имам
Мене ми е денес 8ми ден, овошен и направив еден од рецептите предложени на странава Запечени Банани Превкусни се Планирам да пробам и утре некој од рецептите за протеински ден. Си пробала ли ти некој од другите рецепти да ми препорачаш?
Се уште немам направено нешто од рецептите,ама ќе зготвам нешто деновиве.. Давајте резултати од слабеењето