Фалаа Знам , ама скоро секогаш јадам различни овошки а и многу овошје јадам од сабајле понекогаш неможам да се воздржам ти до кај си ? колку имаш ослабено? извини што прашувам но не следев што се пишува оследниве месец два тука [/q Јас сум на 28 ми ден и имам ослабено некаде околу 4-5 кг..не е лошо,ама не е ни баш најдобро..сепак подобро е од ич Ми требат да ослабнам уште 5.И знам мака ќе видам уште еден месец ,ама тоа е..колку повеќе имаш за слабеење,толку повеќе се слабее..Последните килограми секогаш се слабеат најтешко..ама не губам надеж..се надевам на убава фигура до крајот на Јуни..Нешто слабо активни сте сите..дај пишете резултати
40 ден јх ден одлучив да го држам но ја зафркнав работата, не можам и не можам количински да се контролирам шпагети, овошен колач две парчиња, 4чоколатца, цреши за доручек и лепче на крај ко ништо да не сум јадела цел ден 41 ден денес мислам највеќе ради вчера што јадев повеќе количински денес гладна цел ден, а овошен.Едвај се исконтролирав, но сепак успеав. На менито цреши, јагоди, сливи и пола шака суво грозје.
сакав да те прашам ...кога смеам да јадам риба конзерва и дали воопшто смеам?? ....дали може во првиот ден??
42 ден протеински за доручек една слива и кафе за ручек од оние готовите теста за пица ставив јајца и малку сирење и ја поделив на 4 парчиња и изедов 1.5 парче со чаша јогурт за вечера пола парче и чаша јогурт
43 ден скробен Доручек цреши, една кајсија и кафе ( 3во1) ручек ќесе смоки од зелените 40 г имаат околу 230 кал немав ништо скробно,а морав да каснам нешто затоа што работев повеќе часови од предвиденото вечера пред 12 боранија тањир со 2 кришки ( пченичен леб баварски од жито лукс) Едно прашање имам доколу чита некоја поискусна диеталка, кога се држи вториот воден ден ?
Водениот ден се држи на секои седум циклуси (7х4) односно: 1от 29ти 2от 58ми 3от 86ти ден. Јас лично не би била на вода цела ден. Не се нафаќам и само на овошје, камоли само на вода. Подобро прескокни го, не го држи, премини веднаш на протеински ден. Секако, одлуката е твоја/ваша.
дечки ,дали некој пиел мед наутро уз диетата? Сакам со ленено семе комбинирано да пијам, така го забрзува метаболизмот
Јас заедно со мајка ми решивме дека од утре (дека понеделнички) ќе ја почнеме диетата, ни се виде привлечна, заради тоа дека има благо па ќе кажувам како и дали иде работата
Здраво диеталкии од денеска повторно ви се придржувам и јас Не ми е во план да ја држам 90 дена околу 2 месеца само можеби додека заминам на одмор па да си го забрзам намалувањето затоа се одлучив пак за ун и дека сум навикната + лесна ми е 1ден п: околу 100гр цреши р: мусака со црн патлиџан + салата краставица в: шопска Исто така наутро планирам секоја ден да пијам цеден лимон за прочистување а во текот на денот зелен чај Голема подршка сте ми па добро би било да пишувате повеќе во врска со диетата Среќно
Почнав .. хуху 1ден доручек: 3 кајсии мали ручек:2 филети ослич со салата: патлиџан, краставица, марула + блитва + супа вечера: 1 филета ослич со салата низ цел ден вода
i mene konecno mi trgna 6/90 pojadok 2 portokala rucek rizoto so zelka salata i 1 kriska crno lebce vecera pola od rucekot
Само да потсетам дека кафе со млеко. т. е 3 во 1, капучино и макијато се пијат само во протеински, евентуално и во јх ден, не во скробен и во овошен, а кафето се пие по можност без шекер, така да избегнувајте ги готовите 3 во 1, барем во 2 и 4 ден. Втора забелешка, зошто јадеш смоки? тие се најкалорични, јас кога немам што во скробниот ден, или повеќе за вечера си земам печена пченка, од оние пакетчиња во маркетите, ако веќе сакаш нешто купено. А колку ослабна за овие 43 дена? мене ми е 9 ден, денес појадокот го скокнав, од вчера неможам повеќе овошје испив едно макијато, и вода со јаболков оцет, ручек пиперки со урда и едно јајце и шопска салата, и едно парче баварски леб, за вечера ќе размислам, може една чаша јогурт Вчера имав овошен ден,на менито сок браво портокал (знам дека има шекер, ама немаше што да порачам),овошна салата од цреши, вишни, банана, праски, портокал,цитрон и јаболка, а за вечера околу 80 грама микс од лешници, бадеми и индиски орев нешто слабо ми оди слабеењето, до сега само -1 кг, минатиот пат за неполни 3 месеци симнав 7, се надевам и овој пат на слични резултати
2/90- Скробен ден Д:3 кајсии мали Р: тавче ориз 1/2 + салата В: од другата половина што остана од оризот 1/4 + салата Вода многу + 50 чучњеви (Fitness Challenge) Грешка направив: нескафе со млеко и малку кафеав шеќер
Volsebna вака сега, во едно нес кафе 3во1 има 75калории, во смоките имаше нешто помалку од 230 калории во 40гр, а јас изедов 40 гр, значи за ручек 230 калории не се воопшто многу, се согласувам дека не ми беа најдобар избор но само нив ги имав, немаше во дуќанчето ништо друго скробно, инаку ќе земев пуканки. Најдов информација дека за овошен ден смееш да изедеш најмногу 2 банани на линкот што грета гарбо го постираше со рецептите и како што видов во рецептите џабе сте ме карале за печурките, ги користат во приготвувањето на оброците со месо ,а и читав некои искуства и пишува дека се третираат како салата и се препорачуваат бидејќи те држат сита подолг период а имаат многу малку калории(U 100 g sirovih šampinjona ima vrlo malo kalorija - 26 kcal / 109 kJ, od toga 2,5% proteina, 0,2% masti i 5,1% ugljikohidrata. ) Исто така приметив на првата страна на диетата дека на протеински ден не ја преполовуваш вечерата. И ти правиш грешки доручекот никогаш не се скока, со глукозата го храниш мозокот, урда ти е млечен производ не иде со јајце исто и јогуртот(мешаш протеини),а браво сокот тоа е изговор си можела да пиеш добра вода, обична минерална вода, за мене дури и цедевитата е подобар избор од бравото( може има шеќер но има и многу витамини). Инаку јас ослабев 7кг, како што можете да видите низ моите постови јас правев многу грешки, но секогаш се трудев да се вратам на правиот пат.Не се изгладнував, се трудев поздравата варијанта да ја одбирам и не вежбав морам да си признаам. Многу ретко и тоа пешачење најчесто, избирав скали место лифт и тоа. Овие денови ја прекинав диетава затоа што според висината ја достигнав идеалната тежина и размислував дали да продолжам со модифицираната ун диета (замена на јх ден со протеински ) или да ја држам овојпат вистински без прекршоци со малку повеќе количински од ручекот и со поинтензивна физичка активност.
3/90-ЈХ Д: една шака јагоди Р: шпагети интегрални со сос од зеленчук В: сладолед-3 топчиња + 1 ред чоколадо • Вода + 55 чучњеви(5x11) + 15 мин трака + 30 мин вежбите од youtube
Па добро Pinklips, важни се резултатите на крај... јас мислев дека во првиот ден се јадат протеини без разлика дали се мешаат, важно е вечерата да е иста со ручекот, ма да јас кога ја држев првиот пат на јадев секогаш исто за ручек и вечера, но пак беше во рамките на тој ден, значи ако ручекот е протеини да е и вечерата, ако е различен протеин, иако знам дека правилно е да е исто, така полесно се слабее, а за браво сокот во право си, знам дека има шекери, ама нели несмее да се пие газирано, но во иднина ке пијам велнес, или фреш... добро како и да е, на крајот се важни резултатите, а ти си ги достигнала, штом имаш идеална тежина спрема висината прекини ја диетата, само пази во иднина да не мешаш скроб со протеини и благо... не ти треба толку строг режим, нешто кај мене слаби резултати, или сеуште не се покажуваат, 10 ден ми е, а речиси нема резултати,само околу килограм најмногу денеска 10 ден појадок банана, турско кафе, ручек леќа, сега за вечера незнам дали може печена пченка да јадам... плус почнав да пешачам, околу 2 часа, и да вртам со хулахоп
Уште малку до целта. Уште 4 кг до саканата тежина. Пресреќна сум 2 години се мачам да симнам 16 кг и конечно симнав. Сега цел ми се уште 4кг за да бидам риба на плажа (мала шега)
Ако има проблем само со стомакот нека не пие купечки сокови, без разлика дали газирани или густи, нека не јаде благо, чоколади, белиот леб нека го замене со црн т.е нека намали со јаглехидратите и секако нека јаде повеќе пати, но количински помалку.