Дозволено ли е да се става маслиново масло во салата и дали може рибата да се пече на тостер (без масло)
Леле од роденден се вратив и лапнав едно залче торта и испив баѓи сок срам да ми е .....од утре нема вака
Не се радувај, само течности се тоа, тек доаѓа интересното. Маслиново масло можеш да користиш, како и вообичаеното, но во мали количини да не залеваш квалитетно. Риба на тостер исто можеш, не знам како би ја правела поинаку бидејќи пржена на иде во предвид, варена не е вкусна. Женчиња, девојчиња, многу сте во заблуда со диетава, сте напраиле каша попара
Јас уште едно кило симнав после водениот ден . Да продолжам вака, да се стопам уште два месеци. Искрено, не ни помислувам многу на храна, мислам на онаа од која бев зависна две години. Немам никаков апетит, само огромна мотивација да си го доведам телото во форма, да ги ослабнам овие 9 килограми, до 55. Она што го спомнав за вежбањето, напротив овие два дена вежбам доста. И ќе гледам да иде тоа секој ден, а не како порано кога ќе ми текне. За почеток гледам да правам дневно по 50 стомачни. А и ги правам овие вежби за раце, затоа што всушност тоа ми е најкритичниот дел. https://www.youtube.com/watch?v=MrpGbulGprA Со нозете никогаш не сум имала некој проблем, со малку симнување килограми ми се стопат но затоа горниот дел ми е мене проблем, така да ќе работам на тоа. Утре ми е овошен ден, искрено со душа го чекам, некако најлесно и најубаво се чувствувам по овошниот ден .
Мене овошниот ден ми е најјубав. Денеска јх за доручек 2 јаболки за ручек макарони со кечап и оригано.Вечера нешто благо
Здраво, јас сум нов овде. Машко сум, се надевам нема да наидам на критики, но нигде не бев видол толку пасија во врска со некоја диета и на повеќе форуми најдов дека овде УН диетата станува начин на живот. Верувале или не, јас за 3 дена ја прочитав цела диета, цел форум и еве сега направив аккаунт. Многу сум дебел ( и така и порано си бев дебел но сега прекумерено). Висок сум 189-190-191 ( варирам) и од секогаш сум бил (откако престанав да растам) 100 килограми и супер си ми било, не бев многу дебел(бев среден) и бев добро со здравјето. Есента 2013 ( поточно ноември) си ја скршив едната нога и страшно ја повредив тетивата, а на другата и ги скинав мускулите(на листот), тоа беше голема несреќа. Цели 3 месеци носев гипса на едната нога(на почетокот и на двете), бидејќи ми ја оперираа ногата и таа целосно зарасна покрај многу физиотерапии и сега е дури и по цврста од претходно. Лошото е што сево ово време, јадев и само јадев и тоа нездрава храна и станав 138 килограми. Знам дека ќе ми се смеете, но, тоа е тоа за жал. Јас бев свесен што правам, но немав друга работа-занимација освен јадењето. Можам да кажам дека на некој начин станав зависен од храна. Факултет завршив на земјоделски на катедрата за квалитет и безбедност на храна, моментално магистрирам на факултетот во Љубљана на тема Исхрана-општо а и планирам да земам докторски студии овде во Македонија при факултетот за ветеринарна медицина катедра-безбедност на храна, така да можете да видите дека имам прилично огромно знаење за храната(тоа од секогаш ме интересирало) па слободно поставувајте прашања и овде во инбокс и реплицирајте за што и да треба. На мене само ми треба вашата подршка за да си ја остварам целта, а целта ми е тие 38 килограми да ги снема што ги наталожив за 6-7 месеци и да се вратам во првобитната положба. Инаку, ќе ја држам УН турбо(со сите скробни денови), затоа што решив целосно барем сега кога неам за учење да се откажам од јаглехидратите кои се главен виновник за мојата дебелина. Денес, 1 ден , а на менито : Доручек: 2 праски Ручек : Риба(во соино масло), изблендирана со многу спанаќ и кромид, како и 2 парчиња нутри леб од Житолукс. Вечера: Риба(помало паковање), 1 парче леб и секако спанаќ и кромид.(Вечерата ми е во 7 часот).
Јас ја држев диетата и се придржував целосно до она што е напишано во неа. Јадев онака како што пишуваше и нормално без мешање на повеке видови храна. Секако тоа е и поентата на оваа диета, и ако се придржувате до неа секако дека се слабее. Јас ја држев до Велигден и ослабев 12 кг, намалив од 70 на 58, а сега варирам од 58-59. ЈКТ ако си решил да ја држиш, држи ја целосно како што е напишано и резултатите се неизбежни. Ако те сватив добро, сакаш да држиш само скробен ден, тоа ти е премногу погрешна одлука. А посебно што мешаш месо и спанаќ, месото е во протеински а спанаќот во скробен ден. Ако навистина сакаш да ослабнеш, а притоа да не си го нарушиш здравјето, јади онака како што пишува, пиј течности, не мешај храна, месото јади го варено или печено, ако правиш чорбички во скробниот ден нека бидат без месо и без запршки, во салатите додавајте многу малку зејтин, подобро и да не ставате. Лебот да е црн, да јадете количински нормално, а не во ненормални колишини, посебно во јх ден и да не се прескокнуваат оброци, доручекот од 2 исти овошја е обавезен, посебно бидејки ви дава енергијада истуркате до ручекот. Можеби е тешко првите 2 недели додека да се навикнете, ама потоа забележувате промени, јадете помалку а сте најадени, и секако забележувате промени во огледалото. Не е само да се каже на диета сум, треба да имате цврста волја, да сте истрајни и да не потклекнувате пред искушенијата. Ако си имате поставено цел пред себе, терајте до крај, нема ништо поубаво кога после 3 месеци си задоволен од својот изглед, кога сваќаш дека си успеал да го исполниш она што си го зацртал. Постојано се мотивирав гледајки згодни девојки, како некој манијак ( и дечко ми искористи, наполни очи ако друго не) буквално 10 часа днево гледав слики од згодни и убави девојки, пуштав спотови и тоа ми беше најголемата мотивација. Најдете си и вие некоја мотивација, стиснете заби и терајте.Нема ништо лесно во животот, ама кога знаете дека вреди да се борите и дека има резултети се се издржува. Ова го кажувам бидејки, иако подолго време не пишував на фемина, постојано ве следев и и јас приметив дека повеќето баш и не се придржувате до самата диета, туку самите правите некои измени, а сето тоа го забавува слабеењето. Поздрав и посакувам сите да дојдете до идеалната тежина. Штета што сега не е толку активна темата, јас кога ја држев имаше повеке феминки, па постојано пишувавме што сме јаделе, дискутиравме за диетата и си бевме подршка едни на други и секако полесно беше да се издржи и да не се посегне кон нешто недозволено.
Грешка, спанаќот е листест зеленчук, само мешункастиот зеленчук и кореновиот имаат скроб, спанаќот има железо, хлорофил, витамини, минерали и моќни анти-оксиданси и секако јаглехидрат, но не во вид на скроб
^^^За да ја држиш вистински диетата потребно е претходно убаво да ја проучиш,и да видиш како пишува и како е комбинирана самата храна.Не сум експерт за храна,незнам баш за се кое во која група е,ама се држев до она како е напишано,а ти можеш да си комбинираш како сакаш,изборот е твој.Поздрав
Можеби не е погрешно,ама оризот не пишува дека би требало да се јаде.Мислам дека би требало да се избегнува,барем јас не јадев ориз воопшто додека ја држев.
Боранија со разни зеленчуци и компир,без месо може ли да се јаде на скробен ден ? Мајка ми ја држи диетава и душата и присакала боранија,и сега се прашува дали тоа би можело да се јаде на скробен ден или да си свари некој компир?
Секако, боранијата е мешункаст зеленчук чија главна јаглехидратна компонента е скробот. Покрај боранијата, скроб содржат: оризот, грашокот, гравот, леќата, пченицата, пченката, компирот, сојата(во зрнца) и сите сите житарици од џиа семе, ленено семе итн. Нека слободно мајка ти си направи боранија. Еве јас денес ќе јадам манџа со грашок,ориз и компир ( и трита елемнта го содржат истиот подвид на скроб) иако негде прочитав дека не треба да се мешаат повеќе зеленчуци кои што содржат скроб. Можете да мешате грашок со компир и ориз, но не можете да мешате боранија,грав и леќа со ориз и компир, како и ако јадете житна култура никогаш ама никогаш не мешајте пченица со пченка и слично ( можете да мешате ленено семе,соја и сончоглед само) Се надевам дека можете да сфатите што сакам да кажам, ова темелно го има во микробиологија на растенијата ( ако сакате повеќе да дознаете, побарајте во книжарниците и библиотеките) Спојлер Мислам, да не ме сфатите лошо, може мајка ти да си направи боранија и компир заедно со секакви зеленчуци, не е тоа прекршок, но кажувам од аспект на варење, малце потешко ќе се свари оти не содржат исти хранливи влакна чии ѕидови се од целулоза
Здраво женски и јас сум нова. Мојата цел е да ослабнам 14 кг и мислам дека оваа диета ќе ми помогне. Дали мислите дека со оваа диета ќе успеам да ги симнам моите вишолѓк килограми и секаков совет е добредојден. Инаку висока сум 164 а тешка 68 или 69 кг. Ви благодарам однапред!
Мислам дека не ти е потребно 14 килограми да ослабиш, али со оваа диета сигурно би можела барем до 60 да се спуштиш. А тоа ќе биде супер за твојаата висина
Зошто сами си правите нов правец на диетава ? Смешно ми е дури кога ве читам секој јаде на кој што му сака душичката а не тоа што треба Па ако е така ич и не ја држете диетава не се мачете. Јас ја држев 3 месеци и ниту еднаш не помешав јадење да си праам комбинации. Компир + ориз ,боранија + компир,или пак во протеинскиот ден да јадам пилешко и риба. Се знае како е пропишана диетата така е или пак прочитајте убаво каде што ја имам на српскиот форум. Јас сепак мислам дека не е во ред да се меша и да се јаде ориз тоа никаде не е кажано. Ако сакате навистина да стигнете до посакуваната цел не правете грешки и резултатот е загарантиран.
Се согласувам,само што не верувам дека мешањето претставува некој прекршок.Потенцирано е во диетата да не се меша за побрзо да се свари храната,а,главната цел на оваа исхрана е дневно да не се мешаат хидрати,скробови и протеини.Не си мешала храна,супер,но сигурна сум дека си и ти правела прекршоци,како и јас што сум правела прекршоци кога сум ја држела,како и сите други. Се надевам нема да ме сфатиш погрешно. Едит: Сега гледам на српска страна,на скробен ден пишува дека може ориз.
Ако не е кажано, не значи дека е погрешно. Еве, јас ви кажувам, слободно јадете ориз, зошто оризот е скроб. Ориз и компир да смешаш не е исто како да смешаш пилешко и риба. Не требаше ниту да пишувам кои комбинации се поволни за мешање(според варливоста,целулозата, хранливите влакна и минералите) од зеленчукот, но не е погрешно да смешаш грашок и ориз и грашок и компир и ориз и компир. Погрешно е да смешаш грав и компир, леќа и компир, пченица и ориз, пченка и грав и тон такви комбинации. Не сакам да го објаснувам ова ептен стручно, така да, вака нека си остане. А месото ко месо не треба воопшто да се меша, зошто секое месо има различна структура, но секој скроб има речиси иста структура и може да се меша но, не е поволно поради надуеност на стомакот и не би било од ефект за диетава ( тие што ги објаснив може да се мешаат/немешаат)