Колку мизерно се осеќам што веќе два циклуси ги грешам деновиве и јадам нездраво, а од другиден треба календарски третиот месец од диетата да ми почне. Не знам што ми се случи, скоро месец ипол и повеќе бев, без ниту една, дури најмалечка грешка и толку нагло прејадување, мислам дека шок му направив на организмот. Ќе се убијам што не знам за нормално јадење, туку во се претерувам, како наркоманите сум по овие чипсови и глупости, а сега ми е лошо од нив. Не сакам да се враќам пак на старото, не сакам! Не знам сега да продолжам, односно да си го продолжам третиот месец или?
^ Јас мислам дека не треба да се откажуваш, толку време си издржала за да е откажеш на крајта. На секого му се случуваат грешки, продолжи уште од сега а не од утре или задутре. Инаку јас, 18/91 СКРОБЕН ДЕН Појадок: две јаболка Ручек: - салата од домати, краставици и шампињони од тегла со малку сол - три варени компири со доматен сос и зачинето со лута сол. Незнам дали претерав со сите овие состојки но кога разгледав рецепти за скробен ден се изначудив колку многу состојки ставаат, а јас се двоумам за една лута сол или шампињони.. Вечера: - салата претпоставувам од домати и краставица - два варени компири со малку лута сол.
3 - јаглехидратен Доручек:две праски Ручек:полна чинија макарони со сос од домати Вечера:еден ред чоколадо за готвење, една коцка од друго чоколадо, сладолед 4 - овошен Доручек:два портокала -половина чинија изрендано јаболко со цимет и суво грозје/2 -една праска и еден грозд
19/91 ден ЈАГЛЕНОХИДРАТЕН ДЕН Појадок: две големи праски Ручек: ѓеврек со буковец, само има едн проблем.. Мене ѓеврекот ми изгледаше како да е лиснато тесто. А беше огромен, го измерив на кујнска вага покажа 300 гр. Јас го изедов целиот бидејќи одамна немав јадено тесто така добро Знам дека е голема грешка но утре на овошниот ќе се исчистам. Вечерва сум на роденден така да Вечера: едно парче торта, еден ред чоколадо за готвење и едно-две колачиња мали.
Е добро де па и лиснато да е сепак може да се јаде во јх ден.Сеа малце е покалорично ама нмв.Иначе ти сторого се придржуваш браво за тебе Колку ослабна за ова време
Да, досега немам друга грешка освен оваа. За килограми незнам бидејќи се немам мерено, а во огледало гледам некои минимални промени. Не се откажувам, продолжувам понатаму
^ Кога гледам колку малку имаш изедено во цел ден и тоа јагленохидратен, ти се дивам искрено. Мене ми е сега срам поради тој огромен лиснат ѓеврек, па за сега немам јадено ништо од вечерата. Незнам воопшто дали да јадам. Ве молам за совет, што да правам?
Јадии сега! Не го пропуштај оброкот, зашто и тоа ќе ти дојде како прекршок! Било што било, друг пат за памет помалце, а сега јади!
Утре ќе се мерам,држете среќа.Од утре 3 циклус=9ти ден.Протеински Од утре ќе почнам со поголема активност ќе правам дневно по 100 стомачни,10 минути трчање и по 1 час дома ќе вежбам од некои вежби на интернет,се надевам дека со тоа ќе има поголем ефетк
Ае дај боже да сум ослабнала некое килце,ама и да не сум нема да ја губам надежта,овој циклус направив неколку грешки а и немав активност така да што е тука е ае од утре построго и повеќе вежбање,а иначе ќе ми пратите ли некои вежби од јутјуб ?
Se izvinuvam od telefon sum.. bidejki bev na rodenden si dozvoliv poveke za vechera....... 3 tutki, 2 napolitanki i 1 mala mafina i edno malo parche torta.
20/91 ОВОШЕН ДЕН Појадок: две праски Ручек: овошна салата од една банана, едно јаболко и три сливи. Вечера: еден исцеден лимон во млака вода и едно јаболко.
9/90 ручек 2 парчиња пилешко, 1 кришка леб, салата вечера 1 парче пилешко, 1 кришка леб, салата(добро и пола чаша пиво)