21 ден ПРОТЕИНСКИ ДЕН Сакам да кажам дека ја прекинувам диетава, бидејќи во последните три дена навистин и не личи на ун диета.. Прво во јаглехидратен изедов огромно лиснато тесто и за вечера си дозволив повеќе благо, второ синоќа јадев една шака сончоглед и 100 гр леблебија а бев на овошен ден и денеска протеински за појадок изедов една банана а потоа изедов и неколку парчиња лубеница, во кафич пиев капучино а дома јадев кикиритки па потоа динствуван стек. Од диетата сум задоволна бидејќи сум ослабната 3-4 кг денеска се мерев и бев 64 кг. Не сакам веќе да ја продолжам бидејќи знам дека ќе продолжам да ја прекшувам, па одлучив наредната недела да јадам за појадок овошје и да почнам да бројам калории. Се надевам дека нема да ги вратам изгубените килограми, а за сите што ја држите ви препорачувам строго придржување до диетата бидејќи јас 20 дена без прекршок ја држев и изгубив 3-4 килограми. Поздрав
Не,не немој да се откажуваш и јас овие 10 дена од како започнав правам секој ден грешки на протеински јадев кифли па на јх јадев скара па на ошошен гра па денеска ми е скробен и јадев и стек и павлака абе ајде од утре ете се колнам во лебот што сум го јадела ќе продолжам со јх ама ќе се придржувам строго! ВЕТУВАМ! Ама сепак ти не се откажувај!
Браво,мене ми е 10 ти ден а по правило 31 ама оти почнав од почеток и денеска ми е 10-ти скробен.Утре ќе се мерам и исто кила да сум нема да се откажам дури и да сум се здебелила едно кило повторно ќе продолжам без прекршоци,утре 11 и јх. Пијадок: 3 модри сливи. Ручек: можеби макарони,а можеби некоја кифла,дајте нешто друго само да не биде пица,ќе треба да ми прават само за мене специјално пица,што да јадам? Нешто што има помалку калории.Да си купам црн леб и да намачкам на него мармалад?Ама само едно парче м ? Вечера: 2 политанки или една крембананка! Ете.Од утре ветувам а и се заколнав,строго ќе се придржувам од утре да заврше јх и овошен и ќе се мерам Ајде да се надеваме дека ќе успеам,вечер ќе правам 100 стомачни а нема да вечерам бидејќи претерав со ручекот!Иначе давајте ми идеи што да јадам за јх
За жал неможам да ја продолжам имам грижа на совест поради тоа колку многу изедов овие три дена. Едвај чекам од утре да почнам да бројам калории да се ставам малку во ред, бидејќи претерав овие неколку дена.
Добро како сакаш ти јас ти велам продолжи ако сакаш да симнеш уште кг,ама ако си задоволна ок Овие денови јас претерав,и тоа сите овие 10 дена правам грешки,ама ветив од утре ептен строго,морам да бидам 50 кг,а сега можеби сум 57-58.Незнам уште се немам мерено,решив за 2 дена.Ама јас ти велам продолжи.Ако сакаш утре воден или овошен и после продолжи или пак од почеток почни си да броиш,на крај ти си одлучуваш
Добро сите правиме отстапувања од диетава ама работава е самоконтрола.Ќе си се убедиш себе пр.дека не ти се јаде благо и нема да јадеш ако сакаш да ослабнеш и ке си се придржуваш.Мене денес ми е 10 ден се мерев имам ослабнато 2 кг ама се придржував колку можев. Сега имам 56 кг а висока сум 165.Цел ми е уште тие 6 кг да ги симнам и да биднам на 50 како порано. Да се надеваме... 10/90 ручек 1 чинија грав чорба,1 кришка леб,салата вечера 1 чинија грав чорба,1 кришка леб,салата(1 мала риба)
Знам, се е точно што кажавте но проблемот е тоа што мајка ми веќе приметува дека сум на диета и почнува да ми се кара, а навистина сакам да ја продолжам но ако продолжам знам дека ќе ја прекршувам, така да ќе почнам со броење калории па да се надевам ќе ги симнам преостанатите килограми а ова денес што јадев се и сешто нема да се повтори.
Исповед Каша попара направив вчера,се осекам ко стока!ама не сум била само ас со грешка страшно денес макарони и 3 реда кухинско Се срамам од самата себе
Абе не се карај па и јас секој ден правам грешки а па си велам на диета сум! Ама од денеска си ветив нема грешки Иначе секое сабајле јаболков оцет 1 лажичка во 1 чаша вода од чешма пијам многу ми е гадно тоа ми се ама ајде мора да се издржи
Пишувам со бугарски фонд па не ми земеруваяте,иначе яа даяам малата 6 месеца е,па се тешам со неа за вчерашната грешка.аяде макароните ми се готови
Хаха и јас денес за ручек макарони ама доручкував во 11ипол ручек во 3ипол-4 и вечера во 7ипол-8 Леле нз што да вечерам се плашам да не претерам и да не се прејадам
Па парче благо и еден ред кухинско чоколадо,тоа е вечерата друго не аяде стегни заби и ништо друго не аяди
Јас имам едно прашање.. Може ли на сабајле да се јаде нешто друго освен овошје, овесни снегулки со јогурт, мусли или било што? Мислам, ќе го има ли истиот резултат? Бидејќи јас не можам да јадам овошје на сабајле, имам многу пати пробано, едноставно не можам..
Па неможе ништо друго освен овошје.Ете сега баш имаме голем избор на овошја.Ајко неможеш со 2 овошја да издржиш изеди 3 овошки
Со среќа се надевам дека ќе ѓи симнеш тие вишок што ти се ама за твоја идеална тежина би требало да имаш 54кг
Истата мака ја имав и јас кога ја држев диетава неможев да јадам овошје многу ми беше тешко многу често прескокнував доручек што е многу погрешно но подоцна почнав да си бирам овошје што ме стрви.Си купував јагоди,праски,лубеница си сецкав се занимавав и се навикнав пробај и ти така