Ја читав диетата...не ги читав дргите мислења...дали знаете дека секој ден ние треба да внесуваме протеини и јаглехидрати и секој оброк треба да содржи и протеини и јаглехидрати?
Tи многу паметен бе...со таква исхрана 100кг не ти бегаат.Во ист оброк ако мешаш протеини и јх(најпрост пример компир и месо)тогаш на желудникот му се потребни 8 часа да ја свари храната-4ч за месото и 4 за компирот,а ти за 4-5ч ќе чувствуваш глад,и со наредниот оброк само ќе оставиш недоразработеното месо или компир да премине во масти.
е фала шо не просветли ако де ти терај си така, на нас ни е супер вака и ти предлагам веднаш после оброкот да јадеш овошје
Така ви се чини дека ќе се поправите, но не е така се рачуна по вашата телесна тежина колку протеини колку јаглехидрати ви се потребни за целта која сакате да ја постигнете. Не гледајте диети од интернет ги има многу, ви треба за вас според вашите килограми и висина и целта која сакате да ја постигнете да внесете протеини, јаглехидрати, витамини, минерали се вкупно според вашата тежина потребен внес на калории.
е ај баш сакам да знам како треба да се хранам ако имам висина 165 57 кг и 30% сум активна, а сакам да намалам 7 кг?
Кај мене има видиливи резултати, барем колку што ме приметуваат! На вага вака малку ми изгледа (2кг) ама битно почнав, и тоа без пресија - као на диета сум. А и овошниот не го држам само со овошје, си правам салата за ручек или па и тој ми е протеински како првиот Инаку ја држам, со прекршоци, од 20ти август
мене денес ми е 5ти ден и прекрасно се чувствувам ... се немам мерено тоа го чувам за 15тиот ден, но сепак се чувствувам многу подобро и надуеноста ја снема...
Од утре јас пак на диетава, барем 2-3 недели, 2-3 килца да ослабам! Не можам да си ги поднесам стомакот и спојлерите више, АМАН! И вежнбање, нормално
За ручек имаш 1 поголемка или 3 помали кифлички бело пециво, значи празни ни со благо внатре ни со солено или тестенини само со кечап. Кроасанот можеш да го јадиш за вечера, ама 3 мислам дека се премногу, големки се тие на 7дејс. 1 или евентуално еден ипол изеди.
јас денеска ја почнав диетата и во план сум да ја држам се додека не дојдам до посакуваната тежина. минатиот пат почнав Но поради здраствени причини се откажав, бев приморана. но овој пат ке издржам сигурно. и планирам навечер да пијам по 200 мл Алкалакс чај, што мислите вие?
Ама зошто Алкалакс? Алкалаксот не е чај за слабеење, туку е лаксатив! А лаксативите предизвикуваат зависност, после некое време ќе имаш запек затоа што не го пиеш чајот! Држи ја диетата и вежбај, и ќе ослабеш.
Ја имам држено оваа диета скоро 90 дена,при крај мислам дека прекинав хаха ослабнав околу 8 кила ,можев и повеќе ,но несакав а и не ми требаше едноставно и богами тешко се враќаат,додуша ја вратив 2,до 3,но тоа дека си јадев така ..повеќе понекогаш Фала богу ако јадеш повеќе ке си вратиш али вредеа сите тие скоро 3 месеци,бидејќи ми се промени и метаболизмот ,ми се намали и апетитот за разлика од порано,и поздраво се хранеш итн итн. Само што у последно време забушавам малце треба да си се вратам пак малце на диета
Значи многу многу сум задоволна, дури и апетитот ми се намали. Постепено оди ама ако си истраен секако ќе вроди со резултати. Јас сум пробала многу диети, дури и повеќе од диети, ама оваа има навистина најдобар ефект
Ја држам диетава една недела (со тоа што вчера се утепав јадејќи Oreo ), и сум ослабела 3кг! Планирам да ја држам цела, па и повеќе ако треба зашто сакам да се направам super skinny
Драги мои, Ве читам подолго време...како на оваа тема...така и на другите. Не бев регистриран член...се до денес. Денес се регистрирав за да можам да комуницирам со сите вас...да споделувам искуства....да ја добијам вашата поддршка! Значи...и јас како и Belisima...денес ја започнав оваа прочуена, хит диета. Со килограмите се борам скоро 9 години. Сум се обидела на многу начини да ги симнам....некои биле безуспешни...некои помалку успешни. Но за тоа - потоа....во други теми. Ве поздравувам...и имајте си убав ден! п.с. Од време-на време...ќе споделам информација со текот на диетата......но сеуште е рано за тоа.