Според мене најдобро е да си каснеш пак исто како ручекот. Можеш пак компир но сега свари го и претвори го во салата Мене лично компир салатата ми е преубава. Инаку можеш и варена пченка или пченица ( да се размрдаат цревцата) Денес протеински ден 5/90 За доручек 3 мали мандарини, за ручек 3 јајца а за вечера спањак со јајце и лимонче (потпечено во рерна ) мх мх мх
6ти ден доручек: црвен цитрон ручек: манџичка само со грашок, зелка салата и 1 лебче вечера планирам пак само манџа со грашок Ќе се мерам наредниот петок
Pinklips не те послушав искрено грозен беше комирот, па вечерав пуцки без сол Инаку денес 7/90 јх стандард овошје, па 2 кифли со ајвар и корнишони, а за вечера богами ке јадам алпико со суво грозје и бадем мх мх...само утре се плашам што ќе биде....овошен ми е а гости ќе имам, па торта , па руска...нема да додржам знам
Како оди диеталки ? Јас денес сум многу горда на самата себеси. Пред мене разни грицки (разни видови на чипс,смоки) разни чоколади на кои сум слаба и јас останав доследна на моето ветување дека построго ке ја држам. Значи денес скробен ден за доручек 2 мандарини , за ручек еден тањир боранија, за вечера уште еден тањир боранија. Ако некоја од поискусните диеталки чита имам едно прашање – дали смее да се пие какао со вода приготвено ?
и јас се гордеев со себе се до вчера значи издржав пред мене да јадат торти, чоколади.... и вчера скробен ден, манџа со грашок , тоа запршката многу лошо делуваше на мене, го посетував тоалетот 4 пати и после многу ми беше лошо, неможев ни да смислам за вечера пак тоа. И си направив мало сендвиче со чајна и кашкавал а бидејќи во кафич ми бише срам чај да пијам, испив и еден џин-тоник
10/90 скробен п. банана и 2 мандарини - вода, кафе р. леќа со цвекло салата - свежо в. пак леќа....или....компир (тапа вечера овој ден - омразена ) инаку во неделата на овошен бев многу непримерна, а вчера ручав подварок со ребра, само пак имаше нерегуларности. во кратки црти - тотално потфрлив со диетава ама не се давам, продолжувам по ред. бај д веј мислам дека зелката, цвеклото, тиквица, магдонос, брокула, карфиол, морков, пиперка, се неутрални зеленчуци и се третираат како прилози кон било кое јадење...ај пишете ваши искуства
Хелоу, еве ме и мене кај вас. Првпат ја држам диетава, се надевам дека ќе останам тука цели 3 месеци. Имам доста килограми за симнување (20-25), како цел за овие 3 месеци си зададов да намалам 15 кг. Почнав во саботата, што значи денес ми е четврти ден (овошен). Ден 1/90 - протеински појадок: 2 мандарини ручек: свински ражнич и пилешка супа вечера: свински ражнич Ден 2/90 - скробен појадок: две мандарини ручек: три варени компири (средна големина) зачинети со сол, бибер и оцет вечера: еден варен компир Вториот ден се сретнав со првото поголемо искушение во облик на роденденска торта на другарка (која бај д веј, ЈАС ја правев, и тоа на првиот ден од диетата ). Роденденот го поминав со чаша вода и кафе (црно, без шеќер, такво пијам и обично). Ден 3/90 - јагленохидратен појадок: две јаболка ручек: шпагети (само со сол и кечап) вечера: едно сооолидно парче од тортата која ви ја спомнав погоре (Да, пак и отидов на другаркава, само ради тортата ) и како што налага протоколот, еден ред чоколадо за готвење. Малку ме загрижи што третиот ден му создаде непријатности на мојот стомак (дијареа) , ама тогаш се сетив дека некаде прочитав дека на крајот на третиот ден тоа е нормална појава – знак дека метаболизмот се менува или така нешто. Ден 4/90 - овошен појадок: цитрон ручек: овошна салата (една банана, една мандарина, едно јаболко) вечера: допрва ќе смислам Сега засега овошната салата ме држи, но мислам дека ќе морам да го распределам овошјето во повеќе мали оброци во текот на денот за да го залажам стомакот. Инаку, не напоменувам постојано, ама скоро со секој оброк пијам кафе или чај без шеќер. А конзумирам и многу вода. Тоа е од мене сега засега. Веројатно нема да пишувам секојдневно, ама си водам дневник за диетава, така да одвреме навреме ќе се трудам да апдејтирам и тука до кај сум стасана. Се надевам дека ќе останам вака мотивирана. Поздрав.
Јас ја прекршив диетава во неделата бидејќи бев на слава, ама од тогаш си продолжив со деновите... Е сега, колешка ми рече демек, се до сега ми било џабе, чим еднаш сум прекршила сега било како да почнувам од почеток. Шо мислите вие што имате повеќе искуство
А што ако почнеш од почеток деновите ќе ги броеш од 1,глупости. Ако таа ти е еднинствената грешка продолжи си да си тераш по ред финтата е да не грешиш и да се навикнеш на неа а не секогаш да почнуваш од почеток. Јас ја држев 90 дена и згрешив неколку пати намерно но ете пак продолжив.
Денес скробен ден 9ти ден од диетава. Едно од баланс со цимет и јаболка(77 калории) морав да каснам нешто од продавница затоа што станав со болки во желудникот и потоа пак огладнев и после 6 саати изедов 2 мандарини за ручек компир манџа 2 тањири без леб и салата и за вечера планирам истото со салата. Полека се одвикнувам од леб, намалив со количината на благо за јх денот и уште да најдам енергија и време за вежбањево и ќе бидам уште посреќна.Во понеделник се мерам и ќе споделам резултати.Поздрав
И јас ви се придружувам денес 3ден..Сакав да прашам дали во протеинскиот ден можам да јадам овошни мусли со млеко нели млекото е протеин а и во муслите пишува дека има протеини?
Колку што знам муслите се јаглехидрати и можат да се јадат во јаглехидратниот ден. Претпоставувам дека мусли со млеко може да се јаде, затоа што ти е дозволено торта да јадеш, а тортатa може да е правена со јајца(протеини) . Значи јх ден, протеински никако !
Хелоу. Еве ме и мене. Денес ми е 11 ден од диетата и добро ми оде. Ништо нбе сум прекршила што се однесува до јадењето, меѓутоа има еден проблем. Во последните 5 дена пијам нескафе со млеко. Немам друга опција на работа а без кафе неможам да функционирам. Дали е ептен голем прекршок, односно дали ја попречува ефикасноста на диетата, ве молам нека пише кој знае.
Мислам не е страшно за малце млекце, и јас пиев тоа вчера на работа. Туку, јас и ти почнавме негде во исто време, мене ми е 12 ден. Осеќаш ли нешто дека си намалила, се мереше ли?
Епа штом не е грешка да си терам така . По една чаша нес кафе на ден. Мене денес ми е 11 ден. За појадок две јаболки, за ручек (баш сега завршив со јадење) имав две гевречиња. И вечер накај 5 едно парче торта. Инаку ослабната сум, баш денес и колешката од работа ми рече. Незнам точно ама три-четири кила секако. Многу поубаво се чувствувам. Кога ке одам кај сестрами ке се мерам зашо дома нешто не ми е ок вагата. Ќе ти пишам колку сум ослабена. Ти како стоиш со килажата, ослабена ли си?
Не се мерев ни пред да почнам ни сега, малце по фармерките и каишот мислам дека сум ама не нешто многу, затоа ме чуди, мислев дека до сега ќе треба повеќе да имам намалено. Изгледа не ја држам баш најдобро
Ме интересира количински колку храна јадеш? Јас можеби претерувам малку со количината на храната, сега за ручек изедов две гевречиња.. Вчера бааѓи компир, дури 4 така средна големина.Ама па најкасно до 6 сум завршена со вечерата, после тоа ништо не ставам во уста. Незнам има резултати, ама треба и време. Ке видиме
Феминки и јас се охрабрив да ви се придружам во борбата со килограмите. Висока сум 160см , со 60 кг. Сакам да намалам до 50 па да видиме како ќе оди. Знам дека ја имаше негде и на нет книгата да се симне, но слабо ми оди наоѓањето доколку некоја од вас има линк би замолила да го постирате.
Па сигурно дека не строго колку што пишува пошто не се издржува. Јас стугнувам во 4 ипол дома да ручам па до тогаш неможам само со 2 овошки. Понекогаш јадам и по 3. Исто така не завршувам со оброците до 8, бидејќи околу 5 ручам па не ми се вечера одма во 7-8. Ама па за сметка на тоа сигурно и повеќе трошам затоа што станувам во 6 ипол. И јас јадев вчера 2 ѓевречиња, сепак зависи од големината на човекот. Некој со 70 кила му треба малце повеќе храна од на некој со 55-60
Во 5 ручек? А како издржуваш од 6 сабајле до 5 само со две-три овошја? Јас во 8 почнувам со работа, пијам прво нес кафе, па во 9 ипол јадам две овошки, во 12 ипол или 1 ми е ручекот и во 6 ми е вечерата. И супер ми е, се навикнав. Инаку имам доста кг за симнување и овојпат цврсто решив да не правам никакви прекршоци. Проблем ми беше за кафето што пишав погоре. И понекогаш јадам малку повеќе одколку што треба, ама паузите помеѓу оброците ги почитувам. Е сега во првиот ден супа немам јадено до сега. Ке почнам од овој протеински ден и тој прекршок да го елиминирам. И леб до сега од кога ја почнав не сум јадела. Се надевам дека ке има резултати