конечно диетата заврши и исходот е -20 килограми фала на сите за подрската и се надевам нема да ги вратам....ве сакам
Браво секоја чест за упорноста и јас се надевам дека нема да ги вратиш. Јас сум на почеток втора недела се надевам дека ке успејам да издржам 90 дена.
Бравоо Следниов месец продолжи да јадеш овошје за доручек и обавезно вежбање(ако не си вежбала до сега) ако да, продолжи да вежбаш и 100% нема да ги вратиш. Поздрав
Kога читам колку ефекти постигнала диетава, планирам и јас да ја започнам, иако никогаш не сум била на диета повеќе од 4 дена ..A, ќе ве прашував дали е морално да се издржат водените дена? Не дека мене ми е некаков проблем, туку моиве домашни ќе ми прават проблеми. Xахахаха, паа ајде сега, ќе пробам, што ќе биде нека биде
Melody 13 ajde zaedno na dieta ... mozes vodeniot da go pretvoris vo ovosen nisto strasno... jas ja drzev dietata oslabnav 10 kg. ama sega mi treba motivacija za uste 10.. i jas kako tebe do 4 den stigam samo ajde utre - proteini...
Денес ми е 9ти ден (протеински). Иако правев многу отстапки, денес се измерив на вага и имам ослабено 2-3кила. Многу се израдував и сега сум уште повеќе мотивирана да продолжам понатаму.
Xахахахаа..Eпа супер а колку време ти требаше за да симнеш 10 кг? Иначе прв ден, не е ништо страшно, засега добро е во овие.. Па негдее седум часа Aјде ќе видам што ќе биде.. A, и ајде со среќа Aмбросија
10 кг. за месец ипол .... многу брзо ги симнав...... ајде веќе при крај сме со првиот ден.. јас денес имав мевце... со салата... и веќе мислам на утрешниот.. веројатно компирче варено... или гравче ќе имам за ручек... Melody... која е целта кај тебе? колку кг. си сега а колку сакаш да бидеш ? ај со среќа нека ни е ...
Aуу браво! Блазесити Јас не сакам да симнам толку, бидејќи мислам дека нема да ми личи сакам да симнам, пааа околу 5-6 кг. а сега имам 58. Некои ми викаат дека не ми требала диета бидејќи сум висока и никој не би рекол дека имам толку килограми. Но јас сакам да симнам неколку. Крајно време е веќе, шо сакаат нека велат другиве, мене не ми е убаво вакаа Xaxaxxaa, па ајде уште еднаш, нека ни е со среќа
диетава дефинитивно е мн ефикасна. јас ја имам држено и некои мои другарки и сите се задоволни. ми се свиѓа тоа што можеш да си јадеш се и не гладуваш. сакам да симнам некои 5-6 кг. идам сега да си сварам јајца кој сака со мене да ја држи па да си се поддржуваме?
Јас божем ќе ја држев онаа диета 4 килограми за 4 дена но не ја издржав, имам премногу обврски и јадам надвор. Кога ќе се смири ситуацијата - за 1 недела, ќе ја држам оваа диета. Всушност немам многу вишок, 4-5 килограми само Многу е ефикасна, нема кој ја нема држено, сите ослабнаа Имам другарка која имаше 85-90 килограми. Верувале или не, благодарејки на диетава, таа е сега 58 килограми.
Држам, забушавам, држам, забушавам и така до недоглед....цело време.... Лошата страна на диетава е што има резултати многу брзо па се опуштам Вчера протеини, денес полнети пиперки њам њам, уште не дошол ручек јас веќе ги мислам тестенините за утре туку да ве прашам - што вечерате на скробниот ден?
После 10 дена диета и доста одстапки минус 3 кг. продолжувам понатаму и ке се потрудам без одстапки На сабајле некако малку ми се 2 овошки речиси секогаш јадам по 3 исти овошки бидејки ручекот ми е некаде околу 5 не можам да издржам само со 2 овошки
Дај напишете некој интересен рецепт за нашиве јадења...монотонија да не не фаќа. На пр. на протеинскиот ден јас си направив карфиол - проварен па го испеков со маслинов зејтин и наредндано сирење малку одозгора, со зачини многу. супер беше / исто може и да се похува со јајца без презла
можеш риба да си испечеш за протеинскиот. иначе кога ми се јаглени хидрати за вечера си каснувам нешто благичко
И јас сум за од 1ви да почнеме заедно, па може полесно ке ни биде,јас пред 2-3 недели пробував ама ништо 2 дена и толку,сеа мора