1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.983
    @Regenbogen немој да се откажуваш. И јас стагнирам, еве некои 5кг да ги имам се' на се' ослабено, до четврток три недели како ја држам. Побрзо одеше кога вежбав, се разболев од идење и одење на ладно и баталив и вежбање и чуда, плус пиев вино и мезнав салатки и кифлички во скробен ден и тоа не ми помогна баш нај нај. Поводот беше таков, ај да не објаснувам надолго, иначе терам родендени и слави без проблем. :D

    Дај му малце време на организмот да се привикне, не ја држиш којзнае колку време за којзнае какви резултати, џабе ќе скокаш од диета на диета. Ќе се фрустрираш беспотребно. И јас порано така правев и само се нервирав, сега се тешам дека секако немам нешто попаметно за правење, така да....... Немам што да изгубам, уствари имам, уште макс. 10 кила. :D

    Сега го меркам орбитрекот, па 2-3 пати неделно, чисто колку за разгибавање, можам, што.:?:

    Иначе ве читам обично, ама не ми текнува да ви пишам, сите ве поддржавам:D ајде бе па и вие, не му ја мислете на јадење и на храна, се издржуваат 3 месеци.8-|

    И јадете повеќе во овошен ден, не може да не ви се јаде ако изедете 1 банана и 3 јаболка..... Значи зборуваме за големи количини на овошје, пр 1-2 банана, 5 јаболка, 5 портокали, 5 киви итн. Јас за појадок и ручек си јадам убава овошна салата, за вечера обавезно нормална салатичка, а на два овошни дена досега јадев микс од бадеми и лешници. :)
     
    На Regenbogen и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.962
    Допаѓања:
    115.371
    Пол:
    Женски
    Јас ако не ви пишувам пак ја држам диетава, скоро 1 месец и тоа многу ми е убаво. Ослабена сум бааги, сигурно 5-6 кила ама не со стрикно држење, правам утки, јадам без да мешам ама и покалорично. Е сеа вежбам, 5 пати неделно најмалку, минатата недела секој ден вежбав ми се ислади. Вежбам стомачни, чучњеви и вежби за задник и склекови, со по 5 кила во секоја рака тежини, плус степер по пол саат 3 пати неделно. Планирам долготрајно да ја држам, некои си 9 месеци, од кои првите 3 УН, потоа УН Одржување и на крај последните 3 само овошје на доручек и без мешање на видови храна. Но за вежбањето не смеам да прекинам, оти а прекинам готова сум, може да поднамалам на 3 пати неделно ама не прекинувам. Е така, и јас ќе ви пишувам одвреме навреме ;)
     
    На Na Lola majka i, Regenbogen, Ammy.Lee и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.577
    13. Ден
    И јас освен глад, не осеќам намалување на кг
    Денес доручкував јаболко, сега ќе ручам, а што не знам
    Ќе терам до прочка со диетава, па ќе постам една недела
    Потоа ќе се мерам, ако нема резултати не и се враќам
    Ќе продолжам да доручкувам овошје да јадам без леб и да не вечерам
     
    На Regenbogen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 2658

    2658 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    10/90 Скробен
    П: Пола банана;
    Р: Ориз;
    В: Исто само пола.
     
  5. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    многу сум гладна :( денеска ми беше вториот ден од диетата Скробен ден, јадев две компири и зелка салата. Без кришките леб. Лебот скроз го исфрлив овој ден. Но ќе издржам до утре :( утре за појадок планирам две банани :( после шпагети со кечап :( и така..
     
  6. Regenbogen

    Regenbogen Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Благодарам за поддршката девојки, особено Доосу, а ме израдува и постот на Ангел оф арх, (која мислам да ја гњавам во друга тема :)) Ти текнува дека пред 2 години заедно ја држевме и еве колку треба да се вратат 7 кг, значи мора да се има контрола цело време. инаку полека полека си се зголемуваат кг.
    Си направив распоред и сега ја држам без прекршоци, секако со голема поддршка од вас :) а и децава се на моја страна :lol: додека ги заспивам паѓам во кома со нив па немам време да грицкам дополнително.
    денес јх и убаво ми е, најверојатно ќе купам некоја празна кифла а вечер сум на роденден.
    и да прашам што мислите за кокосот во овошен ден?
     
    На Doozy и SimonaTino им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.962
    Допаѓања:
    115.371
    Пол:
    Женски
    Регенбоген, издржавме еднаш ќе издржиме уште еднаш ;)
     
    На SimonaTino и Regenbogen им се допаѓа ова.
  8. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.577
    14/90
    Доручек 2 јаболка, ручек грав и зелка салата, вечера зелка салата
     
  9. 2658

    2658 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    11/90 Јх
    П: банана и јаболко и кафе;
    Р: јуфки со ќечап;
    В: една витанова.

    Кафето го пиев со лажица шеќер и каснав во меѓувреме и една витанова ама тоа не го сметам за прекршок. Луѓе сме, грешиме, ама важно е да не ги повторуваваме грешките. И не застанувам. Продолжувам напред.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.962
    Допаѓања:
    115.371
    Пол:
    Женски
    2658, грешка е и тоа голема, доручек се знае што е, овошје и толку. Кафето без шеќер или евентуално со засладувач, не ти треба бел шеќер. Но ко што рече, не застанувај продолжи понатаму и со што помалку грешки.
     
  11. JulianaSkopje

    JulianaSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Од утре ја почнувам диетата, се надевам ќе издржам :)
    Има ли резултати на пример после 2 недели ?
     
  12. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Нели ова треба да биде воден ден?

    Иначе...
    3/90 – Јагленохидратен ден

    Доручек:Две банани

    Ручек: Варени шпагети.Цела чинија ја смачкав :(:$

    Вечера: колачиња, еден ред готварско чоколадо.
    Утре ми е овошниот ден... ;(
     
  13. 2658

    2658 Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    1. Не те прашав дали е грешка.
    2. Знам што е доручек и без да ми кажеш.
    3. Кафето ќе го пијам како сакам и кога сакам.
    4. Не ми ја знаеш ситуацијата во која се наоѓам така да немаш потреба да трошиш време да ми кажуваш.
    Благодарам. :)
     
    На Devojka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Дали смеам да јадам сарма и во кој ден, барем две :( или едно.
     
  15. JulianaSkopje

    JulianaSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Истото ќе го прашував... Дали може сарма во Протеинскиот ден (ваљда) ?
    И дали може банани за доручек ?:
     
    На Devojka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    колку што знам, банани само во овошен ден, а за сарма, ако е со месо и ориз тоа никако не иде во исти ден, евентуално само со ориз па во скробен
     
  17. kmaja

    kmaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    96
    женски кој период забележувате најголем пад на килограмите, а кога стагнација. дали смао на почетокот нагло се ослабува, а потоа све пополека, или нагло, полека, па пак нагло... во циклуси. јас намалив 5 кг. за некои 16-17 дена, а од тогаш една недела само 1 кило сум намалила
     
    На Ammy.Lee и Avokado им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.962
    Допаѓања:
    115.371
    Пол:
    Женски
    Сармата спаѓа во скробен ден, ориз ви текнува? Ако е посна, а ако е мрсна во никој ден затоа што е мешање на скроб со протеин.

    На девојчето што беше толку безобразно и дрско само ќе и речам да си продолжи и да ме избегнува како што ќе направам јас ;) За диетава знам толку многу што можам да му помогнам секому, ако сака ;) Толку на оваа тема.

    Овој пат решив да не се мерам, нит со вага нит со метро, само слики ќе споредувам. И имам еден најголем показател, мм, се однесува ко заљубено тинејџерче во последните неколку недели бидејќи слабеам навистина. Денес ЈХ ден, портокали, нешто тестесто и една мекица, за едно бебуле кое дошло на свет, малце црно чоколадо и некое кафе со пена за да ги задоволам своите потреби од вкусни пенести кафиња и да не подлегнам на тортата во фрижидер :)
     
    На Ammy.Lee, KalaV, Devojka20 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    367
    Istooo.... Taka trreba izglea..
     
  20. JulianaSkopje

    JulianaSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Дали има повеќе резултати ако се вежба на пример, трчање на орбитрек?