Здраво девојки Од денес е почнувам и јас диетава и се надевам дека ќе ја издржам без грешки. Денес ми е прв ден: 1/90 протеиски Доручек: 2мандарини и кафе Ручек: 2варени јајца , една кришка леб и 1 краставица. Вечера: планирам да биде салата. Поздрав до сите
не верувам... Како нема нормално дека има, имаше во старите добри времиња една прекрасна девојка која со оваа диета и орбитрек стана една згодница најзгодна на свет, @anabel-a љубави јави се
Колку килограми имала Анабела? и до колку дојде? Да си знам колку може да се ослабне? ЈАС имам многу за симннување...
И мене тоа ме интересира... И јас имам многу за симнување, 20 кила најмалку си велам... И да, заборавив да прашам, дали може да се консумира алкохол во текот на диетава?
Прв ден Поручек - Банана и кафе Ручек - 1 копан (малку подсолен) и салата од зелка и едно лепче Вечера - Планирам исто од ручек, само без лепче Се надевам дека не направив некој кикс
Значи со диетава се слабее многу, поготово во комбинација со вежбање, Анабелка најубаво сама да си каже, на точните бројки не се сеќавам ама имаше ставено слика овде пред и потоа и беше страшна разликата. 20, 30 кила се слабеат лесно со оваа диета, тешко се слабеат 2-3 кила
Јас ја држев диетата пред Нова Година, издржав скоро 40 дена, толку и ми беше планот, за празниците не планирав да се устручавам. Симнав некои 5-6 кг, но со доста отстапки, на овошен ден два-три пати се погодија родендени, секој ден пиев по две-три кафиња нес со млеко (од тоа не можам да се откажам), ама сепак имаше резултати. За празниците вратив 2 кг. Да се придржував строго до диетата сигурно ќе симнев повеќе. Од вчера почнав пак, денес ми е 2/90 или до кај стигнам. Треба да симнам уште 7-10 кг.
Јас од почеток ја почнувам. Денес 1 ден д: банана бидејќи јаболки немаше р: две варени јајца и краставица (без леб) в: една краставичка со химилајска сол. ме интересира кога се јаде спанаќот или воопшто не треба да се јаде? Поздрав и со среќа на сите
Денес ми е 8ми ден овошен,вежбав и немав сила каснав малку џигерче едно мало парченце..голема грешка ли е?
абе терај веќе биднало ...си го согорила со вежбањето и јас на овошен ден денес изедов хело соленки пошо не можев да издржам....и плус бев на фитнес гледај само да бидеш во калориски дефицит за едно кило треба да согориш 3 500калории
Вчера: 12/90 Овошен Кафе, две банани, две јаболки (големи). Денес: 13/90 Протеински П: јаболко; Р: парче стек, парче леб, салата од домати; В: салата од домати.
Епа еве да ви се приклучам и јас. Ова ми е петтиот ден. Добро ми одеше се до вчера, овошниот ден. Не можев повеќе да издржам и си се најадов. Не можете да замислите колку ми е криво!
16/90 овошен Првиот овошен лесен, вториот тежок многу, третиое ептен, а денешниов осеќам без проблем ќе мине Секој ден веќе е навика и се полесен Резултат ќе видиме утре на вага, ме фаќа страв искрено
Ајде не се разочарувај, можно е после одеднаш да изгубиш многу. Само не се откажувај, и не прави прекршоци
Незнам... Дај Боже да сте во право, стојам на тоа дека ќе продолжам до 21ви и потоа постам една недела и ако не бидне ништо, незнам што ќе правам, само првата недела - 1кг и толку... Многу се разочарав уф
Јас стагнирав околу 20 дена и наеднаш изгубив 3-4 кг Знам колку си разочарана верувај ама не прави грешки ќе намалиш ќе видиш