Имав само некој ситни грешки на почетокот,ги средив Не грешам веќе,пазам ,леб ич,не вечерам после 19 часот Поминаа 16 дена и вагата исто покажа...Не ми се веруваше
Втор ден одлично поминат. д:јаболка р:леќа со една кришка леб и кисели краставички в:половина од ручекот
Петти ден. доручек: јаболка ручек: јајце, 1 кришка леб, зелка салата и сирење вечера: исто од ручекот Иии на голем одмор изедов 3 „Кики“ карамели Ако правам грешки ВЕ МОЛАМ опоменете ме
Одлично поминати првите 2 дена и третиот ден со поручек... За ручек планирам макарони со кечап, само да прашам дали може и малце мајонез? Дали може да се јадат кисели краставички и феферончина, бидејќи мислам дека имаат шеќер па затоа прашувам? Искусните што ја држеле диетата, да прашам дали има некој што не го држел водениот ден и какви биле резултатите ?
Мајонез додека си на диета заборави, тој никаде не спаѓа, тој не треба и без диета да се јаде а камоли во диета.
Јади си слободно туршија, шеќерот што се става во туршијата не е толку страшно. Водениот ден ако се држи нормално дека ќе има повеќе резултати.
Devojki, izvinete prvo za latinicava. Denes mi e skroben den, na golem odmor izedov polovina paketche krikeri so kompirovo brashno. Napraviv golema greshka? :/
Па не, скроб е, само не треба да јадеш грицки, во принцип најубаво би било да се држиш до овошјето насабајле па макар ако треба и повеќе овошје да изедеш. Јас би јадела на пример банана плус овошје, бананата нека ти стои во ташна за кога ќе те фати криза, а другото овошје изеди го наутро. Јас јадам овошје кај 9, обично портокали или киви, потоа ручам кај 12-13ч она што ми е со денот, денес јадев јајца, кога ми е скроб јадам варени компири или пченка, во ЈХ ден некое тестенце, ѓеврече, па некогаш и нешто слатко каснувам, ама јас не ја држам многу строго диетата, затоа што имам план да ја држам цела година со Одржување и со овошје за доручек уште 3 месеци.
Во врска што пишува за витамините да се земаат... Дали може да правам сок од чисто овошје во Power Juicer ??
2 ден но денеска ми дојде па како ќе ја издржувам диетава незнам... П: јаболка Р: леќа и салата В: салата
Хахахаха. Леле и јас сум во пмс Не влагај таму, што бараш? Хахахаха ми се пријаде само што помислив што може да видам таму Ах... Ајде на спиење Утре скробен Сега ми се јаде ми се плаче
Вчера 4 ден (овошен) - успешен. Чаша лимон со 1 лажица ѓумбир Кафе 1 јаболко Овошна салата од 1 банана, 1 портокал, 1 јаболко, 3 киви 1 портокал 1 банана Кафе 1 шака индиски оревчиња Компот од вишни
Ќути со јадењево, па и на лева нога некако станав, и еве сега појадувам ананас. Овошен ден, некој ќе настрада, осеќам. Факт е дека откако престанав со вежбање, стагнирам и со килажа, а вака губам некој сантим, се танчам, според публиката и редовните гледачи. Факт број два, ме мрзи да го подигнам газот моментално, да си признаам вака јавно, може ќе се подобри работата. Факт број три, имам проблем со виното, сигурна сум дека и тоа е виновно за моето неслабеење. И така, одам сега да ја правам мојата омилена физичка активност, да одам по кафиња и по пабови.......
Ајде малку мотивација до сите диеталки Завчера ми беше последниот, 90ти ден од диетата. Можам само да кажам дека упорноста се исплати. Само придржувајте се најмногу што можете до правилата, и не си правете модификации како што ви одговара и резултати мора да има. Нормално и дека понекад ќе потклекнете, ќе направите прекршок, ама не дозволувајте тоа да ви стане навика. Спојлер: резултати Со лесно