После пораѓај имам вишок килца на мене. Ако не се намалат додека доиме, би сакала после тоа да држам некоја диета. До сега не сум имала никогаш проблем со кг па затоа и не знам баш за диети. Прочитав за УН диетата и искрено на толку јадење се прашувам дали стварно има резултати како што е наведено. Ми е страв да не покачам уште повеќе кила со оваа диета??? Јас јадам многу помалку одколку што е наведено во диетата и сепак не можам да ослабнам????
Не се плаши нема да се здебелиш иако личи чудно, целата финта е во тоа да не се мешаат јаглехидрати со протеини и скроб. Кога ги јадеме помешани тогаш всушност настанува дебелеењето. Плус го имаш овошниот ден за чистење на телото. Затоа е и толку долга, станува збор повеќе за начин на исхрана отколку за диета
Денес ми беше 15ти ден и бидејќи завчера изедов едно парче торта си реков за денес само на овошје да сум,издржав..но јадев и кикирики и бадеми ако ли? ... малце ме мачи тоа иначе си пијам и по едно нескафе во денот и се тешам со тоа што боље нескафе отколку по три кришки леб и нездрава храна како порано,денес за жал не вежбав но се движев и на 12 ден се мерев бев ослабната 4 ипол кила,а сеа деновиве стојам во место......оф,само да не изгубам желба....
Не е страшно, јаткастите плодови се полни со здрави масти само не треба да се претерува, а за кафето пробај да почнеш да го пиеш без шеќер и млеко и набрзо и поубаво ќе ти биде така Инаку ти имаш супер напредок не се откажувај во никој случај
@Yeeah во овошниот ден можеш да си грицкаш семки и сончоглед до не повеќе од 50гр и да не бидат солени и јаткасти плодови можеш исто не повеќе од 50гр. Мислам дека полесно ќе ти биде пола ен да јадеш овошје и доколку си гледна навечер прави си некоја салата сигурно знаеш дека овојше баш и не е добро да се јаде навечер. Во врска со кафето пробај да го пиеш несот само со вода или пак турско вари си
Јатки може да се јадат до 60 грама во денот, но јас јадам повеќе, многу повеќе. Има на ФБ една група кај што се споделуваат рецепти, во спојлер ќе ви пратам линк, има доста рецепти. Девојката што постира навистина е подкована за диетава. А несот, немој во овошен ден да го пиеш со млеко, тоа ти е исто ко да си изела 3 кришки леб верувај. Нескафето е се освен кафе, во кесичка 3во1 има само 7% кафе, се друго е засладувачи, згуснувачи, прашоци кои ич не ви требаат, а и обичното нескафе не е баш најквалитетно кафе, затоа златно турско бре брате Спојлер https://www.facebook.com/groups/1483069961974493/?ref=bookmarks
Познавам мајка доилка која ја држеше диетава само без овошниот, значи ги повторуваше 3те дена и ослабе многу, 20тина кила, најважно е да не се мешаат намирници, тоа е нешто што е најважно во принципите на исхрана, не само во една диета туку и во начинот на исхрана во животот.
@AngelOfArh и мене повеќе ми личи на здрав начин на исхрана одколку на диета. Јас искрено толку количински колку што пишува во диетата немам јадено никогаш..3 јајца за оброк или 500 грама месо на ден но сепак ми е страв да не ми се намали млекото. Е почекам уште малку
Верувај нема да ти се намали млекото, млекото од храна не се прави, мислам јасно ти е тоа. Ти самата викаш, реално не јадеш толку многу, а пак не намалуваш. Пробај ден, два, одма ќе видиш, ако не ти иде ќе се вратиш на старо
Кога ке се решам е мора да иде, не се откажувам.. добро без водениот ден.. И онака имам вишок 9 кг. Малку ми се нејасни некои работи. Ај те молам ако може кажи ми каква супа можеме да јадеме? ЈАс обично варам со пилешко батаче или мевце едно парче. А тој ден е забрането протеини така? КАко би ја направила супата? - салата само зелена или може и домати, роквици? -грав, грашак дали може со морковче да го сварам и дали може без зашршка малку само да ставам црвен пипер, за боја? -пицата со што се прави? - печурки кој ден смеам, протеински??
Супа можеш во протеински ден да ја јадеш со мевце, во скробен немаш потреба, направи си манџиче. Салата можеш секаква, каква сакаш, но да немаш во неа пченка или грашок, нормално свежа салата. Манџиче можеш какво сакаш, грашок, грав, компир... Но без мевце и со запршка без брашно, јас додавам во варењето лажиче пиперка црвена. Пица правам со печурки, маслинки, кисели краставички, кромид.... Печурките ги јадам скоро секој ден, и во протеини ги комбинирам и во скроб и во јх.
25 ден. -5кг Денес протеински ми е..Цел ден бев излезена од дома.Утрото јадев една мадарина.За ручек на училиште па пијав 250 мл.баланс + и сега си дојдов од училиште планирав таратур салата и потпечени печурки (јадев од тоа),но татко ми направил кременадли па скупнав малце од мевцето...... Не ви пишувам секој ден од причина што немам време,но ве читкам да знаете Утре за ручек најверојатно гравче и салата од краставици.. Поздрав девојки,
а со колку почна? печурки може кога сакаш Девоки ја почнав диетава пред месец, до сега -3кг со мнооооогу грешки ....родендени,кафани и најважно јадење над дозволеното! Сега вториов месец ќе се стегнам повеќе Кога се сака се може. Поздрав и без откажување
Денес јх доручек јаболко ручек компир луѓе мој ааа и тоа пире без леб, вечера кремпита Утре овошен и од задутре ветувам дека ќе се држам до правилникот!!!
Jas sum eden ciklus pred tebe,i so kg isto imame namaleno... Dobro e imam drugarce na skoro ist level. So lesno
Денес ми е скробен ден и се мислам што да јадам,неможам да се одлучам.. Иначе малце ќе бидам оф топик...Мојата вага е ненормална xD Ја ставам на паркет ми покажува 85,ја ставам на тепих ми покажува 80,како и да ја ставам се различно ми покажува хаха,бедови Се мерев во обем уште првиот ден и денес видов -9 cm во обем кај стомакот,најдобро е веќе вагата да не ја пипкам,како да се измерам цела во обем? нека ми објасни некој...
Вагата секогаш ставај ја таму кај што си ја ставила првиот пат, ако било на паркет нека биде и сега на паркет. А во обем најчесто се мери околу пупакот, колковите и градите, нормално ако сакаш и раце и нозе мериш бут и надлактица А да, и секогаш мери се во исто време, ако било сабајле нека биде пак насабајле и приближно со исто облека, и не е лошо да те слика некој. Јас викендов ќе се сликам, во едни хеланки за вежбање и маица тесни, за да се види колку сум напреднала.
Заедно можеме повеќе Иначе сакам да ве прашам за водниот ден,ми се паѓа во понеделник па се двоумам дали да го држам,цел ден ќе бидам на училиште и незнам дали ќе можам да издржам...Вие држите воден? И претходно многу пати сум ја држела диетава,и од шо не бев упорна се откажував до 15 ден,и до воден никогаш немам стигнато Сега имам јака воља,ова ми е прв пат толку време да издржам,но едноставно неможам да се откажам... Матура иде,треба да се средиме малце Сега нека се подзатопли уште малце временцево,и да бидам прва смена планирам да почнам да трчам.. Со лесно девојки