оф денеска ЈХ ден пиев нескафе, за ручек макарони и салата....ама сеа му се нацепив 3 палачинки со крем
Јас веќе сум на оваа диета 9-ти ден, меѓутоа ја згрешив едно 100 пати Морам да ја фатам работава сериозно Немам многу за симнување, 5 килограми се во прашање, но најтешките 5 килограми. Во последниве 2 години имам симнато 10 килограми, полека но сигурно од 65 се спуштив на 55, а за мојата висина од 1,57 морам уште тие 5 килограми...некој ќе рече дека претерувам и но огледалото ми кажува дека бутчињата се уште дебелки Поддршка и од мене до сите убави женички, тие што се упорни верувам дека ќе успеат!
И само уште нешто, мојата сестра ја држи оваа диета веќе 20 дена и има -4 кг. Кога гледа дека слабее здраво, е се помотивирана и цврсто решена да ги постигне резултатите што ги посакува
@mimi rimi факт е дека претходниот пат побргу намалив, повеќе не знам затоа што уште не сум ја завршила диетата ама се држев стрикно, но овој пат слабеам со ќеиф, натенане, не набрзина и да спласнам после со ентузијазмот. И не, не се држам строго, но јас планирам да бидам на овој режим подолго време, едно 9 месеци ќе ме фати сигурно, затоа и не се устручавам толку многу и си правам мали но корисни модификации. Држ се до диетата и јади се како што е предвидено, ќе видиш дека повеќе ефект ќе има така
какви мали но корисни модификации правиш сигурно се ок бидејќи имаш доста ослабнато така?колку во кг? дај просветли не и мотивирај не! pleaseeeeeeeeeeeee
Имам ослабено 2 конфекциски броја, денес заборавив да си понесам каиш па цело време кревам нагоре фармерки, буквално паѓаат до под газ, ама во брзање сабајле, и дека ненавикната да ставам каиш, не земав Па модификации од типот јадам малку повеќе, овошје наутро јадам по 3-4, никогаш не сум јадела 2 овошки. Навечер исто ако ми се пријаде јадам овошје, портокали најчесто, киви, било што само да е овошје. Не пазам тоа што јадам за ручек да биде и за вечера, мешам, дури и во оброците мешам, вчера на пример јадев сендвич со јајце, кашкавал и малце варено пилешко, карамкаша. Ако ми се пријаде си каснувам по малку, кога ќе ме фати ептен криза знам и благо да си каснам, дури и некогаш кога одам на роденден пак си каснувам торта и да не ми е ЈХ ден. За големи празници правам и утки во цели денови, на пример на прочка се измешав. На овошен ден знам да си каснам малце ајварче со маслинки, шопска со сиренце... Но не ме глејте вие мене, јас вежбам 5 пати неделно по 2 саати, немој некој по мене да се раководи, да рече после Ангел рече а ја не слабеам. И мора, мора многу вода да се пие. Е така, видете сега како ви одговара
Знам дека секој организам е различен но еве отприлика колку се слабее со диетава за 2 месеци, 60 дена, а притоа да се има повеќе кг за симнување и строго да се држи до диетава?
фала ти ангел ама кај тебе не е до режимот туку ти резултати имаш од голема мотивација и од одлучноста на промена! баш супер а и од вежбањето е, кај мене е проблем што сум постојано дома врзана за бебчето и колку и да не седнувам не е тоа тоа-најбитна е мотивација и двежење
За ручек изедов 2 тањира макарони и изедов 2 пакетчиња пуканки ама мали од 5 денари и два флипса исто мали од 5 денари и плус 6 тутку,1 штангла чоколадо за готвење и 3 или 4 ресани.Инаку на јаглерохидратен ден сум.Дали поргешив со конзумирањето?
Девојкиииии,иако за 30 дена симнав само 4 кг јас сум задоволна Почнав со 64,денес се мерев 60,тоа и ми беше целта да се откачам од овие 4кг Е сега ќе мора да се одржавам,да доручкувам овошје,да не вечерам,да си ручам што има дома ,да избегавам леб,благо и газирано Јас се одјавувам од темава и ви посакувам добри резултати
Девојки дали за време на диетата како засладувач на кафе , чај користите натрен бидејки јас неможам да си го замислам денот без кафе ама без шеќер неможам да го пијам :\
38/90. Tesko mi e. Mi se jade testo,mi se jade blago koga ne treba. Imam rezultati,-5 ili -7(ne znam so kolku pocnav) Samo rezultatot me odrzuva i me turka. :/
Еве јас ќе ти кажам, ако е само за ручек се ова многу е,треба да јадеш, што за ручек тоа за вечера во помали количини и што помалку да мешаш храна