Не да е многу, премногу е, пуканки ќе јадеш во скробен ден, не во ЈХ ден. Штангла чоколадо е цело чоколадо или ред? Скрати на еден тањир макарони, без флипсови и без пуканки во овој ден, а пуканките исклучиво сама да си ги правиш, не да ги купуваш, тие се масни и солени. Благото само за време на вечера, и скрати малку.
Извинете само сакам да Ве прашам колку сте високи ..ја сам 4 кг за симнување но јадам помалку од се ова па јас мислам кога би ја држела би се здебелила ја сум 154см и 50кг ? Ви благодарам однапред
А зошто да слабееш ти на оваа килажа? Супер си, воопшто не треба да слабееш. УН не е за слабеење 3-4-5 килца, оваа диета е за да ослабеш повеќе од 10 килограми. Само ќе се мачиш. А не се јаде се што е наведено во диетата, одбираш што ќе јадеш, дали месо, или јајца, или млечни производи. Но немој да се мачиш за 4 килца, подобро почни да вежбаш па ќе намалиш
Можи ли наутро да јадам по една лажичка мед со семе од коприва,мелени бадеми и лимон и по една чаша си правам вода со цеден лимон?Ова препорачано ми е од доктор поради тоа што ми е слаба крвта..
Ете јас ја држев 30дена и ослабев 4-5 кг, не се здебелив Леб ќе избегаваш и ќе се придржуваш до програмата Јас до пред две ипол недели кукав дека не сум симнала ни кг, авчера истата вага покажа - 4 Еве денес ручав ориз без леб, за вечера исто, вчера грав со кришка лев а за вечера јаболко И така си правам сама шема
Дали е дозволено 2-3 лажички мед дневно со оглед на тоа дека вечерата ми е скратена не јадам вечера а исто така и благо во 3тиот ден. Моменално ми е 18 ден диетава воопшто не е тешка само уште медот да го отргнам.
Зошто ти е скратена вечерата ? И зошто не јадеш благо ? Пишав и погоре дека не треба да се менува редоследот и треба да се тера така како што е .
Колку килограми намаливте со кршење на диетава? мене претешка ми е а 4 ден ми е.Незнам што ќе правам.
цуциња абе качамак може ли некој ден да се кусне, и у кој ден ако може.Ја многу го сакам почнав да си го сонувам веќе, ми фали тоа јадење
Ќе идеш даље, се поупорно и поупорно и НЕМА да се ОТКАЖУВАШ. Избриши го твој збор не можам од речник. Тешко е да, првиот и вториот овошен ден сакав да заплачам од мака и глад. И нормално, не можам јас, ја прекинувам, па не сум толку дебела бе што.... бла бла муабети. Мене мајка ми ме убеди т.е ме утепа со една реченица. Ако не можеш и една диета да издржиш што си дала збор дека ќе ја држиш, се гледа каков карактер си и колку си истрајна, така мислиш утре како ќе ти биле на полето кариера и работа, ништо од тебе. Ме утепа. И издржав, после песна лета ми беше што би рекле. Ајде малку поживо и со поголема самодоверба. Можеш. Еве и јас ја чекам мајка ми да си дојде од пат и си напраивме пакт дека почнуваме заедно, од утре. Протеински ден значи можам да јадам месо т.е да идам во кафанче Ќе плеснам едно стекче на скара и салатичка, и тамн за вечера уште пола стекче у друга кафана Ги обожавам протеински и скробен ден, имам толку многу идеи и рецепти, ухууу. Овој пат ќе пробам 90 дена, или што е можно подолго.
Ден 1 Протеински Појадок два средни портокали, кафе, ручек 10ка со кромид на скара, вечера 5 ќебапи и исто многу кромид. Ќебапите на скара. Пола телешко-пола свинско. Си обожавам месо, што да кажам не сум ич гладна. Се чека само овошен ден, вече се снабдив со авокадо, банани, и за сваки случај краставица и марула. Пак ќе има плачки у понеделник знам. Ама на тоа требаше да мислам кога љокав пивце и чискејкови ко луда. Поздрав жени, од денес често ќе ви досаѓам.
@Hipster досадувај со подолги постови тоа е мотивација плус а и заедно сме посилни нели ?! Јас денеска овошен -зеленчуков оментално јадам марула салата со краставица и морков досега изедов една помала банана 1јаболка кикирики околу 50гр .... ќе смачкам и една кива кај и да е
И јас почнав од денес. 1 ден, протеински Појадок една банана, ручек парче леб, две мали парченца (му доага како едно) варен стек, зелка салата, а вечера мало парче (многу мало) варен стек и пак зелка салата.
Денес претерав со јадење.На протеински ден сум и све јадев нормално и вечера и ручек 3 парчиња месо(средни) и динстани и многу салата.Но што ми текна.....Излегов со друштво и изедов 2 топки сладолед од Палма и едно мало колаче.Како ова да го истрошам од телото?Како да дојдам пак во континуитет?