Едноставно Продолжи утре со скробен ден а во јх ден казни си се самата и касни сосема малку благо. Таквите излегувања со друштво по кафичи кафани мене ми се + предизвик затоа што дома се враќам уште посреќна бидејќи не паѓам во искушение и гледам да не погрешам свесно
Варен компир + подварена брокула салата (оваа мене ми е омилено) Ориз со зеленчук (тиквичка+кромид+пиперка...) Спанаќ со ориз Компир потпечен со печурки и морков Вариво зелка + ориз Се надевам ти дадов некоја идеа
Женски, денес и јас славам петти ден од диетава, односно протеински, денес имав риба со салата (користам во неа и повеќе ленено семе, непечен сончоглед, читав дека имало ефект за намалување на целулит). Вчера, овошниот ден и немаше да биде толку лош ако во канцеларија не се донесеа 4 фамилијарни пици по повод роденденот на колегата. Но, некако се охрабрив и издржав, така да денес, и рибата и салатата ми беа премногу, од мала количина на храна и за ручекот и за вечерата се чувствував прејадено. Се надевам дека така ќе биде и од утре и успешно ќе ги ослабнам дебелките гумички за пливање на мене. Посакувам успех на сите !
Јас не ја држам диетата, се извинувам ако се мешам таму каде што не треба. Сакам да кажам. Со овој режим почнете и да вежбате. Сечии граници се различни, но секој може да направи едно плус над границата. Не само што не мотивира дополнително, туку и ќе го извади максимумот од нашето тело кој ќе ни донесе виден резултат во огледалото Кога мислите дека не може да издржите повеќе, направете уште едно плус!
@zeka може ли да дадеш некои вежби за почетници ако знаеш јас мотивирана сум ептен па сакам и низ дома да вежбам Веќе почнав со пешачење
Форумџики јас имам едно друго прашање.. колку може ПМС да влијае врз килажата.. значи еве се нервирам бидејки пазам што јадам и никако не намалувам, а треба за некој ден да ми дојде.. осеќам подуваност и болка во градите и стомакот, ама дали стварно тоа може да делува врз тежината? Благодарам однапред за одговорот
Јас неколку месеци само пешачев. Затоа неможам ништо да препорачам.Времето се затоплува и ќе имаш одлични услови за остварување на таа цел. На почеток само пешачи, брзо, побрзо па најбрзо што можеш. И постојано зголемувај со километража. Нпр. денес ако испешачиш 4 км, утре 4,5 км Додека набиеш кондиција. Потоа ти следуваат и предизвици за џогирање. Секоја ден ќе бидеш се подобра и подобра После неколку месеци си купив орбитрек, степер и тегови. Па на тоа се определив. Може.
Втор скробен ден, појадок едно јаболко, ручек тенко парче леб со ајварче и компир салата, а за вечера само компир салата. Можеби грешам што јадам и тоа и тоа и можеби е премногу, ама поинаку не можам, што помалце јадам и построго побрзо ќе се откажам бидејки гладна не можам да седам, еве поискусните нека ми кажат дали за денес тоа е премногу.
1. За појадок практикувај по 2 овошки да јадеш една е веќе премалку. 2. Не треба да мешаш продукти. Или само ајварче со леб или само компир салата со леб. Не треба да мешаш
Zeka знам дека не треба да се меша, ама ете не можам. полошо ќе направам после ќе земам да јадам и што треба и што не треба. За 3 месеци и само 5 кг да симнам би била задоволна, битно ми е да мрднам од место и не се брзам, ако треба за една година ќе ги симнам овие 20 кг. Полека но сигурно. А за појадокот од утре ќе јадам по две овошки.
Eve kako od 21.02 stagniram so kilazata od 9 ne sum mrdnala dali deka brgu simnav ama nema veze tera. Daje
да ве прашам дали ја држевте диета бидејќи ја сум 154цм 50кг дали ќе има ефект да ослабнам 3 кг со оваа бидејќи мислам дека ќе с епоправам со ова ...бидејќи повеќе време сум на сирова храна ?фала однпаред
Мора да се јаде се стирктно како од ручек така истото јадење и за вечера? Или пак може на пр.грашок со салата за ручек а за вечера компири со некое ќуфте?
Мала забелешка, печурки во протеински ден само, јас ги јадам обавезно во прилог со било кое месо. Ден 2, скробен 2 портокали, Копири со пиперки, морков, домат и кромид потпечени во рерна, со бибер и чили зачинето и масло. Без салата зашто имаше многу голема чинија, и доста ми остана и за вечера. Само се трујам со цедевити, знам дека не чинат али... Е сега јадев едно парче леб, не знам зашто ама јадев. Обично избегнувам ама ете денес потпаднав. Али се мислам дека едно парче и беше дозволено, ако грешам крв да ми се стори што да кажам